Машко-женски кокетирања

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Се случува често пречесто,се шетате со партнерката и наспроти вас поминува женска особа и ве мерка и скришно кокетира за тие неколку секунди додека се разминувате,партнерката до вас тоа го осеќа и почнува да ви се лути како сте безобразни и гледате по други а неа ја држите за рака.
images

Од другата страна па според искуствата на девојките искуството било поинакво,кога шетале сами биле многу повеќе шмекани и заведувани од други момци отколку кога се со партнерот.

Што е вашето мислење,јас имам мое размислување ама понатака ќе го изнесам.
Имате вакви искуства?
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Точно е дека кога сме сами сме пошмекани отколку кога сме со партнерот :D јас искрено воопшто не седам мирна кога се во прашање тие работи хехе... секогаш безразлика дали сум во врска или не си наоѓам некого за шмекање кога сум излезена :D поинтересно ми е така... но останува само на тоа доколку сум во врска, е ако не сум, тогаш може и нешто повеќе :giggle и досега со тие со кои сум одела го знаеле тоа, и им пречело но ајде де, јас пак со мојта глава си терам.. :eek
 

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
Еве да се поправам кога идев со цурата приметив дека повеќе ги ми бегаа очите кон други девојчиња кога зборував со некои флерт постоеше а зашто незнам
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Абе чудни суштества сме. Постојано сме во фрка да се докажеме.
Имам спомнато и во друга тема, ќе спомнам и сега. За голем број на женски, достигнување е машко кое е во врска да заврти глава по нив. Имам зборувано со девојки што го прават тоа и коментарот е: „Убаво ми е да знам дека можам да го имам секого.“ И кога ќе прашаш зошто, одговорот е „Па не сум јас крива што девојка му е никаква, а јас имам способности да привлекувам.“
Море иди отепај се. Кај женските тоа е билдање его. Ама затоа таа кога ќе се најде во врска, а машкото ќе погледне во друга макар и летимично, е тогаш идат испади од јаката женска која до вчера дури била сингл го правела истото на други парови.
За машко пак, додека е сам повеќе се плаши да кокетира за да не добие корпа, оти да бидеме искрени секогаш ќе се најде некоја која ако не личи дечкото на манекен прва класа со богатството на Бил Гејтс и пилешки мозок, нема ни да го рецне.
Ама затоа кога дечкото е во врска, добива некоја поголема самодоверба, бидејќи нели, освоил девојка (а искрено со вакви промискуитетни женски, тоа и е достигнување), па малку станува поопуштен во кокетирањето, мада најчесто е безопасно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Ludaca and Ghtalpo

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
И во двата случаи сум шмекана, но помалку кога шетам со партнер. Зошто?
Тие што шмекаат не знаат каква будала ќе начекаат, затоа зауздуваат голем број на фрази, накитени со епитети од типот - маче, срце, дундо...

Абе чудни суштества сме. Постојано сме во фрка да се докажеме.
Имам спомнато и во друга тема, ќе спомнам и сега. За голем број на женски, достигнување е машко кое е во врска да заврти глава по нив. Имам зборувано со девојки што го прават тоа и коментарот е: „Убаво ми е да знам дека можам да го имам секого.“ И кога ќе прашаш зошто, одговорот е „Па не сум јас крива што девојка му е никаква, а јас имам способности да привлекувам.“
Море иди отепај се. Кај женските тоа е билдање его. Ама затоа таа кога ќе се најде во врска, а машкото ќе погледне во друга макар и летимично, е тогаш идат испади од јаката женска која до вчера дури била сингл го правела истото на други парови.
За машко пак, додека е сам повеќе се плаши да кокетира за да не добие корпа, оти да бидеме искрени секогаш ќе се најде некоја која ако не личи дечкото на манекен прва класа со богатството на Бил Гејтс и пилешки мозок, нема ни да го рецне.
Ама затоа кога дечкото е во врска, добива некоја поголема самодоверба, бидејќи нели, освоил девојка (а искрено со вакви промискуитетни женски, тоа и е достигнување), па малку станува поопуштен во кокетирањето, мада најчесто е безопасно.

И навистина е убаво, не гледам никаков проблем како достигнување, но гледам ако е единствена окупација во тек на денот. Друго, никој не е крив за нечиј физички изглед, сите сакаме да сме убави и привлечни, но исклучок е кога со инает пркосиш на непишани општествени правила за подоцна да се жалиш дека немаш самодоверба.

Факт е дека жените својата самодоверба ја црпат од комплименти, рандом или не е мање битно. Најдрагите доаѓаат од партнерот, другите се за лична сатисфакција, неретко дури и за партнер. Корнењето на тестиси ради залутан, случаен поглед е психопатски и тоа треба да се ногира во момент, секундарно. Со такви дневни "проголтнувања" ќе се доведе врската во затворен круг на садомазохизам, a излез - нема.

Да упецаш некој (да шмекнеш) е безоопасно, а во наредна секунда заборавено. Двата пола го практикуваат, тајно или изразено, но убаво е кога меѓусебно го споделуваат.
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Кога имаш женска сите ти кокетираат и те меркаат, чоек да спобудали, кога немаш женска брат никој не те приметуе бе ко да не постоиш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Најјако е кога поминуваш покрај некој пар, прво во задникот те загледува девојката, после дечкото и после тоа двајцата заедно.
Убаво е да се плакнат очи ама да е дискретно и без дофрлување и свиркање :zelen(star).