Мудри мисли и народни поговорки

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Џабе работи, џабе не седи.
Од работа никој не умрел.
Трај си синко има и полошо.
Наедната глава сабја не ја сече.
Се` што лета не се јаде.
Малку - малку, ами ич?
Детето се тепа пред да оди на вода.
Ѓаоло никогаш не спие.
Кротко јагне од две овци цица.
Високото дрво и чафките го серат.

и уште еден куп поговорки кои го слават робувањето и покорноста. И после срање... е па срање, народ кој за толку векови успеал да изнедри вакви `мудрости` нема некоја иднина...
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Палати да праиш
да живееш у изба -
од лулка до гроб
да бидеш роб.
Од вашата мака
да живеат друзи!

О, братко! Плукни на таков живот!
Со браќата твои, со маката ваша,
сронете го овој свет
и нов направете -
братски!

--- Коста Солев Рацин
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider