Материјалист

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
1.Што е тоа што еден човек го прави материјалист?
2.Дали е лошо, погрешно или егоистичко да се биде материјалист?
3.Дали потребата за материјални работи е еднаква на себичноста?
4.Дали посакувањето и поседувањето на материјални работи, не прави површни луѓе?
5.Дали сте вие материјалисти?
6.Колку се важни материјалните работи за вас?


1. Потребата да поседува работи , пари или предмети од вредност, можеби и да ужива некаков статус во општеството оти овие работи повлекуваат многу други работи со себе.
2. Зависи од кој аспект се гледа. Ако сакаш материјални работи сакаш да уживаш во благодетите на материјалното, но притоа сакаш сам да ги постигнеш и со труд да ги оствариш тие работи тогаш е сосема разбирливо. Но од друга страна многу материјалисти се движат или сакаат да се движат по полесниот пат односно готованџиски да ги добијат работите без многу труд и мака. Фрапантно за мене е тоа што многу девојки во нашево општество се решаваат за овој начин ( реков девојки , немора да значи дека мажите не го прават тоа ) но она што барем во мојата околина го гледам е дека материјалното е најбитно и треба да се има по секоја цена па макар и да се продаваме како на сточен пазар. Ме ужаснува тоа сознание дека моралните вредности се изобличија и се поместија сите стандарди на работите ( незнам ни дали веќе има стандард и што значи тој) . Но сведоци сме на глобално материјализирање околу нас и што е најлошо од мнозинството тоа се прифаќа како нешто сосема нормално.
3. Ако знаеш дека имаш , а знаеш да поделиш да дадеш и да помогнеш онаму каде што треба не , ама има случаи ( за жал повеќе од претходните) каде што да може да биде многу себична и ненаситна таа потреба.
4. Не мора да значи. Сеа ако го земеме материјализмот како широк поим ќе имаме многу за елаборирање и може да не доведе во различни насоки. Не мора да значи дека не прави површни , се додека не се изгубиш во неговата привлечност. Додека стоиш цврсто со изградена свест за што ти сакаш , што тебе ти треба и колку ти е доволно за да се чувствуваш добро ќе знаеш да бидеш умерен и да ги цениш и најмалите работи околу тебе.
5. Материјалните работи секогаш ќе бидат присутни во нашите животи. Прашање е колку ние ќе им придадеме значење и колку ние самите ќе им дозволиме да ни го владеат и да ни влијаат во животот.Многу е битно да знаеш да си умерен во работите.
6. Никогаш поважни од духовното и од моите норми и вредности.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Ако имам се последно од мода и технологија, јас сум материјалист, сељак, бездушник, алчко... Ајде бе?!
Па зошто ако можам да си дозволам да купам јака кола, оригинал трењерки, мобилен, спејс шатл или што и да е, да не купам? Па оној кој може да си дозволи материјални добра, а вози Југо и има Сони Ериксон како мојов од пред сто години, тогаш тој или е скржав или е глуп до бола или е екстремно забеган у некоја филозофија неам појма. Па јас тие ствари ги купувам за мое лично задоволство, а не да се курчам пред раја. Зошто воопшто тогаш се измислуваат нови и нови гаџети? Ајде да возиме запрежни коли и магариња оти нели, за некого и фиќото може да е материјализам. Или да праќаме писма по гулаби.
Жалосно е ако човек се изгуби во материјалното, ако постане негов роб, ако е зависен од предметите наместо да ги искористува, ако тие се единствен извор на негово задоволство, ако трча по нив да ги има по секоја цена притоа неводејќи сметка за никој околу себе. Тоа се за мене материјалисти, среброљубци. Не поштувам ако фрижидерот ми е празен, а целата заштеда сум ја дал за ајфон. Но доколку можам да си дозволам, зошто да не? И тоа не ме прави материјалист.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Батка како тоа е нехумано и понижување за некого ако посакуваш одредена работа? Нема логика.

Плус, само на Балканов постојат луѓе кои не можат одредени работи да си приуштат?

И секој човек посакува некаква материјална работа. Не мора да значи дека на исто ниво.
На пример, ако еден сака кола, се задоволува и со Југо, тука нема ништо лошо или понижувачки. Битно, тој си ја остварила желбата. Друг сака Мерцедес, и тука нема ништо лошо и понижувачки.

Искрено, мислам дека секој човек е од овој тип, односно материјалист, само што повеќето не сакаат да признаат.

