Ми треба ПОМОШ!

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Во депресија неколку дена еве, под дејство на Миртазапин сум...
Два дена еве нонстоп спијам и се осеќам катастрофа, не сум во состојба една чаша да држам, ми паѓа од раце.
Настрана тоа, не сум во состојба ни да пишувам, ми тежат рацеве... Едвај некако, се чувствувам многу омалаксано, значи тежината ја осеќам...
Миртазапинот го земав на своја рака, без никој да ми го препише и слично. Сама себи -ПСИХОЛОГ/Психијатар. Како го најдов, не ме прашувајте.
Ми се случи нешто чудно кога заспав вчера накај 22h. До еден, после полноќ спиев цврсто и сосема ок... Ама после еден, почнав да спијам будно, односно да си ја чувствувам главата веќе... и да, знам тачно за што размислував, значи си терав мои мисли, како да сум будна, а алармот кој што направив да ме разбуди у 6 сабајле, не го слушнав... Како се десило тоа, еве не знам... А, бев будна, барем така си мислев само со затворени очи. :)

Уствари, не дека неколку дена сум јас во Депресија, во депресија сум со години, ама овие денови од сите години што сум била... Не се осеќам ич добро.
 
Последна промена од модератор:

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Причини...
Несакано дете сум во општеството... Никој не ме сака, се осеќам дека сум вишок во светов. :)
Одвратна сум им... Како дома така и надвор. :)
 

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Во депресија неколку дена еве, под дејство на Миртазапин сум...
Два дена еве нонстоп спијам и се осеќам катастрофа, не сум во состојба една чаша да држам, ми паѓа од раце.
Настрана тоа, не сум во состојба ни да пишувам, ми тежат рацеве... Едвај некако, се чувствувам многу омалаксано, значи тежината ја осеќам...
Миртазапинот го земав на своја рака, без никој да ми го препише и слично. Сама себи -ПСИХОЛОГ/Психијатар. Како го најдов, не ме прашувајте.
Ми се случи нешто чудно кога заспав вчера накај 22h. До еден, после полноќ спиев цврсто и сосема ок... Ама после еден, почнав да спијам будно, односно да си ја чувствувам главата веќе... и да, знам тачно за што размислував, значи си терав мои мисли, како да сум будна, а алармот кој што направив да ме разбуди у 6 сабајле, не го слушнав... Како се десило тоа, еве не знам... А, бев будна, барем така си мислев само со затворени очи. :)

Уствари, не дека неколку дена сум јас во Депресија, во депресија сум со години, ама овие денови од сите години што сум била... Не се осеќам ич добро.

Искрен добронамерен совет:
Веднаш закажи на психијатар. Не на психолог, туку на психијатар. Депресијата е сериозна работа. Нетретирана може уште повеќе да го влоши квалитетот на животот.

Препорака за психијатар: Д-р Весна Вајс Павлов или Д-р Драгомир Јанков. Работат со фондот. Те молам закажи термин и оди, ќе ти биде подобро после некое време. Немој никако да земаш лекови на своја рака. Исклучиво тоа што ќе ти препише доктор. Има многу квалитетни антидепресиви во денешно време, има да бидеш како нова за кратко време. Плус редовни разговори со психијатарот. Оди, please.

[Измена од модератор: без реклами]
 
Последна промена од модератор:

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
30
Argentina, Buenos Aires
Немало потреба да земаш тоа што си земала.Ти според тоа што си го напишала живееш за тоа што ќе кажат другите .Тоа дека твоите не те сакаат не е баш така (барем јас така мислам ) .Мирот доаѓа од внатрешноста на личноста .Какви ти се мислите таков ти е животот .Тоа што членот над мене ти препорачал психијатар мој совет ти е да не го послушаш.Пред се нема потреба да размислуваш на тој начин дека никој не те сакал или те сакал .Ти не живееш за другите ,ти живееш за себе .Тоа дали ќе те сакаат другите или прифатат тоа е нивен проблем .Ти и најдобра да си во се и најпримерна секогаш ќе се најде некој што ќе рече дека си ваква или таква .Тука и таков е и менталитетот на луѓето ,затоа немој да живееш за комшијата , масимаукс , друштвото итн .Живеј за себе .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Да, има една книга од Ронда Бирн за тоа дека какви ти се мислите , таков ќе ти биде и животот...
Но не е баш така, тешко е... Не дека живеам за луѓето, ама тоа ме повредува многу... Во најразлични ситуации од животов...
Секој збор негативен ме повредува и потиштува...
 

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
30
Argentina, Buenos Aires
Ако го оптеретуваш мозокот со такво размислување тоа потоа ќе стане навика на размислување .Ќе станеш склона на негативно размислување и негативни емоции постојано .Твојот мозок моментално работи така .Тоа само ќе те донесе на полошо и полошо .Па сега ти самата избери дали сакаш да одиш нагоре или надоле со твојот живот.Луѓето исто така кои се подолго време нервозни ,склони кон негативни емоции имаат послаб имунитет и нивното здравје доаѓа во прашање .Едноставно твоето гледиште кон животот е погрешно .Ако го промениш гледањето на животот ќе се промени се .
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Да, има една книга од Ронда Бирн за тоа дека какви ти се мислите , таков ќе ти биде и животот...
Но не е баш така, тешко е... Не дека живеам за луѓето, ама тоа ме повредува многу... Во најразлични ситуации од животов...
Секој збор негативен ме повредува и потиштува...

Искрено ептен негативен впечаток ми остај во почетокот со некој коментари.. бла бла да не одам оф топик
Јас го делам истото мислење со тебе. Колку и да сакаш да живееш под тоа мото какви ти се мислите таков ти е животот ... не можеш.
Во последно се кон позитива терам, на некој секојдневни навреди и после 21 год се нервирам а да игнорирам не можам едноставно не можам, куќава не си ја сакам..
Сум посетила психијатар 2 пати за лични и за семејни проблеми. Душата се чисти како со доместос бате да си ја измил, најискрено ..
Се изнаплакав се изнавикав се' и изнакажав.. како некој егзорцизам да ми вршеше во тој момент .. моќно а сепак ранливо.. чудно, помага ама не е неопходно.
После некое време мир у кучи и пак. И ден денес иста прича...
Само што знаеш кај тебе е поинаку ти се замараш и надвор што ќе кажат.. ја ич. Бар за тоа не се замарат .
А ако зборат, нека зборат што ти е гајле..
-ИЗА ДОБРОГ КОЊА СЕ ПРАШИНА ДИЖЕ.. запамти ;)