Начин на предавање

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Како што има тема за учениците и студентите,нека има тема и за нас професорите.Знам дека не сум само јас единствена која е професор тука,па затоа сите што сте професори тука,да разговараме за начинот на предавање колку често им даваме домашни задачи,што мора да носат на час,тестови,дополнителни часови.Јас сум професорка по англиски јазик и мојот начин е ваков: Објаснувам детално и на дански и на англиски,бидејќи во Данска живеам,знаете,па читаме текстови по пасуси и преведуваме,а новите зборови ги пишувам на табла со превод,па имаме цели часови за вежбање на граматиката,а 3 часа пред тест вежбаме и им објаснувам некои нејасни работи.А тестовите ми се трансформирање на реченици во одредено време,со дополнување,со заокружување и со дадени зборчиња за преведување.Такви тестови давам.И им давам некои наставни ливчиња кои не влегуваат во оцената,туку за да ги проверам колку учат,односно дали учат редовно или само за тест.Дали ми е добар начинот и каков е вашиот начин?
 
Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Колку што знам јас превод не се пишува на табла.
Па тоа го правам за да не прашуваат што значи ова што значи она,зашто кога не им пишував превод не памтеа,односно не запишуваа,зошто два-три пати годишно им ги земам тетратките за да ги проверам колку работат на час,кога ги прашував дали имаат непознати зборчиња,викаа дека немаат,па кога на тест им давав зборчиња за превод, не знаеја да ги преведат,а учени беа,па им реков да ми кажат како поинаку и тие ми рекле да им ги пишувам на табла со превод и јас го прифатив тоа,ама дадов услов да си ги учат редовно,зашто на тест или наставно не смее да се кажува.А им пишувам за да не лутаат на интернет како Google Translate на пример,зашто се жалеа дека не им преведува точно.А да за домашни не кажав.Секогаш им давам домашна и секој час им проверувам,зашто и тоа влијае на оцената.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Види вака, во средно ние бидејќи поголемиот дел беа послаби, професорката предложи да направиме неколку групи, балансирани. Пример 4 групи и во тие групи да има барем еден или двајца што знаат англиски. И мислам дека таквиот начин на работа, тимски, полесно е да се научи нешто отколку да го тераш некого да чита текст на англиски, па камоли да преведува.

Секако, тука зависи и пристапот на професорката, а бидејќи нашата професорка беше млада, разликата беше околу 4-5 години xD, па убаво си поминавме. :D
 
Па тогаш ќе им предложам така,зашто треба да си помагаат.Добар совет.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Па тогаш ќе им предложам така,зашто треба да си помагаат.Добар совет.

Искрено ми делуваш на добра личност и да речам... наивна. Како се снајдуваш со децата, седат мирни на час (ама искрено кажи ) и колкави се децата што му предаваш?
 
Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Искрено ми делуваш на добра личност и да речам... наивна. Како се снајдуваш со децата, седат мирни на час (ама искрено кажи ) и колкави се децата што му предаваш?
Прва и втора година средно,14-16години,седат мирни,ама кога си мислат дека им предава млада професорка мислат што сакаат можат да си прават.Еднаш фатив еден како игра со телефон.И на интернет им давам да решаваат некои вежби,а во тој случај ги фатив учениците во последна група како се допишуваат на Фејсбук.И мислат ќе им поклонувам оценки.Епа нема така,реално си оценувам.Тој што сака да си поправа го испрашувам усно,а потоа ги гледам и домашните за да видам дали можам да му поправам или не.
 
Последна промена:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Па тоа го правам за да не прашуваат што значи ова што значи она,зашто кога не им пишував превод не памтеа,односно не запишуваа,зошто два-три пати годишно им ги земам тетратките за да ги проверам колку работат на час,кога ги прашував дали имаат непознати зборчиња,викаа дека немаат,па кога на тест им давав зборчиња за превод, не знаеја да ги преведат,а учени беа,па им реков да ми кажат како поинаку и тие ми рекле да им ги пишувам на табла со превод и јас го прифатив тоа,ама дадов услов да си ги учат редовно,зашто на тест или наставно не смее да се кажува.А им пишувам за да не лутаат на интернет како Google Translate на пример,зашто се жалеа дека не им преведува точно.А да за домашни не кажав.Секогаш им давам домашна и секој час им проверувам,зашто и тоа влијае на оцената.
Нас,професорката по методика не учеше дека превод ама во никој случај не се пишува на табла,децата можат да си го пишуваат во тетратки.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Electra

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Нас професорката по методика не учеше дека превод ама во никој случај не се пишува на табла,децата можат да си го пишуваат во тетратки.
Не го ни пишуваа,два-три пати годишно им земам тетратки за да видам кој работи.Пак ќе си ја вратам старата тактика да не пишувам преводи,ама ќе ги поделам и во групи во која бездруго мора да има барем двајца кои добро го владеат материјалот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Непишано правило е дека превод не се пишува на табла, туку стриктно во тетратка сами да запишат, или уште подобар начин е странскиот т.е. англискиот (во случајов) нов збор да се објасни исто на англиски со веќе познати зборови.
Рецимо: spouse = husband/wife
Друга грешка поради која не помнат и не обрнуваат толку внимание, ти е повторување на работите и на мајчин јазик т.е. било кое повторување по два и повеќе пати ја намалува концентрацијата. Ако навикнат дека објаснуваш по повеќе пати, нема ни да се трудат да слушнат од првпат. Ако навикнале дека ќе повториш и на мајчин јазик, нема зашто да се трудат да разберат на англиски, а нема ни да имаш увид кој разбрал, а кој не.
Основни „правила“ се тоа во методиката.

Часот исто делува многу шаблонски и досаден. Дозволи си да избегнеш малку од темата. Професорот треба да е и психолог и другар, да знае кога да прекине со часот и да вдахне свежина, да врати интерес и да најде точки што ги интересираат учениците.
Најдобар начин да провериш кој колку знае, е да поттикнеш конверзација околу нешто што го интересира. Наместо ливчиња каде може да препишат, погодат на среќа и да користат мобилен, прашај нешто што ученикот го влече. Тие 5 минути муабет за омилената марка возила, омилен начин на шминкање или омилен филм/бенд, многу повеќе ќе ти кажат за нивото на вокабулар, граматика, како и брзината со која разбира и самодовербата со која склопува реченица.