П.С. Мислам дека ти збориш за дигнати шмизли, зошто инаку ти нема логика коментарот дека сите кои кои целат да поседуваат одредена, не мора да биде луксузна, но материјална работа, е лигуш.
Не разумеш ти мене. Нема врска. Неам време да објаснују, иам мајстори дома. :D
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Колку трчаш по материјалното,толку забораваш на другите вредности во животот.Љубовта,уживањето,животот.Овие работи не го изморуваат човекот но жедтта по материјалното те исцрпува.
Во ред е да сакаме и да си оствариме еден пристоен живот но да тражиме палати и кули тоа е премногу.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ако имам се последно од мода и технологија, јас сум материјалист, сељак, бездушник, алчко... Ајде бе?!
Па зошто ако можам да си дозволам да купам јака кола, оригинал трењерки, мобилен, спејс шатл или што и да е, да не купам? Па оној кој може да си дозволи материјални добра, а вози Југо и има Сони Ериксон како мојов од пред сто години, тогаш тој или е скржав или е глуп до бола или е екстремно забеган у некоја филозофија неам појма. Па јас тие ствари ги купувам за мое лично задоволство, а не да се курчам пред раја. Зошто воопшто тогаш се измислуваат нови и нови гаџети? Ајде да возиме запрежни коли и магариња оти нели, за некого и фиќото може да е материјализам. Или да праќаме писма по гулаби.
Жалосно е ако човек се изгуби во материјалното, ако постане негов роб, ако е зависен од предметите наместо да ги искористува, ако тие се единствен извор на негово задоволство, ако трча по нив да ги има по секоја цена притоа неводејќи сметка за никој околу себе. Тоа се за мене материјалисти, среброљубци. Не поштувам ако фрижидерот ми е празен, а целата заштеда сум ја дал за ајфон. Но доколку можам да си дозволам, зошто да не? И тоа не ме прави материјалист.
Океј е да си купиш доколку можеш да си приуштиш, но не е ок, барем според мене, да се врзуваш и да зависиш од нештата која ја диктираат најновата мода.
...Да зависиш и да се приврзуваш за нештата кои еден ден ќе бидат неупотребливи, ќе бидат ѓубре, ништо...
Што ако моменталната финансиска ситуација ти се промени по удолна линија?
Постави си го прашањето - Ќе патам ли доколку нема да можам да си ги купам оние тракатанци кои се најнов хит сезонава?
Тогаш ќе сватиш дали си материјалист и колку е лошо или добро да си ако си.
Исто така постави си ги и прашањето- Што ќе ми е најновиот модел кога го имам стариот, малку демоде, ама ја врши истата функција? Од каде доаѓа задоволството да го имам само најубавото и најмодерното?
Тогаш во зависност од одговорот што ке си го дадеш ќе разбереш зошто некои луѓе плукаат по материјализмот и страстните љубители на материјалното.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Секој човек е материјалист.

Материјалист си ако поседуваш мобилен телефон, без разлика и ако тој мобилен е Nokia 3310.
Материјалист си ако поседуваш лаптоп или компјутер. Без разлика дали го користиш за работа на некаков програм, или за фејсбук, или за филмови и игри.
Сите тие работи, какви и да се, најнова мода или најстара, ги користиме за сопствено задоволство.

Не станува збор за најважните вредности во животот како љубов, здравје, пријателиство, и слично, кои сите ние ги посакуваме повеќе од материјалните нешта.
Станува збор конкретно за материјалните работи и само за нив.

Секако дека ако си во ситуација каде што едвај имаш за храна и сметки, нема да го купиш најновиот (а и не мора да е најнов, едноставно, надвор од твоите финансиски способности) мобилен телефон, колку силно и да го посакуваш. Ќе гледаш за да имаш да опстанеш.
Но, доколку си финансиски способен да си овозможиш било што ќе посакаш (па и не мора да е најнова мода или технологија, станува збор за индивидуален вкус и потреба), нормално дека ќе си го купиш.

Факт е дека во денешно време секој сака да има компјутер и мобилен телефон, да поседува парче накит кој го обожава од моментот на првото видување, да пропатува на одредена дестинација во светот, итн....... да бидеме реални.

Секој е материјалист, на еден начин.
 
Последна промена:

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Ја би играла на карта дека нема ништо себично во тоа да си материјалист... Доколку не те поседуваат тие материјални работи, купувај до бескрај и така ќе имаш се, а нема да се изгубиш себеси if you know what I mean. И јас сум материјалист вљада. :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Многумина сте го помешале материјализмот со можноста да се има она што ќе се посака.
Да речеме еве, амбициозна е личноста, работи, заработува, има, може да си овозможи...зошто да не? Треба ли да се откаже од нештото само за да не биде етикетирана ко материјалист? Ниту зема мои пари, ниту ми штети мене на било каков начин. Сама успеала, сама си овозможила, нека. Капа симнувам на таквите што можат да си го овозможат најдоброто со свој труд, а ако јас не сум била доволно амбициозна да го направам истото, а потајно го посакувам, тука е веќе јасно зошто би ја етикетирала таа личност ко материјалист. Нели, во крвта ни е на таков начин да си ги прикриваме сопствените недостатоци.
За материјалисти ги сметам оние што се ем шути, ем се бодат т.е. гребатори кои коњски задник би излижале за да дојдат до некое материјално добро, само за да потоа мерат ташак со истото, односно да си го билдаат егото дека поседуваат нешто подобро од другиве, иако тоа (најчесто) не е нивна лична заработка. Признанието и величањето од другите им е сатисфакција и се во постојана трка да извлечат нешто за да би ги импресионирале другите со својата материјалја “моќ.“
Ако материјалната моќ е нечиј единствен приоритет и услов за среќа, тогаш имаме материјалист во права смисла.

Лично, што знам, не сум материјалист, не ми е битно дали ќе имам најнов телефон, компјутер, богати дечковци и другарки, автомобили итн, ама да бидеме реални пак, колку и да тврди некој „Ма, и во колиба да живеам без вода и струја, само да имам среќа“ - лаже. Пак, во крвта ни е изигрувањето невинашчиња.

Всушност, како и многу дефиниции, и оваа е испревртена, па во најчести случаи нашите погледи на материјализмот се основаат на нашите лични можности. Доколку имаме, следи она „Па си имам, ми се може“ и пецка кога некој ќе не ослови ко материјалисти, а доколку сме од другата страна, кога “им се може“ на други, тогаш веќе е друга приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Искрено јас не се сметам за материјалист иако ги вреднувам материјалните работи но сепак не ги ставам на прво место.Водам скромен живот и таков сакам да имам.Не сакам луксузна куќа сакам само да имам мир во неа,а и не мора да јадам некои скапи јадења само за да се задоволам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Секој човек е материјалист.

Материјалист си ако поседуваш мобилен телефон, без разлика и ако тој мобилен е Nokia 3310.
Материјалист си ако поседуваш лаптоп или компјутер. Без разлика дали го користиш за работа на некаков програм, или за фејсбук, или за филмови и игри.
Сите тие работи, какви и да се, најнова мода или најстара, ги користиме за сопствено задоволство.

Не станува збор за најважните вредности во животот како љубов, здравје, пријателиство, и слично, кои сите ние ги посакуваме повеќе од материјалните нешта.
Станува збор конкретно за материјалните работи и само за нив.

Секако дека ако си во ситуација каде што едвај имаш за храна и сметки, нема да го купиш најновиот (а и не мора да е најнов, едноставно, надвор од твоите финансиски способности) мобилен телефон, колку силно и да го посакуваш. Ќе гледаш за да имаш да опстанеш.
Но, доколку си финансиски способен да си овозможиш било што ќе посакаш (па и не мора да е најнова мода или технологија, станува збор за индивидуален вкус и потреба), нормално дека ќе си го купиш.

Факт е дека во денешно време секој сака да има компјутер и мобилен телефон, да поседува парче накит кој го обожава од моментот на прво видување, да пропатува на одредена дестинација во светот, итн....... да бидеме реални.

Секој е материјалист, на еден начин.


Материјалисти во смисол од потреба од материјални ствари, да, тоа сме сите, духовни компири и месо не се доволни за одржување живот :pusi, луѓето се материјални битија од органски соединенија, вода и по некој метал...
Но материјализмот кој го опишуваш има еден синоним - а тоа е конзумеризам. Потрошувачка која е цел сама по себе. Задоволството е во самиот чин на купување и трошење а не во предметот кој е купен. Тајлер Дурден мрчеше во Фајтклаб за ова...

Какво задоволство може да претставува мобилен!?
И како се јавила таа потреба и тоа задоволство ако се знае колку нова појава се мобилните? Дали една генерација поназад луѓето живееле во незнаење за надоаѓачкото новостворено задоволство кое го нуди парче пластика, лед екранче и пар минерали од Конго Киншаса?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*