Моментално читам...

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Османската Империја (златното доба 1300-1600) од Халил Иналџик во изнадние на „Слово“.
Составена од 4 дела (Кус преглед, Држава, Економсли и општествен развој и Религија и култура) типична историографска книга поткрепена со факти ги опишува зачетокот, подемот, кулминацијата и стагнацијата на Османската империја се` до периодот пред Карпошевото востание. При крај сум на првиот дел - „скицата“ на сето оноа понатаму што би ме запознало со еден од нашите „стопани од ренесансата до почеток на 20тиот век. Се` на се` детален опис на работи кои иако ми се по малку познати, но одличен потсетник дека многу работи со кои денес се случуваат во нашето поднебје влечат корени токму од ова време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Играта со стаклени мониста на Херман Хесе. Само што ја започнав, така да, не можам со свои зборови да кажам за што се работи. Ги прочитав 1984 и На дното и отфрлен во Париз и Лондон на Џорџ Орвел и таман да му ја земам и во Чест на Каталонија, библиотекарот ми посочи 3 нови тазе донесени купчиња со книги и не можев да им одолеам, па се решив да ја оставам таа за нареден пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Пациент - Хуан Гомез Хурадо
Сега за сега не е лошо книгулево, се работи за еден неврохирург кој треба да убие еден пациент ако сака неговата ќерка да остане жива. Има уште многу, немам прочитано ни половина, па се надевам нема да ме разочара крајот. Не знам зошто ама мислам дека се работи за сериозен писател и верувам дека нема да се разочарам, иако имам неколку теориички како би можело се да испадне, ама да не избрзувам ќе видиме.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд.
Се изнамачив со Играта на стаклени монисти, се трудев и трудев и никако не можев да ја зачитам. Буквално кога ќе почнев да читам, ме фаќаше мака, почнуваше да ми се повраќа после некое време. До толку одбивност од книга, не сум имала. Читај, читај, ништо не се случува. Морав да ја баталам недочитана, не можам да си го трошам времето на нешто што не ми се допаѓа. Затоа, земав сега полесна книга за читање, малце да одморам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд.
Се изнамачив со Играта на стаклени монисти, се трудев и трудев и никако не можев да ја зачитам. Буквално кога ќе почнев да читам, ме фаќаше мака, почнуваше да ми се повраќа после некое време. До толку одбивност од книга, не сум имала. Читај, читај, ништо не се случува. Морав да ја баталам недочитана, не можам да си го трошам времето на нешто што не ми се допаѓа. Затоа, земав сега полесна книга за читање, малце да одморам.
Не знам зошто толку го величат Хесе, слична измачителна сторија као кај тебе имав со Степскиот волк... Досадно досадно, до немај каде.
Во никој случај не го препорачувам бидејќи ми мириса на тешка претенциозност или некоја езотерија и мистицизам што мене ми е непознат.

Како и да е...
Во моментот се дружам со Умберто Еко и неговата “Тајниот пламен на кралицата Лоана“ издание на Бегемот. Имам многу мали замерки на малку слаб превод, но горе-доле е ок. Сторијата повеќе ми е присна, се работи за еден човек кој по преживеаниот мозочен удар го губи памтењето на сите негови психички состојби во кои дотогаш бил. Значи неговата меморија не е целосно изгубена, тој ги памти сите (научни) факти со кои се стекнал, прочитани книги, дури и способноста да вози автомобил/велосипед. Но тој не знае кој е, дали е женет, има деца. Со желба да се пронајде кој е, тој ја започнува потрагата уште од неговото будење во болница па откако веднаш ја дознава својата професија како книжар-продавач на антиквитети, тој се обидува да се нурне што подлабоко во својот изминат живот, читајќи ги дневниците, гледајќи ги фотографиите, слушајќи ги плочите на својата младост... Така наеднаш ни` ја отсликува неговата животна приказна како графичка новела - конгломерат на сето горе наведено.
Еко како и секогаш тоа многу убаво и деталистички знае да го прикаже. Се` уште сум на почетокот, но се` мислам дека книгава ќе ја исчитам во еден здив и покрај нејзината масивност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Ghtalpo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд.
Се изнамачив со Играта на стаклени монисти, се трудев и трудев и никако не можев да ја зачитам. Буквално кога ќе почнев да читам, ме фаќаше мака, почнуваше да ми се повраќа после некое време. До толку одбивност од книга, не сум имала. Читај, читај, ништо не се случува. Морав да ја баталам недочитана, не можам да си го трошам времето на нешто што не ми се допаѓа. Затоа, земав сега полесна книга за читање, малце да одморам.
Истото беше и кај мене со Играта на стаклени монисти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Спутник Љубов - Харуки Мураками.
Ја ископав дома пред некое време, па зошто ја завршив Сликата на Доријан Греј, а имав уште неколку саати додека да бидам во можност да тркнам до библиотека, ја започнав да видам што го величат толку Мураками. Патем, ја земав Срамота на Џ. М. Куџи, иако прв пат слушам и за авторот и за книгата, но немав идеја што друго да земам од библиотека, па ајде, помала дека е, нека пројде во случај ако не ми се допадне Спутник Љубов.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Тек сум на почеток,некои пеесетина страни исчитав ама романов ми го задржа вниманието со неговата суштинa и интересни три лика.
Едвај чекам вечер да си ја дочитам па тогаш и впечатокот ќе ми биде комплетен.


IMAG1450.jpg
 

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
Келтскиот самрак од Вилијам Батлер Јејтс

Кога ја здогледав книгава, инстантно ја грабнав и побрзав да ја купам. Не само што опфаќа повеќе работи кои ме интересираат, туку и поради тоа што тотално се пронајдов уште во самиот предоговр. Писателот вели „Имав желба, како и секој уметник, да создадам малечок свет од прекрасните, пријатните и значајните нешта во овој расипан и тромав свет и да го прикажам како визија дел од лицето на Ирска на сите мои луѓе кои ќе погледнат онаму каде што ќе им повелам“. Значи буквално како да ми ѕирнал во глава и ја створил книгава за мене. :)
Сеуште е рано да споделам импресии за квалитетот на книгава, затоа што сум на самиот почеток. Сепак не верувам дека ќе се разочарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Ghtalpo