Мудри мисли и народни поговорки

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Луѓето се како гулаби. Кога се на земја од раце ти јадат....ама штом малку полетаат знаат и да се исерат на тебе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Јована

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Да се греши е човечки, но ако се потроши гумата за бришење побрзо од моливот, значи по малку си претерал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril and 048

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Или води, или следи, или тргни се од патот.
Не брзајте! Многу убави работи им доаѓаат на оние кои знаат да чекаат.
Не можеме секогаш да имаме контрола над мислите, затоа што тие се движат со голема брзина. Но, доколку воспоставиме контрола над зборовите, тогаш многу лесно ќе започнеме да ги контролираме и мислите.
Пишувањето е завршен чин во долгиот духовен процес, собирање на расфрлените конци на мислите, и конечно, обопштување на сите податоци што го оптоваруваат умот.
Разочарувањето ги отвара очите а го затвара срцето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mspasenoski

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Универзумот работи на свој мистериозен начин.
Ние го молиме за сила, а тој ни дава тешкотии за да станеме силни .

Околу мене само луѓе и камења. Во каменот ништо човечко, во луѓето се е камено.
Од моментот кога ќе го речеш, зборот веќе не е твој.
Пријател на секого е пријател на никого.
Аmicus omnibus, amicus nemini.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Не потценувајте ги луѓето чија облека е стара и искината, погледнете во нивната душа колку е чиста и невина. Не озборувајте ги луѓето кои ве седнале на нивната трпеза доколку не е богато поставена, запазете со колку љубов е храната подготвена. Не ги вреднувајте според нивниот статус, углед, туку според достоинството и чесноста. И без оглед на тоа кој колку имаме пред Бога сме сите исти. Единствената разлика која прави да се разликуваме едени од други е добрината на нашата душа,всушност и единсвтената вредност која човекот го прави човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: turop and 4FUN