1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Месечарење

Дискусија во форумот 'Спиење и сонови' започната од Gabby, 15 март 2012.

  1. MacedonishQueen

    MacedonishQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 јуни 2015
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    131
    Хахах интересна тема! Не сум месечарела али сум зборела. Пред 2 год сум легнала да спиам и сум викала нее немој нее го тепај греота е и сум претала со рацете а најсмешно е шо сум почнала да плачам и сум викала само неее хахахах.
    А братучеда ми месечари, еднаш спиевме кај нив тие имаат куќа на 3 спрата и како шо спиеме ја осетив дека станува го трга пердето и на балкон излегува и си се чудам шо бара девојчево у 2 саат на балкон? Ај си велам можи лошо и е. Кога гледам таа едната нога ја клава над балконот, а она спие и сака да се фрли и сеа ја гледам шо прае..и сама си се разбуди и се уплаши :rofl:nerd

    А мајками ми има кажувано за тетин ми навечер како што си спиел и станал пошол во ходникот и ги облекол штиклите на тетками и онака по гаќи и штиклите излегол надвор и наполнал вода од чешмата и влегол натре и на тетками ја прскал со вода и викал пиш пиш хахахахахахаххахаха:rofl:rofl
     
  2. Едно Чудно Дете

    Зачленет на:
    17 декември 2015
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    0
    Не баш месечарење ама зборев што не треба во сон,сум пцуел
     
  3. Big Berta

    Big Berta Староседелец

    Зачленет на:
    7 февруари 2015
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    208
    Другарка ми е месечар. Се разбудила некоја вечер, мажот ѝ ја сетил и чекал да види што ќе направи. Стоела во темното и по некое време ја запалила ламбата и немо го посматрала човеков. Не сакам ни да помислам колку му било крипи во тој момент!
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Јас си имав свои квази месечарски епизоди, веројатно поради промена на живеалиштето. Првата година кога дојдов во Скопје после некое време со цимерот увидовме дека јас сум станувал во сон и сме си правеле нормален муабет, само што јас не се сеќавав на муабетите. Трауми си имаше детето, после некое време прашуваше дали сум буден или пак си прави муабет со мене дур спијам:biggrin
    Еднаш другар ми се јавил додека спиев и сме си направиле фин муабет, дури и за излегување сме се договориле. На крај се изначекал па му здосадило и ми се прејави:patos
    Сега ептен ретко имам вакви "доживувања", најчесто кога сум дома и дознавам од моите утредента.
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Big Berta

    Big Berta Староседелец

    Зачленет на:
    7 февруари 2015
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    208
    Внимавај ако си со девојка, може секаква информација да извади од тебе. :D
     
    На malo и existence им се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Којзнае, муабетите што сме ги правеле биле нешто поврзано со факултет. Може знам да разликувам што е за кажување, а што не во таква состојба.
     
    На malo и Big Berta им се допаѓа ова.
  7. Alaysa

    Alaysa Полноправен Член

    Зачленет на:
    17 декември 2015
    Мислења:
    67
    Допаѓања:
    15
    Имам братучедка, и кога бев кај нејзе на гости, многу работи се случија.. Кога ми имаше она кажано дека месечари мислев дека не е страшно, се додека не дојде таа вечер, страшна работа е ова, да не бевме тука таа ќе си се фрлеше од прозор омг омг (worried)
     
  8. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 септември 2016
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    112
    До 15 години редовно станував секоја вечер и ја отклучував главната врата. Секое утро ја наоѓаа отворена, послем увидовме дека си месечарам, па го вадеа клучот од вратата, а кај сум одела, шо сум праела и дали сум одела некаде, појма немам. :facepalm2 Не ми текнува.
     
  9. Traviesa

    Traviesa Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 јуни 2016
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    15
    Штом се спомне "месечарење" во себе се парчосувам од смеење заради другарка на моја другарка што си ја ставила перницата во замрзнувач. :D
    Иако случајов ми е смешен, месечарењето е озбилна ствар и сигурно не е баш лесно да се живее со месечар дома. Јас па како што се притресувам за блиските тешко дека би спиела ко човек.
     
  10. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Не месечарам и тоа е мн опасно
     

Сподели: