Младите и компјутерите + интернетот

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Како некој кој не растел со компијутери туку со реално детство си земам право да прокоментирам на оваа тематика. Децата станаа робови на технологијата. Ако порано главна преокупација и размислување ни беше дали ќе е слободно игралиштето од постарите за да ние изиграме нешто сега на младите им е дали серверот за кантер ќе е слободен. Мислам сум јасен премногу се поврзуваат со виртуелните работи. Дали причината за истото се родителите односно нивната презафатеност да им обрнат лично внимание на децата па ај ги седнуваат пред ком. и нека прават што сакаат или нешто друго не знам но реален факт е дека младината се зависници од современата технологија. Секоја чест на исклучоците кои ете учат нешто од таа пеколна машина но повеќето се или по игрите или се на мсн/скајп а за фејк ставањето на години и креирањето на профили по мрежите од типот на фејсбук , хи5 и такви работи да не зборувам.
За нетот и младите малку во продолжение на темата прво сакам да се концентрираме на кампањата ком. за секое дете колку е тоа добро иако сите го подржуваат и одобруваат, јас мислам дека да ком. за секого но оставете бе ако имате малку свест да младите првин бидат пред се деца а после има време ќе ги преработите во зависни зомби суштества кои ќе размуслуваат 24/7 дали имаат место на хдд за да симнат нешто , дали им е имаат чипови на холдемот на ФБ или дали некој ги блокирал на МСН...

Тое е тоа, ваше мислење ако ме свативте што сакам да кажам ...
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Да во право си али технологијата напредува доаѓа едно време на модерно живеење на кое мораме да се навикнеме сите..:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
ма едностано родителите нема што да прават,дојде такво време ,секој има комп ,па зашто нивното да се оделува од другите ... не дека сум јас којзнае колку голем па имам право да коментирам,комп и нет имаше али ретко кој може да си дозволи 2 ден.-мин ми се чини .... секој ден после школо бевме у игралиште,сеа неможеш да накараш некој топка да шуттне ,,, месец дена пред мај се праве договори кај ке се слави,се наогаше место,,,,сеа тој ден го преспивам ,јбг

бтв како што сме почнале веке имаме 2 комп за секое дете ,но тоа е веке др тема ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Од 12/13 годишна возраст, да во ред е да користат технологија , но младите денес не ја користат технологијата како шо треба, туку постојано интернетот го користат за игри, за седење на фб и слично.
Како и да е, 21 век сме, имаме напредна технологија, интернет и тоа е супер зошто можеме ногу работи да најдеме на нет, некои информации кои ни се потребни, достапни се и можеш ногу брзо да ги најдеш, но не значи дека ако нешто прочиташ на нет е вистина. Помладава генерација некако се врзаа за виртуелното, заборавија да се социјализираат надвор од компјутерските игри, заборавија на седење во маалото, играње не лути се човече, карти. Сега за нив се е строго компјутерски. Во другите земји (за кај нас не знам) децава почнаа да ја губат смислата за реалност, да живеат во игрите,има некои кои толку ногу што се соживеале со играта па се извршиле самоубиство(читав некаде дека некој дечко од Јапонија играл некоја игра повеќе од ден, два без престан и толку ногу се соживеал, што кога дошла сестра му да го викне да јадат, тој почнал да ја тепа, мислејќи дека е некој непријател и за да избега се фрлил од тарасата мислејќи дека може да лета исто како на таа игра)..
Не знам, секоја работа си има своја позитивна и негативна страна :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Секоја генерација со свои интереси и начини на размислување.
И нас ни наоѓале маани постарите генерации. Во времето на прабаба ми немало струја, во времето на баба ми немало телевизори, во времето на мајка ми немало видео рекордери, а ноќен живот бил временски ограничен од 17:00 до 20:00, во мое време немаше мобилни.... Детство, вакво или онакво, го имале и сум го имала и им било најубаво и ми било најубаво.
Што не значи дека детството на прабаба ми било поправилно од детството на баба ми или од она на мајка ми, исто како што не значи дека моето детство било поправилно од детството на моите деца денес.
Различно не значи полошо, ниту подобро.
Просто значи поинакво.
Оставете ги децата на раат.
Кога ќе имате свои деца, направете го најдоброто во однос на тоа да ги израснете во вистински луѓе.
Лесно е да се наоѓаат маани кога се гледа од страна.
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Клер Лин од Тајван извршила самоубиство на својот триесет и први роденден, на 18 март, а членовите на нејзиното семејство досега не знаеле дека тоа се случило додека комуницирала со други луѓе на „Фејсбук“, наведува полицијата. Таа во своите последни пораки „четувала“ со девет пријатели и ги предупредила дека постепено се задушува.
На една фотографија, што ја прикачила од својот мобилен телефон, се гледа дека во собата има скара на јаглен, а на друга дека просторијата е полна со чад. Еден од нејзините пријатели ѝ испратил порака: „Смири се, отвори го прозорецот, изгаси го огнот, те молам, те преколнувам“. Лин на тоа одговорила дека чадот сè повеќе ја задушува, очите ѝ се полни со солзи и повеќе не сака да добива пораки. Неколку лица со кои разговарала пробувале да ја одвратат од самоубиството, но никој не повикал полиција. „Предоцна. Мојата соба е полна со чад. Штотуку покажав уште една фотографија. Дури и додека умирам и понатаму го сакам ’Фејсбук’. Мора да е тоа ’Фејсбуковиот отров’. Ха-ха“, се нејзините последни зборови.
Пораките што претходно ги оставала Лин сугерирале дека е несреќна, бидејќи момчето со кое била во врска ја запоставувало и не се вратило дома да биде со неа на нејзиниот роденден. Истото момче го пронашло нејзиното тело и го известил семејството на Лин. Полицијата изразила жалење што никој од тие лица со кои комуницирала на „Фејсбук“ не ги повикал нив, во текот на разговорот што траел 67 минути, но признале дека не би било лесно да ја откријат локацијата поради природата на социјалните мрежи.
Лај Бен Реи, социолог од Универзитетот „Фенг Чи“ во Тајван, изјавил дека оваа случка укажува на социјалната изолација што постои во ерата на Интернет. „Луѓето се сомневаат во она што ќе го видат на Интернет поради виртуелната природа на содржината и затоа не преземаат ништо“, завршил Реи.
ц.ц.ц............
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Toчно е како што вика lady_blue. Но.. ако се` оставиме на децата на некој начин ќе ги разгалиме. А сведок сум дека општеството се` повеќе произведува разгаленост помеѓу младината. Затоа и системите паѓаат. Се случува еден вид на идиократизација - не случајно има и филм во врска со тоа - Idiocracy. Технологијата треба да се најде како орудие - не како секојдневие/да се биде целосен роб на неа. Затоа што така, човековиот интелект отапува. И се` се сведува на автоматизација, на притискање на копчиња за да се добие готов продукт.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Мојот прв компјутер го добив во 4-то одд, секако немаше тогаш интернет и го уклучував еднаш дневно, и играв некоја игра 1-2 часа максимум, не ми беше интересно се уште излегувавме надвор и игравме фудбал, ракомет, кошарка и што ти не...4 години подоцна почнав да се уклучувам на интернет преку телефонот, но и тоа беше 1-2 часа максимум беше многу скапо 1-2 часа 100 денари некаде, но и тогаш не ми беше толку интересно. Една година подоцна веќе имаше оператори кои стават интернет и неколкумина од мојот клас веќе имаа ставено интернет, и веќе муабетот се вртеше се околу тоа, и сакаш нејќеш ќе ставиш и ти.


А сега е страшно...братучед ми кој има само 7 години има ФБ, има Скајп со кој по цели денови се допишува со другарчињата од истата зграда...жално, но вистинито.
Но во нивниот случај тука јас би ја обвинил нивната учителка, која исто така има ФБ и сите работи им ги објавува на ФБ. на пр. што работеле денес, кој бил најдобар, што ќе работат утре и тн.
Порано кога излегувавме надвор и сакавме да играме фудбал немаше место кај да фатиш... ќе излезеш по најжешкото да фатиш место, а сега неможеш ни еден да видиш надвор што игра некој спорт (мислам за генерациите што доаѓаат).
И неможе некој да каже, јас на моето дете не му купувам компјутер или нема да се уклучува на интернет се до дека не порасне... да тоа е супер, за нивно добро и сите знаеме дека би било одлично, но за жал не е баш така... зошто ако не сите ама барем половина и повеќе од неговото одделение или мало ќе имат компјутер и интернет и темата на разговор се ќе се врти околу тоа, а твоето дете нема да може да се вмеши во муабетотили па да каже нешто ново што видел, жално ама тоа е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@