1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Мистерии (генерална дискусија)

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Outrider, 15 декември 2013.

  1. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,735
    Допаѓања:
    994
    Пичку матер фаќам патот натаму и трагам, секако овде во Македонија од платата за сметки не можам да навјасам.


    Се извинувам за офтопик.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Екшли, бајаги народ одел таму со таа цел :kafeне само филипинци него и јапанци и западњаци, да ги бара останатите 174 складишта ама до сега не се прочуло некој да нашол нешто... или ако некој нашол, ваљда поучен од трагичната судбина на ликот - не зуцнал никому и си живее некаде сега лагодно...
     
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,749
    Допаѓања:
    2,567
    Пол:
    Машки
    Јас колкав баксуз сум, и да најдам некој од тие тунели внатре нема да има ништо. Можеби некој човечки скелет од некој пред мене што барал. :)

    И кога ќе се вратиш тука со златото ќе треба да платиш данок на добивка. :)

    Јас да најдам толкаво богатство нема да знам што да правам, ќе се мрднам начисто. :)
     
    На Tantara му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    И овој шо го најде богатството прво најде скелети со јапански униформи :^) Изгледа ги убивале и своите војници за што помалку луѓе да знаат каде е закопано... само што реши да копа понатаму пошто имаше уште еден ѕид а од прво мислеа дека само скелетите се во тунелот...
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Постоеле и мистериозни кладилничари :zelen

    Еден убав ден во Август 1898, во редакцијата на тогаш најпознатиот британски спортски весник The Sportsman влегол елегантно облечен тип со совршени манири и се претставил како господин Мартин а целта му била да пријави одржување на нова коњичка трка во Тродмор, гратче во Корнвол.
    Со себе имал беспрекорно отпечатена програма на трката, картици со карактеристики на џокеите и коњите и потврда од општината Тродмор за претстојниот настан, значи се по список како шо е ред. Уредно си платил за реклама на трката и си заминал.

    Бидејќи времето било викторијанско а во зборот на богатите џентлмени никој не се сомневал, весникот ја објавил трката и до тука немало ништо чудно.
    Кладилниците во тоа време се информирале од весници и преку телеграф во обид са состават коефициенти за кладење па така и овој пат составиле `билтен` во кој ја имало и трката во Тродмор. Најдобро котирал некој коњ со однос 1/5 што значи ако тој коњ победи, за секоја вложена фунта се добивале пет.

    И така еден друг убав ден, нешто пред почетокот на трката се појавил уште еден фин, галантен џентлмен кој ставил некои 2.000 фунти на коњот фаворит.
    Дошол денот на трката и подоцна господинот Мартин се појавил во редакцијата на весникот повторно, за да ги донесе резултатите, победник бил коњот кој веќе го споменавме :)

    Другиот фин господин, оној кој уплатил кај букмејкерите (кладилницата де :zelen) со примерок на весникот (како доказ за резултатите) отишол во кладилница и најприродно си наплатил 10.000 фунти и си заминал.

    Подоцна се појавиле и други ликови со поситни суми но на излогот на кладилницата било напишано дека коефициентот е 2/5, т.е. за две фунти се добиваат пет, веројатно ненамерна грешка. Тоа створило забуна и букмејкерите се јавиле во редакцијата на Спортсмен да проверат коефициент. Од таму им кажале дека е 1/5 но за секој случај се решиле да се јават во Тродмор и да проверат на лице место.
    Проблемот бил што Тродмор не постоел а уште помалку постоела коњичка трка во непостоечкиот град.:D

    Може само да се замислат фаците на уредникот и букмејкерот кога го дознале тоа. Спортсмен бил погоден од скандал дека објавува фиктивни трки а кладилницата останала покуса за 10.000 фунти, јако забегана сум во тоа време ако се знае дека работник годишно заработувал околу 50 фунти :eek:

    Господинот `Мартин` и ликот кој уплатил и подигнал исплата....needless to say, my dear форумџии were never seen again, си заминале релативно богати и никогаш не биле фатени, не само тоа туку никој не влегол во траг на нивниот идентитет. Без оружје, без насилство, без омраза - само ја употребиле style over substance ситуацијата која владеела во психата на тогашната раја. Кои цареви :zelen

    Друг настан била местенка помеѓу играчи и управа на Манчестер Јунајтед и Ливерпул во 1915, кога М.Ј. морал да победи во последно коло за да не испадне а Ливерпул бил безбеден на средина па така се договориле за победа на М.Ј. 2-0, во тоа време тие клубови не биле нешто посебно непријателски еден кон друг како подоцна, си го имале дај-ми-го-на-ти-го:zelen
    Утакмицата била срање, Ливерпуловци се понашале како прв пат да играат фудбал, имало и пенал за нив ама го промашиле три метра над гол :patos и сето тоа било доволно за сомнеж кај ФА.

    Можеби и ќе поминело сето тоа неказнето ако извесни фини џентлмени не уплатиле тешка сума на точен резултат 2-0 за М.Ј. со коефицинет 1/7 и си заминале со добра пара - тоа веќе било знак за аларм и за кратко време ФА во соработка со Скотланд Јард ја отркиле преварата, три играчи на М.Ј. и четири на Ливерпул биле доживотно суспендирани од бавење со фудбал и никогаш повеќе не заиграле, останатите играчи, тренери и управа со условни казни, клубовите поминале без одземени поени, имале `среќа` бидејќи тоа бил последен меч пред да се прекине лигата ради ЊЊ-1 па и после ратот продолжиле во прва лига иако со дамка на клупската чест и долго време биле безначајни во тогашната ПЛ...
     
    Последна промена: 23 мај 2015
    На Tantara, Electra, Altaïr и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Не само морињата и океаните туку и езерата си имаат свои мистерии. Ок, некои езера како езерото Мичиген се со големина на море така што бродоломите и не се нешто премногу ретки.

    Во 1875, скунерот Роза Бел (убавата ружа во превод !?) со 10 души на него се превртел од непознати причини. После извесно време, превртениот брод задржувајќи каква таква пловна способност бил исфрлен од ветровите точно на пристаништето Гренд Хевен (Големиот рај!?), сам по себе трупот на бродот се појавил на докот (!?) само што од десетте патници и членови на екипажот немало ни трага и никогаш не се разјаснила нивната судбина.

    И сето тоа би било само уште трагична мистериозна епизода ако бродот не бил доволно зачуван за да се исплати да биде поправен и реновиран.
    И ако не се замешала секта...:cool:

    Откако го реновирале, бродот бил во служба скоро половина век. Во 1921, бил изнајмен од страна на сектата Давидова Куќа :^) рисјанска секта позната по своите напредни сфаќања, афери со оргии, безбол клубот и по тоа што имале сопствено гратче и сите мажи морале да носат брада.

    А кога рисјанска секта се качува на брод во чие име стои зборот Ружа - не може да испадне ништо добро.

    Есента 1921, бродот повторно се појавил на пристаниште, овој пат Ен Арбор, повторно превртен и повторно без ниту еден од луѓето кои биле на него:eek:, овој пат без 11 секташи кои го изнајмиле.
    Секташите ја доживеле истата судбина на несреќниците од 1875, исчезнале без трага и никој не ги видел повторно.
    Причините за превртувањето не биле познати. Времето и условите биле сосема добри иако на бродот имало оштетување, кабината со кормилото била скоро уништена а на трупот над водената линија имало дупка. Тоа наведувало на заклучок дека се работи за судар но ниту еден брод не пријавил такво нешто и никогаш не се појавиле сведоци на таков настан ниту пак се пронел глас за поправка на оштетен брод кој евентуално би учествувал во сударот.
    Никогаш не се утврдило кој е мистериозниот брод кој ја удрил Роза Бел.

    Без разлика на превртувањето, бродот во двата случаи останал над вода и било бизарно како баш никој не се спасил и не само тоа туку тотално исчезнале без траг.

    По овој инцидент, почнале да кружат гласови дека бродот зема жртви на одредено време, as if it had a mind of it`s own :^) а една од теориите подоцна била дека патниците од 1875 влегле во временска дупка, се појавиле во 1921 изнајмиле стар дотраен брод, ја сочекале Роза Бел да доплови до истото место каде што тие исчезнале (и навистина превртувањата се десиле скоро на идентични места) - и со целосна брзина удриле во нивниот поранешен-сегашен брод-душман. Или беше обратно? :unsure

    Ова со временските парадокси предизвикува главоболие :zelen
    Како и да е, после вториот инцидент било решено да не се ризикува повторно со Убавата Ружа, бродот бил размонтиран за секој случај и послужил како огревно дрво, испраќајќи ја последната симболика на пеколните огништа каде можеби ги испратил секташите поради нивните гревови :frantic
     
    На ScorpioNka, Tantara, Хоуп* и уште 1 член му се допаѓа ова.
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Кажано е дека параноикот треба само еднаш да е во право, а во случајот со невработениот германски граѓанин Гинтер Стол - и тоа како бил во право :confused:

    Човекот во средина на неговите триесетти бил сосема обичен, regular Joe кој со ништо не се разликвуал од останатите освен што во последните неколку години од животот почнал да се интересира за алтернативни погледи кон реалноста. Одвреме навреме неговите блиски и сопругата забележувале како споменува нешто во смисол дека `тие` се криви за ова или она или дека `тие` кројат планови да го уништат.
    На прашањето кои се `тие`...одговарал конфузно со нешто како `па знаете.....тие` :kafe

