Моментот кога ќе се сретнете со бившата љубов

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Ме инспирираше текстов: http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i-seks/19860-koga-ke-se-sretnes-so-bivsata-ljubov

Кое е вашето мислење, дали навистина засекогаш ќе ви трепери стомакот, нозете и ќе ве напаѓаат мислите кога ќе се сретнете со личноста која премногу ви значела и ве оставила?

Верувате ли дека некои личности остануваат во нашите срца засекогаш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner and Ghtalpo

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Тогаш ти се враќаат старите спомени ти се враќа старата љубов,чувствата,измешани емоции и секакви мисли ти се вртат во глава. Моментот е толку единствен шо неможи ништо да го смени. Одеднаш ќе почувствуваш голема празнина и болките од старата љубов, особено ако таа била невозвратена или изневерена...можам вака цел ден ама доста е..:D
Exx, љубов(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Јаболче

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тогаш ти се враќаат старите спомени ти се враќа старата љубов,чувствата,измешани емоции и секакви мисли ти се вртат во глава. Моментот е толку единствен шо неможи ништо да го смени. Одеднаш ќе почувствуваш голема празнина и болките од старата љубов, особено ако таа била невозвратена или изневерена...можам вака цел ден ама доста е..:D
Exx, љубов(inlove)

Спомените да. Но љубовта?

Во случај да се имате разидено на начин без толку драма, притоа да вие да сте биле „осакатената“ личност, посекако се враќаат некои првични чувства. Сеа зависи понатаму од принципиелноста. Ако принципите ти дозволуваат да се гледаш со бившата понатака, посекако тука е и ризикот да се врати и љубовта (еднонасочна нели). Ако не си дозволуваш да се видите повторно, можно е мало емотивно ураганче, но принципите би те натерале да се вратиш во колосек.
Има ситуации каде бившите растурале и бракови, не па сериозни врски. Но тоа зависи исклучиво колку несреќникот дозволува да му влијае факторот бивши.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ја едну што мноо гу сакам мноо ву чуди пред некој дн. Не сам гу видеја ехееее
Помала од мене две године, знам исту смену идесмо, симпатична цура, интересна и сфе тој нели што ме привлачаше тк на њума...
И викам ти виде гу оди сс бебе мало и плус трудна од фторо, бебе : ) hah сс фторо де брииииј па колко раѓала и колко ке раѓа а топрф ск ву се дешаа овој, а не сам ни знаја уопште дека има мужа, изненади се
Ама никакфи пеперутке, комарци и слично не осети : ) Сакаја сам гу да, али некада дааавно што викаф
Сфе е прошло тој, ск неам никакфо чустфо, осфен фчудоневиденост : ))) кој збор еј
Не ми е више тај у срце, ха ако се сматра срце као орган куде што почиња љубаф, мое мислење е брејн
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Не, ако засакаш некој повеке од шо си го сакал бившиот. Ако ги немаш тие чувства со сегашниот и те како има трепрење коа ке го сретнеш бившиот. Сепак верувам дека со тек на време и најсилните чувства бледнеат. Сигурно нема да реагираш исто првата година од коа сте раскинале и десетата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Времето е најдобриот лек! Од оној што некогаш сме го сакале ни останува по некој спомен, можеби
сеќавање на болката (доколку сме биле оставени), но и тоа поминува..најдалечни ни стануваат токму оние
луѓе што некогаш многу ни значеле.
Љубовта ретко се враќа при повторна средба, освен ако сеуште не исчезнала, после одредено време
сфаќаш дека е бесцелно да се вратиш онаму од каде што некогаш одамна си заминал.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Ништо подобро. Ја глеаш,и више знаеш дали си решил со себе или не,и дали планираш понатака или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Обично не сум налетувал на бившите. Се бројат на прсти, јебига, три се. :)
На првата никогаш не сум налетал, со оглед дека учеше Битола, кога ќе ја видев оддалеку, знаев дека денот ќе ми биде баксуз. Директно не сум налетал на неа.
Истото важи и со втората.
Ама со Елса, тоа беше чудно. Поминавме заедно цела година, иако никој не веруваше дека би издржале и една недела, со оглед на тоа што двајцата припаѓавме на различни националности и религии.
Знам дека официјално никогаш не раскинавме, само се оддалечивме.
Едно февруарско утро во 2012та, плаќав сметка во поштата. Беше замрзнато и сите одеа ко пингвини. Ја платив сметката и излегов. Наеднаш една од минувачките до мене се слизна, и падна, ама јас рефлексно ја задржав. Кога ја видов неа, таа само се насмеа. Се поздравивме, и зедов број, и се договоривме другиот ден да одиме на кафе. Појдовме на кафе и си расправавме за годината зад нас.
Таа лани се омажи во Кичево, сега е можеби и мајка. Последен пат кога ја видов имаше стомаче.
******
Не ми замерувајте, бев трета смена, ми се скина гума и сега место да спијам пишувам тука. Накратко ко на дрога сум. :zelen
Накратко: Кога ќе налетате на личноста која во некој момент (можеби и сега) ви значела се, помислувате на убавите моменти кои сте ги имале заедно.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Искрено не сакав да коментирам на темава... Кога ке налеташ на бившата/бившиот, ако тука постоела љубов, онаа силна љубов....и тоа како ке ти се стресат нозете. Не само спомени, не само морници....се ке ти помине низ телото. За оние кои што не ја доживеале вистинската љубов и кои не знаат да сакаат некого, кои никогаш во животот не направиле нешто за некого и кои никогаш не се потрудиле и ризикувале за да бидат со некого, немаат право да коментираат воопшто. Ако во некој/а си бил заљубен/а, верувајте и после долги години, кога ке налеташ случајно на него/неа, пеперутки кои си ги имал/а некогаш, барем еднаш ке поминат низ тебе, за да те потсетат на љубовта која си ја оставил/а неповратно да замини. За оние бивши кои воопшто не ни значеле, јас не осеќам ништо, како и да завршило, мене ми е сеедно.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Зависи.
Пример, ако сум раскинала јас, значи сум престанала да сакам, и таквата средба би ми била повеќе непријатна, него да ми се тресат колена и да ме навираат спомени. Во таков случај сигурно ќе кажам здраво ради реда и ќе си го фатам патот напред.

Во случај да сум била оставена, е тогаш може и би ми се затресиле колената, може и ќе ме фати некоја носталгија, не од причина од голема љубов или копнеж, повеќе зошто сум била оставена, а тоа се поголеми предизвици, зошто такви сме ете полошото секогаш би било подобар избор. Мада сум ептен горделива, сигурно ќе се направам дека не ја гледам оваа врста од бивш, па макар сме се погледнале очи во очи. После јас ќе си средувам со себеси.

Ако, во случај каде врската прекинала од други икс причини, а сигурна сум дека постојат чувства од негова страна, а и од моја, е тука би било поинаку. Сигурно дека ќе нема да можам лесно да го одминам, без да прашам како е, како се снаоѓа..
Тука сигурно ќе ме облеат чувства кои ќе ме држат подолго време, а не исклучувам можност и таква средба и да смени нешто низ животот.

Ама сепак, си има причина зошто станале бивши и среќа моја што нема со кој да се сретнам, зошто сите ми останаа онаму од каде што заминав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Photographer