Млади бунтовници

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Хахаха....Ја обожуував ...Ја гледав без пропуштање,...иако слабо се сеќавам кој како што....
Ама битно сите тетратки,цедиња,постери маички си ги чувам....
А ако ја даваат пак би ја гледала...зашто да нее :)
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Еј заради овие не идев у школо или бегав за да гледам...
:) Веќе некое време ги барам да ги спуштам да гледам со превод ама ги нема бе :(
Идол ми беше Мануел, а најинтересна Марица.
Кај нас во школо сите имаа руса коса како Мануел во втората сезона.
Имам пуно работи од нив, цд-еа, песни од време, албум со сликички, интервјуа.... ае цела колекција.
Сега секој си води свој живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Миа и Пабло ми беа најубави:showoff
А најинтересна ми беше таа буцкастата,цело време скришно што мцкаше по нешто
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Пред десет години продуцентката Крис Морена го создаде феноменот „Rebelde Way“, пред една деценија Аргентина беше сведок на раѓањето на телевизискиот проект што успеа да ги маѓепса тинејџерите ширум светот. На 27-ми мај во 20 часот, Azul TV почна да ја емитува серијата што кај нас се емитуваше под името „Млади бунтовници“, програмата која во тој момент беше прогласена за најгледана.
rebeldeway.jpg

Камила Бордонаба, Бенхамин Рохас, Луисана Лопилато и Фелипе Коломбо беа главните јунаци во оваа безвременска тинејџерска приказна, а сцената ја делеа заедно со веќе докажаните Кетрин Фулоп и Фернан Мирас. Во серијата се формираше и музичка група, која потоа стана популарна насекаде низ светот. „Erreway“ издадоа 3 албума, откако снимија две сезони за телевизиската серија и еден филм со кој ја заокружија целата бунтовничка приказна. Филмот беше насловен како „Erreway, 4 caminos“.


537886.jpg

„Rebelde Way“ и „Erreway“ направија голем успех во Латинска Америка, но и во други делови од светот како Израел, Мексико и Шпанија. Форматот беше продаден во повеќе држави каде што се реализираа локалните верзии како онаа во Мексико која постигна завиден успех. Најголемите фанови на оваа серија во саботата се вклучија на социјалните мрежи и со емоции се сеќаваа на убавите денови кога се дружеа со своите идоли. Но тие не беа единствените, истото го сторија и актерите од серијата на своите профили на Твитер.

los%20cuatro1.jpg

Фелипе Коломбо напиша: „Ви благодарам на сите за поздравите, ви честитам и на вас, успехот што е зад нас е заеднички. Помина една деценија. Лесно е да се каже, но всушност 10 години се навистина многу! Благодарам!“

Луисана Лопилато исто така се појави на Твитер со свој пост: „Ви благодарам на сите за десетгодишнината, без вас ништо нема да беше можно! Благодарам за неизмерната љубов и поддршка! За вас!“.

Викторија Марете твитна: „Пораките се прекрасни, благодарам! Колку е убаво да се знае дека и после 10 години сеуште сме присутни во секој од вас! Благодарам за поддршката“

sin%20ttulo-1%20copia522.png

А потоа следуваа сите останати актери од серијата, сите со голема благодарност за неизмерната поддршка од фановите. Во Македонија оваа серија се емитуваше на А1 телевизија. Музиката на групата се продаваше во сите продавници, а потоа следуваа и други производи со ликовите на Миа, Мануел, Пабло и Марица. Крајот на приказната измами солзи кај сите, а измама направија и А1 кога во весникот „ВРЕМЕ“ објавија дека групата ќе дојде во Македонија на концерт. Никогаш не ги видовме во живо!

sin%20ttulo-1%20copia52.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Ааааааааааааааааааааааа мојата серијааа :franticЕпизода немав пропуштено, од школо трк накај дома за да ја гледам, од фудбал ни туширање ништо одма пред телевизор за репризата да ја фатам, па на школо и на тренинзи си раскажуваме што се десило, си праиме филмови така требало така не требало, што ќе се деси.... абе комедии, мислам дека немаше тинејџер у тоа време шо не беше заразен со серијава... албуми, маици, капи не сум собирала пошо ми беа тапа многу, сите имаат па ај и јас, имам само по некој постер од Миа, Мануел, Пабло и Марица и некоја сликичка од Наш Свет :giggle Иначе Марица ми беше најјака пошо и ја бев као неа, а Пабло ми беше најубав (после си фатив дечко шо личи на него, мераци сум била (happy)) И така... аххх ми фалаааат тие денови и серијаваа :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ааааааааааааааааааааааа мојата серијааа :franticЕпизода немав пропуштено, од школо трк накај дома за да ја гледам, од фудбал ни туширање ништо одма пред телевизор за репризата да ја фатам, па на школо и на тренинзи си раскажуваме што се десило, си праиме филмови така требало така не требало, што ќе се деси.... абе комедии, мислам дека немаше тинејџер у тоа време шо не беше заразен со серијава... албуми, маици, капи не сум собирала пошо ми беа тапа многу, сите имаат па ај и јас, имам само по некој постер од Миа, Мануел, Пабло и Марица и некоја сликичка од Наш Свет :giggle Иначе Марица ми беше најјака пошо и ја бев као неа, а Пабло ми беше најубав (после си фатив дечко шо личи на него, мераци сум била (happy)) И така... аххх ми фалаааат тие денови и серијаваа :|
Има некој што не ја гледал. Еве пример јас. ;)