Метеопати

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Според некои истражувања, околу 80 отсто од светската популација има тегоби при промена на времето, а метеоропатијата, или „болест на времето“, денес ги погодува и здравите лица, помладите луѓе, па дури и децата.
Пасивните метеопати врз основа на тегобите што ги чувствуваат можат непогрешливо да предвидат какво ќе биде времето во наредните денови.
Лекарите сметаат дека временските прилики секако имаат влијание врз организмот и психичката состојба на луѓето, на кои најмногу им пречи преодот од студено во топло време, бидејќи голем дел од нив се физички неподготвени, при што процесот на адаптација тече поспоро.
Метеоропатијата до денес не добила официјално место во медицината, иако за неа одамна се знае.
getImageThumbnail.php
Ве вртеле ли коски? Ве болело ли глава без особена причина? Меланхолијата и депресивното расположение што го создава долгиот дождлив период, температурните разлики, еден ден топло и сончево, еден ден облачно и ладно, навистина им здодеа на многумина, а особено на лицата - метеопати. Пишува д-р Елида Михајлоска, лекар по општа пракса...



Патите ли и вие од промени на времето? Ве мачат ли следните тегоби:
Психички: замор, нагли промени на расположението, недостиг од концентрација, безволност, раздразливост, несоница.
Физички: главоболка, мигрена, мачнина, вртоглавица, ревматски тегоби, болки во мускулите.
Кардиоваскуларни болести: влошување на состојбата во вид на забрзан пулс, зголемување на крвниот притисок.
Дигестивен тракт: изразен гастритис и болки во стомакот, во случај на чир на желудникот и на дванаестпалченото црево.

Превенција
За да се спречат метеопатските тегоби, треба да се избегнува поголем физички напор, повеќе да се престојува на отворено (доколку временските услови го дозволуваат тоа), да се консумираат овошје и зеленчук и да се пијат течности, но не и алкохол. Во случај на поизразени симптоми неопходна е консултација со лекар што ќе ја одреди терапијата, а на хроничните болни евентуално да им се коригира дневната доза на лекови. Се препорачува користење јонизатор на воздухот што создава негативно наелектризирани честици, кои позитивно дејствуваат кај болните од астма, бронхитис, алергии, но и на оние што имаат зголемен притисок и психички проблеми.

Како да се ублажат метеопатските проблеми?
Хроничните болни и метеопатите би требало редовно да ја следат биометеоролошката прогноза и да се однесуваат во согласност со упатствата. Здравата храна, консумирањето овошје, зеленчук и повеќе течности (вода и билни чаеви) исто така можат да ги ублажат тегобите поради промената на времето. Не се препорачуваат многу студени и слатки пијалаци и алкохол. Неопходно е лицето да има мирен сон, но да се одмора и во текот на денот. Се препорачуваат умерена физичка активност и престој во природа.

Дали и вие сте метеопати? Како се справувате со тоа?
 
Последна промена од модератор:

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Сега прв пат осетив болки во рацете и вратот. Како што нагло се менува времето така мене ме боли се, ако вака продолжи најчесто ми преоѓа во настинка.Е сега незнам дали сум метеопат зашто не ме боли стално само ден до два од кога ќе се смени времето после не.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Епа и кај мене така е , ден два...некогаш и повеќе трае...овој пат ме болеа мускулите на нозете и зглобовите кај стапалата, денес грбов,половинава...не се трпи (worried) некогаш не можам да се допрам на тоа место пр на рака, како изгорена ми е некое глупо чуство не можам да го опишам, дури и влакната (ако имам) да ги допрам ќе осетам болка :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
И јас имам мака ме боли главата и ногата каде што сум опериран пред две години. Ама еден Аналгин чуда прави и немам гајле.. ;)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
немам проблеми....
издржав зима......работно......не се разболев...
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Денес помислив за прв пат во животот дека сум метеопат.Не дека имам реума или нешто слично туку мислам дека ми влијае на расположението и тоа многу.
И денес не ми се допаѓаше времето.Катастрофа сум со расположение.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Немам никаков проблем, мојата класна имаше, многу тешко се сносуваше си истата, се ја болеше, цело тело... :eek
 

Untitled

Нов член
19 октомври 2014
4
1
3
Метеопат до коска,интересни превентивни совети.Прв пат слушам за ваков јонизатор за воздух,има некој искуство со нив?
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Имам и промена на расположение и болки во коските и мускулите. Особено времево сега, сите што ги знам ги зашеметува, спиење, легачење, немање волја за ништо, низок притисок, активација на реуми. Решение или снег или сонце нека се реши :nah