Навредување

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Навредата е омаложување на личноста,потсмевање или пак само задоволување на сопственото его бидејќи не сме како личноста која ја навредуваме.
Кое е вашето мислење? Сите знаеме дека зборовите можат повеќе да не повредат отколку физичкиот удар.
Секогаш сакаме искреност но,секогаш се лутиме кога ни кажуваат во лице. Зошто е тоа така?
Некогаш од преголема љубопитност дознаваме работи кои најмногу ќе не повредат од најсаканите личности...
Дали вреди да се прости,да се продолжи понатаму?
Дали некогаш сте биле навредени?
Дали вие некогаш сте навредиле некого?

P.S. проверив и не најдов ваква тема,но ако случајно има нека се избриши.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
мммм убава тема.
Јас мислам дека не постои човек на планетава кој не навредил, и кој не бил навреден.
Јас искрено најмногу ја имам навредувано мојата мајка, неосновано и многу нечовечно, ама што е тука е нема назад.
Кога викаш дали вреди да се прости и да се продолжи понатаму мислиш на навредите? Дали да се простат?
Па види, зависи колкава е „тежината“ на навредата. Ако мене денес другар ми рече дека сакото не ми одговара со кондурите и јас се навредам, зошто да не му простам? Само кажал свое мислење.
Ама ако почне да кажува неосновани работи колку само да си ги прикрие сопствените недостатоци(што вика народот, ако зборовува за мене без да се гледа во огледало) тогаш нема што да размислувам за простување. Не сум единствен човек на планетава, може да најде друга вреќа за лечење комплекси.
Јас лично не се лутам кога ми ја кажуваат вистината во лице.
Се лутам на начинот на кој што ми ја кажуваат.
 

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Имало немало друга тема нема врска.
Иначе, Не вреди да се прости и да се продолжи понатаму во некои случаи, бидејќи тоа што се простило пак ке се пофтори, пак ке те повреди!
Навреди добиваме секој ден, веќе тоа станува секојдневие, дури и не ни ги сваќаме толку сериозно.
Сум навредил, т.е сум го навредил тој што ме навредил..како е поговорката, НЕМОЈ ДА ГО ПРАВИШ ОНА ШТО НЕСАКАШ ДА ТИ ГО ПРАВАТ или КЕ КАЖИШ ШТО КЕ САКАШ КЕ ЧУЕШ ШТО КЕ НЕКЕШ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Директно ретко(мора ептен да ми прегорат жичките,а навистина ретко се случува тоа)
да навредам некого.
Знам дека со тоа би повредила некого, а не баш сакам да нанесувам повреди.Внимавам на тоа.
Мене да.
Ме имаат навредено и со тоа повредено.
Се прашувам понекогаш зошто дозволуваме тој некој кажан збор да делува на нас?
Заклучувам дека реакцијата на таа навреда е лабилна
самодоверба.
Зборовите во вид на навреда знаат да бидат многу болни.
Простување?
Да, но до кој степен? И простувањето има свои одредени граници.И сепак формално да простиме, тие навреди остануваат меморирани во подсвеста. Не е можно да се заборават.
Би рекла оставаат лузни, кои времето не ги лечи.
Капка по капка, збор по збор,
се полни чашата.
И прекипува. После е касно.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кога некој ќе ме навреди , ќе пробам да му вратам со иста мера за да осети и сфати дека неговото однесување ме повредило или пак игнор доколу се работи за небитна личност. (зависи од ситуација)
Во случај кога јас ќе кажам нешто на лош начин а претхондо не сум размислила дека со тоа дека ќе навредам некој,ќе пробам да се извинам и да објаснам...

Нормално има навреди и понижувања кои не се простуваат или пак некои клетви страшни што вадат од такт... :frantic
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Навредата е омаложување на личноста,потсмевање или пак само задоволување на сопственото его бидејќи не сме како личноста која ја навредуваме.
Кое е вашето мислење? Сите знаеме дека зборовите
можат повеќе да не повредат отколку физичкиот удар.
Секогаш сакаме искреност но,секогаш се лутиме кога
ни кажуваат во лице.Зошто е тоа така?
Некогаш од преголема љубопитност дознаваме
работи кои најмногу ќе не повредат од најсаканите
личности...
Дали вреди да се прости,да се продолжи понатаму?
Дали некогаш сте биле навредени?
Дали вие некогаш сте навредиле некого?

P.S. проверив и не најдов ваква тема,но ако случајно има нека се избриши.
Ако од некого бараме искреност,а заради таа искреност им се налутиме,во тој случај дали има што и на кого да му простуваме?
Ако сме си самите љубопитни зошто вината пак да биде врз другите,за да има потреба од размислување околу простувањето?

За директните навреди од типит...глупав,ор****ја,проста...и слично апсолутно сум против.
За навреди на сметка на фамилијата исто сум против.
Не секој човек се навредува за истите работи.Понекогаш не сме ни свесни кога некој се навредил за некоја работа.
Но доколку некој се навреди заради одредени факти што самиот ги направил,тоа си е негов проблем.Поготово во ситуации кога упорно го негира она што постојано го прави.
Сведоци сме сите на многу ситуации кога некоја личност го негира она што го прави,а кога му се посочува она што го направил се чувствува навреден од личноста што му го посочила истото.
Од што треба да бидеме по навредени,од самите себе си или од оној што ни посочува?
Дали навредувам?
Да,признавам,имам навредено.
Сум била навредена,но кога ми ја плескаат вистината во лице тоа не го сметам за навреда.
Зборењето зад грб исто така го сметам за навреда.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Јас немам никаков проблем некој да ми каже што мисли за мене, но во суштина, не може да ме навреди било кој.
За да ме навреди некој, треба и да ми значи прво. А за да размислам дали сум погрешила, треба тој некој да има добар аргумент.
Мислам, многу се луѓето нежни. Ќе му речеш дека греши, и одма ќе се караме, тепаме, срам да ми е.
Страшна работа.

Сигурно сум навредила многу луѓе. Не се каам, ич. Затоа што сум го кажала тоа што сум го мислела, го мислам и ден денес истото, а поголема навреда од лага нема.
Ако ги боли вистината, па, нека преболат. Не можам тука да им помогнам.

Што се однесува до простување, јас не можам да бидам лута никому. Без оглед што ми направил. Можам само да не се замарам повеќе со таа личност. Но не заборавам, затоа што не сум човек кој сака да биде жртва. Не сум жртва.
Повеќе се гледам себеси како survivor, not a victim. Океј, ме згази, ме смачка, супер, сега ќе пораснам поголема и помоќна. И утре за леб да молиш ќе те оставам да патиш, и пред умирачка ќе ти дадам.

Не сум одмаздољубива од аспект да ја планирам одмаздата или да се трудам да им се одмаздам на луѓето, така ми се поклопило во животот, тие што најмногу успеале да ме повредат, сепак на крајот ме барале за битни работи.
Секако дека не сум добра душичка, па да им притрчам во помош. Малце по малце, додека не им вратам мило за драго.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Секако дека сум навредил,луѓе сме,грешиме и тоа е тоа.Доброто кај мене е тоа што сум многу добар и позитивен човек :zelen па знам да се извинам и да објаснам дека не сум мислел нешто такво.Иначе не се осмелувам на секој да му ја кажам вистината во лице,освен се разбира на пријатели и непријатели. Пријателите затоа што ми се пријатели,а за непријателите најчесто враќам удар.Не дозволувам на секој да ми трие сол над главата,освен на група луѓе кои знам што и да кажат го кажуват за мое добро и ако тоа дојде од нивна уста,размислувам за да видам дали сум згрешил некаде.Ако некој странец се обиде да ми каже што да правам или што не треба да правам,само се смешкам и чао,или враќам нешто во мој стил - сарказам.Зависи од ситуацијата и зависи дали ќе ми текне нешто бомбастично во моментот ;) Иначе простувам до огромна мера,но како што пишав и во една друга тема,кога јас ќе кажам крај,значи крај е.Нема назад.Треба многу далеку да отиде човек,за јас да почнам да го игнорирам или да го мразам.Многу често ми викат дека не знам да проценувам луѓе,дека сум добра душа и постојано простувам,а јас велам човечки е да се просте.Но кај некои луѓе злобата нема граници,и тие луѓе не заслужуваат прошка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V******

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
И сум наредила и ме навредиле.
Никогаш не упатувам погрдни зборови кон некого без разлика колку ме изнервирал и колку ми е одбивен.
Навредувам поинаку.Со зборови кои ќе заболат а нема да бидат вулгарни и прости.
Ме навредиле и мене, но она што најмногу ме погодува и повредува се навредите преку дела и гестови, кога некој зборува едно а прави друго...или ти ветува едно, па после не важи...е тоа знае да ме навреди и тоа како и таквите навреди некако потешко ги простувам, а оние вербалните со време можам да ги простам, но не и да ги заборавам...човекот може да заборави се’ освен чувствата...
Многу блиски луѓе со одредени постапки па и зборови ме навредиле, ама со време сум нашла срце да им простам...зашто сметам дека ако завршам и ако прекинам секаков контакт со секој оној кој ме навредил, што ќе испаднам тогаш јас - безгрешната?
Сите грешиме, а навредите се дел од тие грешки кои ги правиме на секој чекор, свесно или несвесно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Succubus

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Сигурна сум дека не постои човек што не бил навреден и не навредил. Лично гледам да не навредувам директно. Признавам, дека сум повредувала само индиректно, поврзано лично со мене, со некои мои постапки и недостатоци кои се рефлектирале на останатите. Не го гледам задоволството во тоа да навредиш некој. Да си ја зголемиш самодовербата? Да си го нахраниш егото или да се чувствуваш убаво? - Никако. Зборовите не можат да ме повредат. Предвидливи се. Знам која сум, што сум и како сум дошла до тоа што сум денес, па секое трето мислење кое е насочено да ме омаловажи или деградира е одраз на самата личност што го кажува тоа, не на мене. Секогаш треба да се прости и да се продолжи понатаму, нели и самите ние се променуваме секојдневно. Но не и да се заборави. Од таквите грешки се учи, па полесно може да се запримети човековиот карактер на другиот, без разлика, познаник,пријател и сл. Ако не е добар со другите, сигурно нема да е добар кон тебе. За крај, да не постојат навредите, потсмевањата и потценувањата никогаш нема да го научиме значењето на широкоградноста, комплиментите или сестраноста. Додека не почувствуваш и тоа и тоа нема да знаеш да ги распознаваш,цениш и споделуваш.