    Последните месеци од животот ги споменувал се` почесто а на кобниот 25.10.1984, Гинтер бил видно нервозен, како да чувствувал закана по својата безбедност.
    Приквечерта бил замислен и одненадеж извикал `Сега сфаќам!`:frantic после што недефинирано изјавил дека непозната групација луѓе сакаат да го ликвидираат или нешто слично. Еурека-моментот бил проследен од шифра која оденакде му искрснала во главата и Гинтер ја запишал на хартија, тоа биле шест големи букви (YOGTZE) кои нешто подоцна ги прецртал (или подвлекол, не било баш јасно)...

    Неспокоен, Гинтер отишол околу 23.00 часот во барот во гратчето каде живеел и нарачал пијачка. Откако ја испил првата голтка нагло се онесвестил и удрил со главата во некоја столица. По извесно време се освестил и си заминал без да се напие ништо повеќе.

    По околу четири часа, двајца камионџии забележале слупан Голф-кец покрај автопатот а блиску до голфот стоел некој лик облечен во бела јакна. Набрзо пристигнала полицијата која го пронашла Гинтер тешко претепан во седиштето на голфот. Иако со тешки повреди успеал да се врати во свесна состојба додека полицијата го извлекувала од голфот. На прашањето што се случило - им кажал дека `тие` го претепале и дека се работело за четворица напаѓачи кои прв пат ги гледал во животот...
    На пат кон болница Гинтер им подлегнал на повредите :(

    Полицијата утврдила дека голфот воопшто не бил оштетен од излетување од патот туку дека бил турнат во ендек, обдукцијата и тестовите утврдриле дека немало ниту алкохол ниту дроги или лекови во крвта на Гинтер. Истрагата укажала дека Гинтер бил запрен на патот, изваден од голфот и тепан а потоа вратен внатре и колата била турната настрана.

    Никогаш не се утврдило кој го убил Гинтер Стол или причината за убиството и до денес не се знае кои биле убијците или ликот во бела јакна кој бил виден до самото место на злосторот.
    Ништо помалку мистериозна не останала и пораката (шифрата?) со шест букви која ја напишал и оставил на сопругата.
    Организираноста на убијците и неоставањето траги укажувале на професионализам што уште повеќе говорело за фактот дека Гинтер бил на траг на нешто.
    Што било тоа нешто, никогаш нема да се дознае, иако е јасно дека целиот настан никој не би го организирал само за да убие некој небитен лик од германска вукојебина што наводно страдал повремено од параноични испади... и кој предвидел дека ќе се случи нешто такво таа ноќ...

    Останува нејасно зошто не избегал некаде далеку (а можеби и се обидел бидејќи бил најден на автопат) и дали некој му имал стаено `дрога во сокчето` во барот. Она што е сосема јасно е дека не бил баш доволно параноичен :cool:
     
    На ScorpioNka, Хоуп* и Struggler им се допаѓа ова.
  8. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,682
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Машки
    s_-nikole.jpg ГЕОГЛИФ кај СВЕТИ НИКОЛЕ ! :^)(wave)
     
  9. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,682
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Машки
    Ајде нешто ново некој ако има или му останала во сеќавање некоја мистерија тука во Македонија,нешто повеќе за Маврово,Катланово,Тиквешко езеро,Скопје итн.
     
  10. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,682
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Машки
    Незнам дали тука негде на форумов има али како што барав не најдов,се работи за мистеријата од преминот Диатлов на Урал,нели да не должам тс да не правам копи пасте само сакам да кажам дека е дооста интересно да се најде и да се прочита..
    Нели се работи за енигматска мистерија од 20 век и 60 години веќе никој не е во можност да истражи што се случило со 9темина луѓе (научници) кој мистериозно загинаа додека пешачеле во северниот дел на планината Урал,некој велат хипотермија,некој студ, други пак велат вонземски сили,нуклеарни експерименти итн,тогашната ппотрага по нив откако биле пронајдени делови од нивните шатори и облека се утврдило дека биле радиоактивни со тоа што остатоци од нивната кожа била со некаква кафена боја...

    Под команда на Игор Диатлов во 1959 година 10 истражители ( 8 мажи 2 жени ) студенти на Политехничкиот институт на Урал Екатеринбург започнале истражување на врвот Otorten кој се наоѓа на северниоот дел на планинскиот масив,така почнал нивниот смртоносен истражувачки поход..
    После тоа,ништо друго неможе да се објасни.
     

Сподели: