Македонска дијаспора

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Бидејќи ова подрајче е традиционално лошо за живот и со векови раја емигрира по светот - постои бројна дијаспора од Аргентина до Аљаска и од Порт Хебла до Онтаријоу Ќенеда каде што овдешна раја побегнала во потрага за подобар живот. Интересно е што луѓе од тука бегале и во Јужна Африка или Јужна Америка, места нетипични како одредница за барање подобар живот. Ги имало дури и на Титаник :kafe Денес овој тренд кулминира и процентуално никогаш немало толку емиграција.

Веројатно не постои семејство кое нема роднини во дијаспората а истата секоја година се зголемува со новопечени дијаспорци кои заминуваат од библиската земја на Ниче Маќедон. Многу семејства, без разлика на етничка припадност буквално зависат од нивните роднини од дијаспората за намирување на основни потреби, за плаќање заостанати сметки, за лекување и за многу други работи.

Улогата на дијаспората е можеби решавачка, и покрај стереотипите (кои се смешни но и најчесто точни) бидејќи ја одржува финансиската стабилност на абортираната држава со девизни дознаки лишени од камата и интерес кои во износ од две милијарди долари се слеваат во РМ секоја година. Со индивидуалната помош пак влијаат да голем број семејства не стигнат до дното.
Сето тоа е позитивната страна а негативната? Нивниот општ имиџ посебно оние кои се заминати од поодамна, речникот, гестовите, ставовите, примитивизмот - сето тоа е толку комично што дури послужи како инспирација за многу легендарни скечеви од К-15 чии one liners останаа во колективната свест (Џон Крокодилов - нека не ве лажат комуњарите:D)

Што вие мислите за дијаспората?
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Знам еден што пред некој месец се врати од Америка, онака на одмор си дошол човекот и сега пак се врати. Зборот ми беше за гестовите и јазикот, значи ептен смешно звучи и иритирачки. Освен тие работи другото ништо не ме нервира, ама тоа не можам да го поднесам.
А за праќање пари ги разбирам зашто некои не сакаат да праќаат, јас на пример немам никој во туѓина :) ако имав ќе си беше исто како сега што е, ни ќе ми прати некој ни ништо. Го разбирам тоа, ни јас не би пратил, ако пратам пари тоа ќе биде исто како да сум ги запалил, подобро ќе ги искинам отколку тука да ги праќам.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com

Е сега што си кажал, леле мајко. Дали доколку ти би работел надвор од Македонија, не би им пратил пари на мајка ти и татко ти? Или брат/сестра доколку ги имаш? Или некој друг роднина, кој го сакаш навистина и сакаш да му помогнеш?

Јас ко помала имав роднини во странство и морам да признаам дека уживав во нивните подароци. :D Не знам за пари, но верувам дека ни праќале и пари, но тоа мене не ме интересирало како дете. Битно, кога ќе дојдоа на гости или за роденден, увек добивав еден куп подароци. Особено за Нова Година... по 3-4 пакетчиња добивавме и јас и брат ми, еден куп чоколади и дедо мразовци, облека ваква-онаква, по неколку играчки, особено 1 по избор која што сме ја посакале. Не знам, ама мене тоа ми ја правеше Нова Година посебна. И до ден денес уживам во тие спомени. Така да, не би ми сметало јас да бидам дел од дијаспората и истите овие спомени да му ги овозможувам на друг.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Знам еден што пред некој месец се врати од Америка, онака на одмор си дошол човекот и сега пак се врати. Зборот ми беше за гестовите и јазикот, значи ептен смешно звучи и иритирачки. Освен тие работи другото ништо не ме нервира, ама тоа не можам да го поднесам.
А за праќање пари ги разбирам зашто некои не сакаат да праќаат, јас на пример немам никој во туѓина :) ако имав ќе си беше исто како сега што е, ни ќе ми прати некој ни ништо. Го разбирам тоа, ни јас не би пратил, ако пратам пари тоа ќе биде исто како да сум ги запалил, подобро ќе ги искинам отколку тука да ги праќам.

Еден од ретките си кои немаат воопшто роџаци или френдој по странство.
Јас имам роџак од преку океано кој еднаш изјави дека набрзо Грција ќе пропаднела (тогаш беше ептен кризата во Грција) и ќе сме си го врателе егејот :rofl
На тоа му одговорив нешто горе долу во смисол - зошто ги мрази егејците и им посакува да работат за 150 евра наместо за 800-900 и се навреди (facepalm) како мајка да сум му опсул... многу се емотивни за родната грутка позната меѓу дијаспората како `стари крај` :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Дијаспорците редовно следат македонски канали што се емитуваат кај нив, а тоа е нашата МТВ. Кога ми дојдоа роднини пред две години вика,абе на телевизија гледаме едно, а овде сосем друго,ко да сме ја згрешиле земјата. Затоа дури се таму се глупираат и урлаат Маќедонија маќедонија а кога ќе дојдат овде пцујат појќе од нас. Кој таксист го украл ко го сетил по акцентот, кој не добил добра услуга во ресторани/кафеани, кој бркал некоја мома частел купувал и на крај пак не се кандисала за устрелија. Идиотизмот некогаш преминува граници, посебно на доселници од нечуени села кои се осеќаат сепак со свое потекло за разлика од поранешните имигранти кои денес се нарекуваат австралијанци, па почнува глупирањето со тетоважи знамиња и ред други глупости инспирирани од интернет и телевизија. Лани забележав (по фризурата се познаваше дека е усралијанец ) тетовирал на на една рака “ФАМИЛИЈА“ на друга рака “СЕКИРЦИ“ валјда родната грутка му беше тоа. Голем патриот.
Инаку,има еден интересен феномен. Македонската дијаспора глуми најголем патриот (онаа која е поодамна иселена) а кога ќе дојде тука повеќе плука и од оние кои живеат во Македонија. Трендот за иселување и повлекување цели семејства не е познат кај нас, за разлика од други националности.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Е сега што си кажал, леле мајко. Дали доколку ти би работел надвор од Македонија, не би им пратил пари на мајка ти и татко ти? Или брат/сестра доколку ги имаш? Или некој друг роднина, кој го сакаш навистина и сакаш да му помогнеш?

Јас ко помала имав роднини во странство и морам да признаам дека уживав во нивните подароци. :D Не знам за пари, но верувам дека ни праќале и пари, но тоа мене не ме интересирало како дете. Битно, кога ќе дојдоа на гости или за роденден, увек добивав еден куп подароци. Особено за Нова Година... по 3-4 пакетчиња добивавме и јас и брат ми, еден куп чоколади и дедо мразовци, облека ваква-онаква, по неколку играчки, особено 1 по избор која што сме ја посакале. Не знам, ама мене тоа ми ја правеше Нова Година посебна. И до ден денес уживам во тие спомени. Така да, не би ми сметало јас да бидам дел од дијаспората и истите овие спомени да му ги овозможувам на друг.
Епа видиш секој има различни роднини, тебе ти праќале, нормално е и ти да го правиш истото. Јас сум сигурен дека ако имав некој во странство немаше да ми прати ништо, значи буквално ништо. Тоа тука никој ништо не помага а не па ако биле во странство. Затоа ако мене не ми праќа никој и на никој нема да му текне дека постојам, зашто па јас да му праќам. Нека се снаоѓа како знае. За родителите исто, уствари нив би им пратил за ептен нешто сериозно ако им требаат пари, а иначе не. Подароци и такви работи би им праќал, нека ги шиткаат ако сакаат за да дојдат до пари.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Епа видиш секој има различни роднини, тебе ти праќале, нормално е и ти да го правиш истото. Јас сум сигурен дека ако имав некој во странство немаше да ми прати ништо, значи буквално ништо. Тоа тука никој ништо не помага а не па ако биле во странство. Затоа ако мене не ми праќа никој и на никој нема да му текне дека постојам, зашто па јас да му праќам. Нека се снаоѓа како знае. За родителите исто, уствари нив би им пратил за ептен нешто сериозно ако им требаат пари, а иначе не. Подароци и такви работи би им праќал, нека ги шиткаат ако сакаат за да дојдат до пари.

Затоа ти можеш да го прекршиш циклусот.
Ако тука и сега твоите роднини не те третираат како што треба, не значи дека и понатаму во животот така ќе биде. А особено кога станува збор за самиот тебе, односно можеби во иднина ќе имаш некој кој толку ќе си го сакаш и ќе ти биде мило да му праќаш разни работи. На крајот, да, се се сведува на искуство, но немој да бидеш толку close minded.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Затоа ти можеш да го прекршиш циклусот.
Ако тука и сега твоите роднини не те третираат како што треба, не значи дека и понатаму во животот така ќе биде. А особено кога станува збор за самиот тебе, односно можеби во иднина ќе имаш некој кој толку ќе си го сакаш и ќе ти биде мило да му праќаш разни работи. На крајот, да, се се сведува на искуство, но немој да бидеш толку close minded.
Еве на пример имаш некој роднина во странство и кога ќе се слушнете го прашуваш дали може да ти прати пари, било колку. И тој ти вика не може, и после тоа повеќе не сака ни да те слушне. И ај после прати му нешто кога знаеш дека тој ни со прст не би мрднал за тебе. :)

Сепак убаво си кажа на крај, се е до искуството, не сум отишол надвор од Мк, кога ќе отидам можеби ќе го променам мислењето. :)
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Еве на пример имаш некој роднина во странство и кога ќе се слушнете го прашуваш дали може да ти прати пари, било колку. И тој ти вика не може, и после тоа повеќе не сака ни да те слушне. И ај после прати му нешто кога знаеш дека тој ни со прст не би мрднал за тебе. :)

Сепак убаво си кажа на крај, се е до искуството, не сум отишол надвор од Мк, кога ќе отидам можеби ќе го променам мислењето. :)

Од една страна и со причина вели не можи оти нашите се научени дека секој што е странство мед и млеко му тече и дека има пари неброени.Знам цели фамилии што се раскарани за тие “пари непратени“ во ред е да се поможи со нешто али некој да издржава легач во македонија е малце понеисплатливо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and diva orhideja

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Од една страна и со причина вели не можи оти нашите се научени дека секој што е странство мед и млеко му тече и дека има пари неброени.Знам цели фамилии што се раскарани за тие “пари непратени“ во ред е да се поможи со нешто али некој да издржава легач во македонија е малце понеисплатливо.
Јас на пример нема да барам секој месец. Финтата е што и ако им побараш еднаш во годината нема да ти дадат, така да ни јас не им давам. А за понатака за други не знам, можеби. :)