Мистерија во црквата Свети Димитрија - фреските „крварат“ и сами се чистат?!

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Се има случено и во Србија и во Хрватска, само пто медиумите не го пренесуваат тоа.
И постои начин на чистење: истураат вода врз подот, водата испарува, испареното се лепи за фрескоживописот и се спојува со прашината и прљавштината, после одредено време паѓа.
Е па, и јас тоа викам. Затоа не ми е баш за верување дека е само божјо чудо...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Кој сака да најде логично објаснение ќе најде,кој сака да верува во чуда ќе верува колку и да му дадеш логично објаснение на истото,ете затоа не сме сите верници или атеисти
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Тоа во Русија се случило во 30тите години на минатиот век,
Кога денеска имаме народ што ко овчичка слепо следи и верува, замислете колку лесно било да се манипулира тогаш кога стравопочитта била 100 пати поголема од денеска, а науката послабо развиена.
Читав за тоа дека ги мијаат со калиев сапун, и мене перфектно ми се вклопува во ситуацијата.
Сапунот во допир со вода ствара нешто ко хидроген, а притоа во допир со воздух гори т.е. поцрнува.
Бидејќи црвената и златната како „владеачки“, се правени со појака и поразлична пигментација за да бидат потрајни, нивните пигменти доаѓаат до израз, а останативе бои потпаѓаат под процесот на горење и им се намалува интензивноста.
Лесно е, ама оди докажи...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
На крајот се сведува, секој со свое мислење. Само малку ми е смешно. Тоа и исто како, јас да ја искосам тревата пред нашата куќа без ти да ме видиш како јас тоа го правам, и утредента ќе тврдиш дека Господ "ја искосил", колку и јас да ти објаснувам дека јас тоа сум го направила.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кој сака да најде логично објаснение ќе најде,кој сака да верува во чуда ќе верува колку и да му дадеш логично објаснение на истото,ете затоа не сме сите верници или атеисти
Ова како што кажуваш ти испага дека ако еден убиец верува во чудово е поголем верник оној што на мравка не згазнал ама не верува....малку ми се банални примериве ама ДА СЕ МИСЛИ ДЕКА ТИЕ ШТО НЕ ВЕРУВААТ ВО ЧУДОТО СЕ АТЕИСТИ?:)глупости
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Бев денеска и се осетив како да не сум во црква:nah
Повеќе застанале и се ѕверат по ѕидовите како да е золошка а не црква.
Ако не друго порано можеше да се најде мир,немаше луѓе и слободно можеше човек да се помоли,сега делува како туристичка атракција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Понеделник, 30 Април 2012 16:42​

Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Се уште нема одговор за самочистењето на фреските во црквата Свети Димитрија.

freska-2-500.jpg

Како што објавува Сител телевизија земени се примероци од фреските кои ќе се користат за испитување, а процесот постојано е следен од страна на екипи од Конзерваторскиот завод.
Сепак, поради специфичноста на појавата и недостиг од опрема за конкретен став ќе биде потребен подолг временски период.
Голем број верници се уште ја посетуваат црквата за да го видат чудото кое се случи на само една недела пред големиот христијански празник Велигден.
Иако за свештениците и верниците самочистењето на фреските е Божјо чудо, засега се уште не е потврдено дека тој процес се случува сам од себе.
ИЗВОР:http://www.kurir.mk
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Искрено очекуваш нешто од нив?


Истотака зошто о зошто мислите дека ќе се обелодени тоа на некој ваков весник/портал?
Јасно е за молкот. Затоа Петрушевски Владимир кажа фино лепо што како се прави.