Меѓународен ден на трудот - 1ви Мај

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
0.0.0.0.0.0.0.0.0.0.0.0.0.a.a.picnichok.jpg

Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.
Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред се во комунистичките и бившите комунистички земји.

И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.

Работници и неработници... :) Како вие го поминувате овој ден? Дали одите некаде на еднодневен излет во природа, со скари,салати,пиење итн или можеби на повеќедневно кампување покрај некоја река или во планина? Или едноставно само излегувате на прошетка до парк?

Јас секоја година одам на еднодневен излет,само што скоро секогаш локацијата е различна. Ги имам посетено Маркова река во Драчево,Велешко езеро,Блаце кај Катланово и Катланово.. Оваа година најверојатно ќе одам пак во Велес. Вие? :D
 
Последна промена од модератор:

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Секоја година на различна локација пред неколку години во коријата над ерековци Hip.Hop_MKD знај кај е то , после следната година па во братиндол битолско на голема ливада мисла мсе вика местото, лани исто братиндол ама на викендицаи оваа година во план е да одам во Будимирци на викендица..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Први мај, ден на трудот, работнички права... Наместо да се борат за нив, работниците седнати и јадат скара. Насекаде на светот има штрајкови, ова, она, а ние седнати на некоја ливада или во некое село, скарата, пивото. Како да ни е се полно- рамно :D
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Први мај, ден на трудот, работнички права... Наместо да се борат за нив, работниците седнати и јадат скара. Насекаде на светот има штрајкови, ова, она, а ние седнати на некоја ливада или во некое село, скарата, пивото. Како да ни е се полно- рамно :D

Точно, тоа е ден кога почнале големи штрајкови, така треба и тука, ама јбг кога ги експлоатираат како црнци за 5000 (минималец 8000 ама 3000 треба да му ги врати на рака на газдата) по 12 саати работат, ни слободен ден ни бутир и место масовни протести они прават масовни скари, епа како да ги жалиш? Симболични протести праеле од ССМ од ССМ до влада ќе се проештаат и ќе се убацат на скара кај жабарот позади ЦК, е така не иде. Треба масовни протести, нереди, да се дигне све живо. Гледајте какви протести има во гејлада, во франција, англија. Само нека проба некој таму да скрати некое право, ќе ја запалат цела држава, ама затоа и си ги уживаат сите права. Овие нашиве си седат мирни, дозволуваат да ги експлоатираат некои новопечени олигарси, им ќутат и ќе се жалат по емисии само. Додека сами не излезат и да направат опасен протест ништо не праиме. Железара кога ја раскчмиле, се собрале 13 000 вработени, у центар било како граѓанска војна да има, во собрание имаат влезено внатре, лом напраиле... тоа е протест, ако има такви ствари почесто ќе имаат и плод тие протести.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Marrie

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Први мај,што е тоа?:DСум заборавила како изгледа да не работиш на празник и тоа на Меѓународен ден на трудот ејјјјј:stomp
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Или во Дојран ќе бидам или во странство. А не се исклучува можноста да останам дома. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

Faith

Истакнат Член
19 февруари 2012
46
65
318
Skopje
Кај нас секој ден е ден на трудот а на Први мај е само неработен ден кога не мора да бараш оправдување за правење скара и пиење пиво :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto