1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Мостови

Дискусија во форумот 'Скулптура и архитектура' започната од melpomena, 19 март 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Хусаини мостот на езерото Борит се смата за еден од најопасните мостови бидејќи е многу стар, тасен и се издига виско над езерото и му недостасуваат даски.

    opasen-most-01-500.jpg

    Опасното јаже на мостот е единствено средство за локалното население да патува во големите градови во севернит дел на Пакистан.

    opasen-most02-500.jpg opasen-most-03-500.jpg opasen-most04-500.jpg

    Ако паднеш во река ќе паднеш, ништо страшно. :rofl
     
  2. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Си бил?ИЛи сакаш да одиш да го поминеш?
    Ако сеуште не си,викни ме кога ке одиш,ке имам нешто да т кажам таму (wasntme)
     
  3. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Kakum National Park Canopy Walkway
    [​IMG]
    [​IMG]

    Inca Rope bridge ​
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Lake, Pakistan
    [​IMG]
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Тој мост сега скоро пред 3-4 години го фарбаа, а не е фарбан откога е направен.

    Не сум бил, али ако се најдам во та држава би го посетил и помнал. Не ми е страв од ништо. :rofl Чим оние индијанците го поминуваат зошто јас не.

    А што би ми кажала?


    Овој ми е омилен. ​
     
    На Aaliyah му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Помини некој ден од таму :giggle :D
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    А зошто да не? :giggle(think)
     
    На The_countess му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Отсекогаш мостовите имале посебно место во историјата. Без разлика дали симболизираат бегство кон нови граници или се неразделна врска меѓу старото и новото, овие чуда на архитектурата нема да ве остават рамнодушни.

    Секоја архитектонска изведба е уникатна по својата убавина, форма и конструкција. Погледнете го овие десет чудесни мостови, кои според изборот на Departures Magazine предизвикуваат вистинско внимание со величествениот изглед.
    1. Таур Бриџ во Лондон, Англија
    [​IMG]
    Изградбата на овој подвижен мост со должина од 83 метри започнала во 19 век, кога источниот дел на Лондон станал премногу населен. На градот му бил потребна нова структура за премин, но истата не смеела да го попречува речниот сообраќај.
    Идеално решение за тоа бил мост кој се крева и спушта. Од 50 предложени архитектонски нацрти, одбран и спроведен во дело е овој модел чија градба е завршена во 1894 година. Во тоа време, Таур Бриџ бил најголемиот и најпрефинетиот подвижен мост кој некогаш бил изграден.
    2. Голден Гејт во Сан Франциско, САД
    [​IMG]
    Неговата изградба е завршена во 1937 година и претставува најпрепознатлив симбол на Сан Франциско. Во 1975 година, магазинот Rolling Stone го стави на својата насловна страна. Во текот на годината, мостот привлекува преку 10 милиони посетители.
    Долг е 61 метар, а обоен е со карактеристична портокалова боја за да биде видлив низ маглата која постојано го прекрива градот.
    3. Понте Векио или Стариот мост во Фиренца, Италија
    [​IMG]
    Највисокиот и најстариот мост во Фиренца е изграден од камен и дрво. Поставен е над реката Арно, во нејзиниот најтесен тек. По должината на овој средновековен мост, се наоѓаат продавници кои до 16 век биле месарници. Но, војводата од Фиренца и Тоскана се пожалил од лошиот мирис и затоа месарниците биле заменети со златари кои до денес се тука.
    Во 1944 година, нацистите добиле наредба да ги срушат сите мостови во Фиренца. Но, одлучиле дека Понте Векио бил премногу убав за да биде уништен. Наместо него, ги разнеле старите градби кои се наоѓале на краевите на мостот.
    4. Мостот Кају во Исфахан, Иран
    [​IMG]
    Исфахан е еден од најстарите градови во Иран, а во светот е познат по својата елеганција. Мостот Кају на реката Зајандех е изграден во 1650 година од шахот Абас, познат градител на повеќе џамии и палати во градот.
    Мостот е познат како тајно, романтично место за криење на љубовниците од очите на јавноста. Дури и самиот шах бил толку восхитен од мостот, што побарал во внатрешноста да се изградат посебни простории за него и неговиот двор.
    5. Мостот Аламилјо во Севиља, Шпанија
    [​IMG]
    Шпанскиот архитект, Сантјаго Калатраваза го дизајнирал за Светската изложба во 1992 година, кога се прославувала 500 годишнината од патувањето на Колумбо во Америка.
    Со своите 13 кабли, мостот се протега 140 метри во висина и ги спојува стариот кварт на Севиља со островот Картух, каде Колумбо живеел додека го планирал патувањето преку Атлантикот.
    6. Мостот Бруклин во Њујорк, САД
    [​IMG]
    „Овој мост е симбол на генијалноста и виталноста на жителите на Њујорк“- кажал Ед Кок, тогашниот градоначалник на Големото Јаболко во 1982 година.
    Мостот е изграден пред 129 години од челична жица и ги поврзува Бруклин и Менхетен преку Ист Ривер. Овој висечки мост, прв од својот вид, во тоа време го симболизирал оптимизмот.
    Покрај низата трагедии кои се случиле, меѓу нив и смртта на главниот инженер и уште 26 жртви во изградбата која траела 13 години, кога во 1883 година бил отворен, се здобил со епитетот осмо, светско чудо.
    7. Мостот на воздишките во Венеција, Италија
    [​IMG]
    Според неговиот изглед во стилот на Барокот, никогаш не би помислиле дека има мрачно потекло. Изграден е во почетокот на 17 век од бел варовник, со цел да ги поврзе инквизиторите од Дуждовата палата со затворот кој се наоѓал преку реката.
    Наречен е Мостот на воздишките, бидејќи се сметало дека погледот на Венеција низ решетките на затворските прозори е последната глетка од надворешниот свет која затворениците ја имале пред својата смрт. Сепак, меѓу затворениците имало и ситни криминалци кои не биле осудени на смрт.
    Како иронија на судбината, денес мостот има посебно значење за љубовниците. Според локална легенда, ако двајца вљубени за време на самрак се бакнат на мостот, тие вечно ќе се сакаат.
    8. Мостот Ченгјанг во Санџианг, Кина
    [​IMG]
    Во провинцијата Гуангси, на југот на Кина, народот Донг изградил традиционални мостови против ветерот и дождовите. Мостовите ги спојувале селата од околината, но исто така служеле и како места за собирање на народот, каде луѓето ги разменувале идеите.
    Градбата на овој мост, изграден од дрво и камен, е завршена во 1916 година. Целиот мост е украсен со резби и слики кои се наоѓаат низ ходникот и на покривите на пет павилјони.
    9. Стариот мост во Мостар, Босна и Херцеговина
    [​IMG]
    Овој мост бил главна врска меѓу Отоманското царство и христијанскиот Запад. Оваа преубава градба ги спојува Босна и Херцеговина на културно и физичко ниво. Честопати опишуван како виножито кое се издига до Млечниот пат, мостот се протега низ Неретва веќе 400 години.
    Во 1993 година, во текот на граѓанската војна мостот бил уништен, но повторно е реконструиран. Денес, претставува симбол на мирот и соработката, но истовремено е потсетник на тоа колку лесно можат да се расипат односите меѓу луѓето.
    10. Спиралниот мост во Сингапур
    [​IMG]
    Од досега прикажаните, ова е најмладиот мост кој се наоѓа на изборот за најубави мостови во светот. Изграден е пред две години и претставува вистинско технолошко чудо. Неговата форма е во вид на двојна спирала и служи како пешачки мост кој ги поврзува сингапурската марина и одморалиштето Марина Беј Сендс.
    Навечер, мостот се трансформира во чудесна структура. Внатрешната спирала е прекриена со стакло и LED светилки. Обоените парови во црвени и зелени букви ги претставуваат четирите бази на ДНК (аденин, цитозин, гванин и тинин).



    Во Фиренца и Венеција лично сум бил и сум ги посетил мостовите. Тој во Фиренца преубав е.
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Денес мостовите, не само што го симболизираат светскиот напредок во дизајнот, туку и напредокот во технологијата.
    Следствено, архитектите и инженерите ги поврзаа дизајнот и технологијата заедно со цел да создадат мостови, кои се поголеми, подобри, и спектакуларни повеќе од кога било досега.
    Неколку од нив се едноставно зашеметувачки – вистинско чудо на класичното инженерство споено со исклучителните достигнувања на модерната техника.
    Gateshead Millennium Bridge (Велика Британија)
    [​IMG]
    Stari Most (Босна и Херцеговина)
    [​IMG]
    Rio–Antirrio Bridge (Грција)
    [​IMG]
    Red Bridge (Северна Холандија)
    [​IMG]
    Puente del Alamillo (Шпанија)
    [​IMG]
    Pont du Gard (Франција)
    [​IMG]
    Oresund Bridge (Копенхаген-Данска до Малмо-Шведска)
    [​IMG]
    New River Gorge Bridge (Западна Вирџинија)
    [​IMG]
    Природен мост
    [​IMG]
    Nanpu Bridge (Кина)
    [​IMG]
    The Millau Viaduct (Франција)
    [​IMG]
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Magdeburg Water Bridge (Германија)
    [​IMG]
    Mackinac Bridge (САД)
    [​IMG]
    Kintaikyo Bridge (Јапонија)
    [​IMG]
    Khaju Bridge (Иран)
    [​IMG]
    Kawazu (Јапонија)
    [​IMG]
    Humber Bridge (Велика Британија)
    [​IMG]
    Hangzhou Bay Bridge (Кина)
    [​IMG]
    Golden Gate Bridge (Калифорнија, САД)
    [​IMG]
    Forth Railway Bridge (Шкотска)
    [​IMG]
    Fehmarn Belt Bridge (Хамбург-Германија дo Копенхаген-Данска)
    [​IMG]
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Erasmus Bridge (Холандија)
    [​IMG]
    Donghai Bridge (Кина)
    [​IMG]
    Coronado Bridge (Калифорнија, САД)
    [​IMG]
    Confederation Bridge (Канадa)
    [​IMG]
    Iron Bridge (Велика Британија)
    [​IMG]
    Chengyang Bridge (Кина)
    [​IMG]
    Brooklyn Bridge (САД)
    [​IMG]
    Bridge of Sighs (Италија)
    [​IMG]
    The Bridge of Aspiration (Велика Британија)
    [​IMG]
    Bosphorus Bridge (Турција)
    [​IMG]
    Akashi-Kaikyō Bridge (Јапонија)
    [​IMG]
    Vasco da Gama Bridge (Португалија)
    [​IMG]
    Sundial Bridge (Калифорнија, САД)
    [​IMG]
    Tower Bridge (Велика Британија)
    [​IMG]
     

Сподели: