Мистерии (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Малезиската власт со декрет го објави случајот за разрешен без никакви докази за судбината на авионот, базирајќи ги своите одлуки на инфото од британска сателистска компанија на која биле претплатени малејжн ерлајнс за прибирање на пингови од моторите..... авионот се упатил накај Антарктик и паднал наводно на 1.500 миљи западно од Перт (!?).
Бидејќи Антарктик е познат по своите одлични услови за живот, прекрасните аеродроми и инфраструктура (не за џабе Хитлер избега таму :pusi) тврдењето на власта има повеќе дупки од мрежата на Мојс.

Кинеските роднини на исчезнатите, иритирани од моронските објаснувања на малезиските власти, се собрале на протест пред амбасадата на малезија во кина, имало и нереди.

http://edition.cnn.com/2014/03/19/world/asia/malaysia-airlines-plane-ground-witnesses/
http://www.nydailynews.com/news/wor...irlines-flight-day-vanished-article-1.1729375

Изјавите на рибари од Малдивите непосредно после исчезнувањето се тотално игнорирани и со тоа е изгубено драгоцено време за евентуално пронаоѓање на авионот.
Типичната смрдеа на заташкувањето и овде е присутна, whitewash and all...

Друга теорија е шо ја спомена егзистенз околу психолошката ситуација на пилотот за кој негов колега сведочел дека не бил арен последно време, особено пред самиот лет.....
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Индиски Ц-130 се срушил на враќање од потрагата по исчезнатиот авион, настрадале шест лица. Пример за ризиците кои ги носи алтруизмот? (think)
Слично како случајот со летот 19 и ескадрилата торпедни авиони Авенџер кои сите исчезнале на истиот лет кај Бахамите....и хидроавионот кој бил пратен да ги бара......исчезнал... до ден денес без трага после since 1946.
Наводно фатени пингови на сонар од страна на кинески бродови.

Дали Атлантида и Лемурија имале фудбалски репрезентации?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нешто слушав пред некој ден, околу кризни ситуации, трети светски, револуции и слични забави - дека повеќето од државите во светот имале подземни скривалишта во распон од обичен бункер па се` до подземни градови.
Во САД се познати Чејен маунтин и Рејвнрок каде што постојат огромни подземни комплекси, во првиот случај издлабени во гранитна планина, каде што америчката власт и главниот штаб требало да се скријат во случај на инкаминг нуклеарни проектили. Освен подземните градови имаат и неколку авиони, сериозно модификувани Боинг Б-707 и 747, не само Ер форс 1 туку и многу други, Е-4 Најтвоч на пример, тука биле и соодветни бродови кои овозможувале продолжување на дејствија после `првиот удар`.

Советските власти исто имале такви чуда, како континуитет на подземни тунели и градби уште од времето на Иван Грозни, под Кремљ наводно имало специјална линија на метрото која водела до други подземни центри или аеродроми и за неа требало хајест клиренс за да се пристапи. Најголем дел од тие градби биле започнати во времето на Сталин, а колку и какви постојат е предмет на шпекулации. Друг центар имало под планината Јамантау на Урал.

Хитлер, како убер-злобна но и впечатлива особа имал свој подземен град под Берлин а нешто имало и во Источна Прусија. Можеби единствен пример на ставање во оперативна употреба на типично думсдеј живеалиште со цел да се заштити власта, иако знаеме како сето тоа заврши (or do we?:^)). Во Баварија имало напуштени рудници за сол кои нацистите ги модифицирале во подземни бази од каде што требало да делуваат наци-герилските сили, организацијата Ди Веревулф после потпишувањето на капитуалцијата, вршење зулуми по сојузничките окупациони зони. Не биднало нешто од тоа, рајата била уморна од војни... но затоа останала легендата на нацистичките тајни бази на Антарктик (лично тоа ми е омилена теорија :zelen) каде Адолф, Менгеле, Борман и други фини господа и дами нашле прибежиште од рушевините на третиот Рајх и нормално, напорно работеле на создавање на четвртиот Рајх (а што друго и би правеле по цели денови на Антарктик).
Оваа теорија се базира на реални експедиции пред војната на Антарктик каде била прогласена Нова Швабија на одредена територија на белиот континент. Бел=ариевец лол.

За екс-Југославија знам за подземниот град на Тито, `Д-0` кај Коњиц во Босна и за подземниот аеродром (no brainer, but still... :zelen) Жељава, исто во Босна, не сум сигурен дали авионите само полетувале оттаму или имало и можност за слетување.
Во Романија, Чаушеску изградил подземна мрежа под Букурешт, посебно околу неговиот дворец кој сеуште не бил доволно истражен а наводно имало и раја која залутала истражувајќи по тунелите.....and was never seen again. На несреќа на Чаушеску, не успеал да стигне до тајните бази, бил фатен а кој сака може на јутјуб да гледа снимка од неговата егзекуција.

Во Македонија има муабети за планината Јасен каде што имало екс-ЈНА подземна база која денес имала намена за прибежиште на политичари во случај на фрка и некои муабети за слична градба на Криволак (!?).
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Слична мистерија како во случајот на исчезнатиот авион на Малејжн ерлајнс имало и во минатото,во 1947 британски патнички Авро Ланкастриан (за оние кои се фанови на летечки машини - адаптација на бројните бомбардери Ланкастер, познати по ноќните посети над немачки градови) на компанијата Бритиш Саут Америкен на пат од Буенос Аирес кон Сантиаго во Чиле - исчезнал без никаков траг.
Овој случај станал славен меѓу љубителите на мистерии поради последната порака на пилотот која гласела `стендек`, збор без некое особено значење кој бил повторен на барање на контролата на лет неколку пати. Подоцна овој збор бил толкуван на разни начини, од забеганост на пилотот па се` до добрите стари мали зелени вонземјани кои киднапираат раја. Нејаснотијата на последната комуникација само придонесувала за мистичноста во овој случај.
Бензин на мистериозниот оган додавале и изјави на радио аматери дека и по последниот регистриран контакт со контролата, примиле `сос/мејдеј/something` сигнали.

lancastrian8.jpg

Потрагата не дала никакви резултати и случајот останал без објаснение. Со децении се шпекулирало за судбината на авионот, се` до 1998 кога бил најден првиот траг од авионот, дел од моторот од страна на планинари во Андите.
Подоцна војници на аргентинската армија нашле некои остатоци од лешеви за да во 2002, цели 55 години после настанот, преку ДНК идентификација се потврди идентитетот на патниците и судбината на авионот кој закачил врв со долниот дел од трупот и се срушил врз глечер.

Снегот кој силно врнел го прекрил авионот и оставил останатата работа да ја заврши глечерот.
Глечерот, делувајќи во склад со својата нестабилна природа целосно го прекрил авионот со мраз, едноставно го голтнал и го лансирал меѓу легендите.
Со подоцнежно топење на мразот, после половина век - од замрзнатата утроба на светлина на ден излегла тажната реалност.
За потомците и понекој сеуште жив современик на патниците - конечно случајот добил епилог.

Можно е и во случајот со Малејжн да се случило некакво фрик сценарио како ова погоре со што вистината би останала во домен на шпекулации се додека контра-фрик-ивент не би дал некакви одговори.

103624.jpg

Патничката кабина на Ланкастриан, прилично удобна за тоа време, не би била за фрлање ниту денес, рајата би седела свртена кон прозорците, што е последица од тоа што сепак овој тип летала е адаптиран од носач на бомби во носач на патници и пошта.(smoke)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тајната на темата `Мистерии-генерална-дискусија`.

Постоел еден форум на Ксенфоро платформа кој се викал Црно Бело форум. Освен анимозитет кон отварање теми за Ресен, фатва за користење латиница и мнозинство на јузери од женски пол, на него постоел подфорум за мистерии а во тој подфорум била и споменатата тема. Темата била прекрасна па дури може да се каже и неверојатна, едукативна и на моменти језива, а сепак си била без постови, не генерирала интерес, на неа имало сообраќај колку и низ преспанските автопатишта со шест ленти... Ако може да се употреби малку претерана виртуелна аналогија со риал лајф тоа е исто како да постои некоја феноменална женска за која никој не пројавува интерес. Но што да се прави, авторот на темата мора да го прифати фактот дека не` секој е љубител на непознатото, на тајното, на неоткриеното, на историските амбиси и денешни понори... и да продолжи сам да си пишува на неа, продлабочувајќи ја мистеријата на главно игнорираната тема `Мистерии-генерална-дискусија` ! :((:|(worried)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ајде да ја активираме темава малце :D. Неколку работи ме интересираат затоа да си прашам :).

Најпрво да прашам за Стоунхенџ. Имаше една емисија каде што кажуваа дека Стоунхенџ го изградиле вонземјани, дали е вистина тоа или сепак е направен од луѓе? Ако е направен од луѓе тогаш како успеале во тоа време да подигнат толку високи и тешки камења и зашто воопшто е направен Стоунхенџ? :)

Другото прашање е во врска со Ареа 51 во Америка. Дали стварно таму е снимано спуштањето на Месечината, со цел Америка да биде првата земја која пратила луѓе на Месечината? :)

Уште ова за крај и толку :). Ме интересира за Британскиот патничкиот брод Луситанија кој испловил од Њујорк а потонал кај јужниот дел на Ирска во 1915 година, бил погоден од германска подморница која мислела дека е воен брод, умреле 1198 патници од кои 124 Американци. Е сега прашањето ми е, дали британците намерно ја пратиле Луситанија на самоубиствено патување за да ја натера Америка да влезе во првата светска војна? И дали стварно била воен брод за пренос на муниција кој со помош на 1198 невини патници го криел својот идентитет? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
СС Оуранг Медан

Станува збор за брод дух, за кој многу скептици се сомневаат и дека воопшто постоел и дека е само легенда.
Во Индонезија во 1942 година, биле примени повици за неволја од холандски брод, во кои било кажано дека „сите офицери, вклучувајќи го и капетанот се мртви, и лежат на палубата.
Најверојатно целиот екипаж е мртов“. Потоа следувале неколку морзеови знаци, кои било невозможно да се дешифрираат, и конечно, на крај стигнала пораката „Јас ќe умрам“.
Откако бил пронајден неоштетениот брод преполн со мртви тела, било востановено дека сите умреле од застрашувачка смрт и се наоѓале во чудни пози, а сепак, немало никави траги од било какви повреди или насилство, на ниту едно тело. Широко ококорени очи, широко отворена уста, изрази на лицето кои укажувале на огромен страв и агонија, дури имало и умрено куче со исто така чуден израз на лицето. Меѓу првите кои го примиле повикот за помош бил бродот Сребрена ѕвезда кои веднаш го смениле курсот и се упатиле кон бродот за помош...Но, наишле на брод полн со трупови...Решиле да го влечат бродот, но откако го врзале по неколку мигови бродот експлодирал и бил проголтан од водата....
Теориите за можните причини за судбината на овој брод дух се пред се’ труење со отровни материи како калиум цијанид (KCN) или јаглерод моноксид кои би биле причина за асфиксија и труење (и демек одтаму застрашувачките фаци на мрвите тела). Се разбира и во овој случај постои теоријата за напад од страна на НЛО.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ајде да ја активираме темава малце :D. Неколку работи ме интересираат затоа да си прашам :).

Најпрво да прашам за Стоунхенџ. Имаше една емисија каде што кажуваа дека Стоунхенџ го изградиле вонземјани, дали е вистина тоа или сепак е направен од луѓе? Ако е направен од луѓе тогаш како успеале во тоа време да подигнат толку високи и тешки камења и зашто воопшто е направен Стоунхенџ? :)

Другото прашање е во врска со Ареа 51 во Америка. Дали стварно таму е снимано спуштањето на Месечината, со цел Америка да биде првата земја која пратила луѓе на Месечината? :)

Уште ова за крај и толку :). Ме интересира за Британскиот патничкиот брод Луситанија кој испловил од Њујорк а потонал кај јужниот дел на Ирска во 1915 година, бил погоден од германска подморница која мислела дека е воен брод, умреле 1198 патници од кои 124 Американци. Е сега прашањето ми е, дали британците намерно ја пратиле Луситанија на самоубиствено патување за да ја натера Америка да влезе во првата светска војна? И дали стварно била воен брод за пренос на муниција кој со помош на 1198 невини патници го криел својот идентитет? :)
Amen, son. :D
За Стоунхенџ ќе прочиташ и чуеш илјадници теории, но ниту една не е потполно точна или неточна. Тоа и е една од најголемите мистерии бидејќи не се откриени логични објаснувања околу неговата изградба и намена. Од тоа што имам прочитано, највеќе ми држи вода со сличноста во начинот на кој се претпоставува дека биле градени и пирамидите - камењата биле влечени од групи луѓе или пак волови, откако претходно со помош на ископотини се правел простор за поставување на посебно подготвени подлоги, премачкани со некакви масла за да се лизгаат полесно блоковите. :D (Oh, mind...y u so dirty? :^))
Друга теорија е пак поврзана со ископани дупки во чија близина се оставале камењата на кал'ч, што се вика по нашки, па потоа се оставало на природата и гравитацијата да го направат своето, по што остатокот од дупките бил покриван т.е. затрупуван по процесот. Здравје, тоа ако чекале на природата, ваљда од колено на колено си пренесувале - прадедото ќе ископа, правнукот ќе затрупа.
Намена...не се знае. Дури не се докажало времето од кое потекнуваат (околу 5000 години п.н.е.), се сметало за можно дело на римски владетели во чест на некакви божества, но тоа пропаднало во вода. И уште не се знае, но се претпоставува дека служело за молитви/обреди или лес лајкли - мерење време...којзнае како.

За бродот не сум информирана, а за Ареа 51 може ќе најдеш повеќе информации тука.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Значи нема врска од тоа што сум гледал на тв, дека вонземјани дошле и го изградиле :D. Јас сум читал дека го граделе во 3 фази. Првите градители колку што памтам почнале околу 2700 п.н.е. и ги направиле тие дупките за камењата и ставиле во средина еден камен, луѓето што граделе после нив ги донеле другите камења и ги оставиле легнати, а овие последниве ги исправиле камењата кои тежеле по 50 тони. Значи тие луѓе што го граделе Стоунхенџ сигурно имале познавања од повеќе области, зашто не направиле нешто со што би ги забрзале напредокот? На пример еве тркало зашто не направиле, нели тогаш немало тркала и такви работи :).

Во темата за Ареа 51 слабо има тоа што ме интересираше :D.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra