Најперспективен факултет

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Правниот и политичките науки, тоа се професии кои според мене имаат доста добри плати и скоро секој може да се запосли на работа или пак доколку е на правни науки да си отвори сопсвена фирма и да зима поголема плата :)
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Правниот и политичките науки, тоа се професии кои според мене имаат доста добри плати и скоро секој може да се запосли на работа или пак доколку е на правни науки да си отвори сопсвена фирма и да зима поголема плата :)


Сигурна си? Знаеш колку правници има шо чекаат работа? Знаеш ли пак колку време ќе ти треба од кога ќе го завршиш петгодишниот правен факултет да најдеш работа? Дипломирани правници и економисти посебно, со лопати и лопати да ги ринеш нема да ги изринеш.

Еден од најперспективните според мене информатика, едни од најбараните се програмерите. Перспективен исто е и медицинскиот, градежниот. Сите оние професии кои се во дефицит.
Презаситени сме од јазичари, преведувачи, економисти, правници. Државата секако има потреба од истите, ама се немаат услови за работа за сите. Со ова може да се порвзе законот за опаѓачки приноси, економистите ќе ме сфатат. :)

Меѓу тоа, погоре набројаните факти не треба да бидат причина за нечие променето мислење. Секој треба да го студира тоа што го сака. Така се постигнуваат најдобри резултати :)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Јас мислам дека во секое време има работа за доктор и наставник/професор а и за економист-сам ќе си почне бизнис.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Медицински и електро ... Али додека владее партиска книшка шо и да завршиш ке имаш работа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Ниту еден факултет не ти е перспективен ако си дибек роден (како голем број од нашите дипломирани особи) и ако сметаш
дека треба да седиш дома и да “чекаш“ да те вработат.
Ако си квалитетен, секој факултет ти е перспективен, ама ќе треба добро да си го испотиш газето пред да почнеш да
заработуваш онолку колку што си замислил пред да се вработиш.
Во поглед на работни позиции, факт е дека економисти и правници има најмногу (особено се накотија со приватниве факултети) и тешко е на нашиов пазар на труд. Јас смета дека информатичарите имаат најголема перспектива - и да не најдат работа во земјава, од тука можат да работат на проекти за странство (нормално како евтина работна рака, но за почеток доволно за убав живот кај нас).
Архитектура и градежен се исто така квалитетни факултети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and ГоспоТ