1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

М24- македонска музичка телевизија

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Marcello, 12 август 2016.

  1. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    98
    Допаѓања:
    50
    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА ПОСВЕТЕНА САМО НА ДОМАШНАТА МУЗИКА
    По стапките на соседна Бугарија, која што ја има популарната телевизија Планета, која што лансираше голем број на музички ѕвезди, и Македонија наскоро ќе добие своја национална телевизија посветена на домашната музика, која што ќе има свои ексклузивци од народната и забавната музика.

    М24 ќе започне да се емитува на почетокот на есента, а веќе се работи на опремувањето на две студиа, и тоа централното во Охрид, и уште едно во Скопје.

    Иако сеуште целата работа се држи во тајност, успеавме да дознаеме дека еден од сопствениците и уредниците на телевизијата ќе биде Ване Петкоски од Охрид, долгогодишен продуцент во австралиската ИН ТВ.

    [​IMG],,Веќе се работи на адаптирање на три студиа, опремуваме цела зграда во Охрид, со најсовремена опрема за снимање и според највисоките светски стандарди. Сопственици на телевизијата сме јас и уште двајца бизнисмени, но нивните имиња ќе ги откриеме подоцна, сега сеуште не е време за тоа. Она што е најважно во целиот овој проект е тоа што ќе им се даде медиумски простор на нашите изведувачи, нема да има ниту П од политика на нашата телевизија, само музика, наши спотови, музички емисии, забава за гледачите. Подеднакво ќе бидат застапени и фолк и поп пејачите, сите ќе имаат шанса да го покажат сработеното и нема да има простор за повеќе изговори од типот ,,Не снимаме спотови, оти телевизиите не ни ги пуштаат,,. Сигурен сум дека ќе имаме голема гледаност, а ќе понудиме и квалиетет, емисии кои што ќе се прераскажуваат, ќе се снимаат и емитуваат квалитетни спотови, ширум ќе бидат отворени вратите за соработка со сите наши уметници,, – изјави за ,,Фокус,, Петкоски. Тој додава дека е во исчекување на лиценцата за телевизијата, и се надева дека најдоцна до октомври ќе бидат завршени сите законски процедури и М24 ќе започне со работа.

    ,,Ќе ја оживееме нашата македонска музика, која што долг период беше на некој начин потценета и ставена буквално на апарати за вештачко одржување. Имаме голем број на музичари кои што тоа го заслужиле, ние сме доста музикален народ, и тој потенцијал треба да се искористи. Сега, кога охриѓани се во шок бидејќи им згасна охридското радио, со гордост им најавувам дека од Охрид ќе започне да зрачи национална телевизија која што многу ветува,, – раскажа Петкоски.

    Вики Клинчарова Фокус
     
  2. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 септември 2016
    Мислења:
    209
    Допаѓања:
    104
    ...ќе ги слушаат децата од 7 години до 14. :)
    Оживување на Македонската музика,како да не, сега сите слушаат странско. Никој не го цени она шо го имаме овдека, „пеачини“, така наречените ѕвезди од м2, сите отидоа по бродови да си печалат. Кренаа раце од Македонија.
     

Сподели: