Менструални болки

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сум слушнала дека колку повеќе лекови пиеме поради болната менструација, толку поголеми болки ке имаме. Јас имам големи болки пред и за време на циклусот, но пред неколку години престанав со лековите затоа што и не ми помагаа многу. Ми беше потребно да испијам поголема количина на лекарства за да можам да ја намалам болката, а лекарствата кои ги пиев ми создадоа други здравствени проблеми, претежно проблеми со желудникот и бубрезите, затоа ви препорачувам, особено на помладите девојки, да пробаат без лекарства. Малку болка неколку дена не е ништо во споредба со проблемите кои можат да ги предизвикаат лекарствата, но ако болката е неиздржлива, тогаш до некаде е во ред.
Сега со болката се справувам на многу поздрав но и ефикасен начин.
Мојот рецепт е чај од стапчиња од цимет. Колку е по концентриран, толку подобро. Можете и да го мешате со нане. Циметот и нанено ке ви ја ублажат болката и ке ви намалат напнатоста во стомакот, но и психичката напнатост која ја чувствувате тој период.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Јас сум осетлива на јајници и морам да внимавам да се облекувам кога е ладно да не седам на ладно,да не се бањам во ладна вода( во Охрид никако бањање).... и сум приметила кога се 'чувам' немам некои неподносливи болки. Но кога имам болки ако не се напијам апче или ако не заспијам со топла вода во шише на стомак, болката не поминува (или пак ракија на пешкирче ставено на бешика).
Кетонал пиев ко помала но ми правеше проблем во желудниокот.Сега вентор или кафетин менструал пијам.
Убаво вели Мало ,најубаво преку природен начин да се смирува болката,затоа што апчињата колку што помагаат толку и штетат.
 

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
36
Oхрид
Сигурно немa некoј пoлoши бoлки oд мoиве дури имам зaвршувaнo нa бoлницa е oд пред две гoдини кoгa пoчнaв нa работа мoрaше дa бaрaм чaре што викaт стaрите не мoзеш дoмa дa седеш мoрa нa работа. Еднa сестрa медицинскa ми кaжa пред дa дoбиеш дa кoристaм кетoнaл чепчинa знaм декa е oдврaтнo aмa пoмaгa и не бoли желудник.Истo тaкa кoристaм и кoјнскa мaс oд чили јa премaчкувaм пoлoвинaтa,и стoмaкoт и мнoгу ми пoмaтa верувaјте се имaм испрoбaнo сaмo oд oвa ми пoмaгa oд тaквa бoлкa сум се oнесвестувaлa еве веќе две гoдини не прoбaјте пa ке видите пoздрaв
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Јас имам преголеми болки, со тоа што ми се случува некогаш да не можам да станам од кревет, а знаат да траат и 3 дена. Избегнувам да пијам апчиња, но некогаш кога морам што да правам, мора некако да се функционира. Се укочувам во цела десна страна. Дури имам гадења, грозници ме тресат.... Од тие страшни болки, добив уплав и секогаш кога одам на преглед, барам детално прегледување на јајниците, но се е ок, наводно имам доста активни јајници и затоа имам толкава болка.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Утоплувања со шише со топла вода и крпче натопено со ракија на јајници, помагаат при смирување на болките.
Од чаеви корисни се чајот од Нане и Вирок.
Ако има некој друг корисни методи за против болки нека сподели. :)
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Не можам да се справам. Пијам кетонал ама ете и тие како да не ми помагаат. Имам силни болки и заради нив сум секогаш нервозна во тие денови.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Знаете некој добар гинеколог (по можност во женски род :sram ) во Скопје што работи со сини картони т. е државно, а да не е во државна? :)
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Значи порано бев многу поактивна од тоашто сум сега и морам да признаам дека болките беа многу помали, да не речам воопшто ги немав, во споредба со болките што ги имам денес. Првите два дена буквално не можам на нозе да застанам од болка. Исто така имам забележано дека ако јадам повеќе junk food пред и за време на циклусот болките се посилни...