Најдобриот натпревар што сте го гледале

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ми тргна со темиве во подфорумов :). Не најдов ваква тема а бидејќи знам дека сите пратиме спорт и сигурно има некој натпревар што ви останал во сеќавање решив да ја отворам темава, па да споделиме некое мислење за разни натпревари. :)

Значи не е битен спортот, битен е натпреварот што сте го гледале. Пишете зашто ви е тој натпревар најдобар што сте го гледале, по што ќе го памтите и мал опис на натпреварот, да не бидат 2 збора само. Може и да пишете за повеќе натпревари, ако имате повеќе од еден што ви е омилен.

Ај јас ќе пишам за мене прво па после продолжете. Јас од скоро 13 години гледање секаков спорт имам многу за пишување, ама сега ќе пишам за еден натпревар па понатаму за другите. :)

Долго време се зборуваше за натпреваров, кој важи за еден од најдобрите. Пресврти, многу шанси, продолженија, пенали, некои што пратат спорт подолго време веќе знаат за кој станува збор. Тоа е финалето од Лигата на Шампиони во 2005, Ливерпул - Милан.

После овој натпревар почнав да навивам за Ливерпул. Кога почна натпреварот не навивав за никој, Милан ми се гледаше како подобар тим а и Ливерпул имаа добри играчи тогаш.

Милан беше подобар во првиот дел, раниот гол на Малдини му донесе водство на Милан од 1:0, после уште 2 гола на Креспо, и Милан на полувреме водеше со 3:0. Во второто полувреме почнува она по кое ќе остане запаметен натпреваров. Гол на Џерард за 3:1, Шмицер потоа намалува на 3:2 и Ливерпул се враќа во игра. Пенал за Ливерпул, и Алонсо погодува и резултатот е сега 3:3. Навивачите на Милан веќе почнаа да слават после тие 3 гола, а кога Алонсо го постигна голот се слушаа само Англичаните.

Во продолженијата резултатот остана ист, иако малце фалеше Шевченко да му донесе титула на Милан но ја погоди стативата. Почнаа и пеналите, Ливерпул имаше шанса да освои титула која ќе беше повеќе од заслужена. Сигурни изведувачи на пеналите и од двата тима се до моментот кога Шевченко беше следен изведувач, слабо изведен пенал и одбрана на Дудек. Ливерпул направи целосен пресврт, и од 3:0 успеа да го израмни резултатот и на пенали да ја освои титулата. Дефинитивно еден од натпреварите што нема да ги заборавам. :)

Толку од мене, продолжете вие. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
'98 Франција - Бразил, финале на светско првенство. Кариоките влегоа како фаворити со искусен тим кој доживеа еден пораз во групата (од Норвешка кога Торе Андре Фло беше во топ форма) и речиси без мака стигна до финалето. За разлика од нив Франција помина со 3 победи во групната фаза, но потоа следеа исцрпувачки натпревари против Парагвај (златен гол), па потоа се враќаа од мртвите против Италија на пенали и на крај Хрватите кои што за влакно не се изборија за продолженија откако Давор Шукер промаши за влакно.

Прво полувреме напнато до коска. Не очекував многу од французите иако навивав за нив, плус Анри не беше во стартната формација :/ Некаде после половина час од корнер Зидан ја надрипа релативно ниската одбрана на Бразил и со остар удар го реши Тафарел. Последните мигови од полувремето иста ситуација само од другата страна, повторно Зидан со сличен удар им зададе болки на фаворитите. Второ полувреме беше критично за Франција. Направија две измени за 15тина минути но веднаш после втората измена Десаји доби втор жолт картон и Франција остана со играч помалку. Роналдо имаше шанса 1 на 1 со Бартез, но Бартез успеа да го сочува голот. Во судиското продолжение французите преку Емануел Пети ги поставија конечните 3-0.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Altaïr

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
фудбал | Германија 7-1 Бразил едноставно уживав во петардата шо му ја приреди Германија на домаќините. Исто така најдобар натпревар ми беше финалето на ЛШ коа играја Челзи и Баерн и кога Челзи тепа на пенали тој натпревар ми беше еден од најдобрите што сум ги гледал и нормално за еден навивач на еден клуб е најдобро ко ќе виде дека го кренал пехарот од ЛШ за прв пат :D
ракомет | Македонија 32-33 најтешкиот белег што останал на македонскиот машки ракомет кога водиш со 6,7 разлика на полувреме и во последните секунди го губиш мечот и сфаќаш дека само заради нив не си во најдобрите 4. Тогаш така останаф 5мин гледав во тв со неверување и те како ќе го памтам мечот. Исто така ќе ги памтам победите на Металург над Барса и ПСЖ и нерешениот исход На Вардар со нив :D А да и на женскиот ракомет морам да ги спомнам ЖРК Вардар СЦБТ - Будуќност кога загубивме несреќно и нормално 2002 КОМЕТАЛ Ѓ.П. Шампион на Европа, а кога е во прашање овој спорт тогаш шампион на светот.
кошарка | Па секако секој натпревар на Македонија на Еуробаскетот во Литванија 2011. Нормално најслатка и најубедлива беше средбата со Литванците од таа средба се најдовме во најдобрите 4. И секако слатка беше победата над Атињаните 72:58, убаво беше јужнососедците да ги гледаме на колена :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alliiccee and Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Селтик - Јувентус 4-3 ЛШ, групна фаза

Неколку пресврти, јаки голови и легендарното дуо Сатон-Ларсон во акција. Како и обично, Селтик функционира против појаки екипи само на крилата на публиката (понекогаш и тоа не помага) ама во овој случај и тоа како помогнало. Четвртиот гол на Селтик (Сатон) е ненормален.

Селтик - Ренџерс 6-2, Скотиш ПЛ

Некои би рекле најголемото ривалство во светот на фудбалот, сега веќе покојниот клуб Ренџерс изгазен, осум гола и мноооооогу шанси. Времето на Мартин О`Нил.

Ливерпул - Алавес 5-4 ЛЕ финале :frantic


Коју поруку послати, иако ЛЕ не е ЛШ сепак овој меч е финале и нешто кое не може да се опише со зборови, а бидејќи оние 3-3 со Милан се веќе опишани погоре, најарно да си го ѕирните видеото.

После овој натпревар почнав да навивам за Ливерпул. Кога почна натпреварот не навивав за никој, Милан ми се гледаше како подобар тим а и Ливерпул имаа добри играчи тогаш.

Не само ти, многу фанови на Ливерпул изникнаа после настанот во Стамбол. Она што е финалето во 2005 за регрутација на фанови на Ливерпул е исто како и доаѓањето на Абрамович во Челзи :zelen

Има многу јаки утакмици, пред неколку години Мидлзбро го тепа Манчестер Сити со 8-1 :rofl:rofl(facepalm) кој би можел тогаш да изигрува пророк...
М.Јунајтед-Ливерпул 1-4 (со Торез), Бајерн-М.Јунајтед 1-2 (Шерингем), М.Јунајтед-Арсенал 8-2, Челзи-Арсенал 3-5, Тотенхем има играно јаки мечеви etc.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Altaïr

fighter

Староседелец
22 февруари 2012
26
27
613
Дефинитивно една од најдобрите утакмици у смисла на неизвесност и голови
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

fighter

Староседелец
22 февруари 2012
26
27
613
Која е утакмицава?
Зашто е неизвесна?
Колку голови имало?
Немој вака жити се, пиши нешто повеќе а не вака.
Манчестер Јунајтер 4:3 Манчестер Сити. Имаше 3 гола во последните минути последниот беше во последната секунда. Сето убаво се гледа во видеото.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Манчестер Јунајтер 4:3 Манчестер Сити. Имаше 3 гола во последните минути последниот беше во последната секунда. Сето убаво се гледа во видеото.
Е така пиши нешто, не мора цела утакмица да ја раскажеш. Подобро е да се прочита, за видео можам сам да си најдам и да гледам. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кристал Палас - Ливерпул 3-3 (2014)
Така фино си почнаа канибалот и друштво, лабаво 3-0 до некаде 60.минута и продолжија со напади пошто им требаше гол разлика, пехарот почна да изронува низ мерсисајдската магла и Џерард се виде себе си како го подига... And then... во последните 8 минути примија три гола и се збогуваа со надежите за титула после четврт век. Мислам дека канибалот пушти и некоја солза...а Кристал Палас даде три гола. За осум минути :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler