1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Масла за коса

Дискусија во форумот 'Коса' започната од MademoiselleD, 24 октомври 2013.

  1. MademoiselleD

    MademoiselleD Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 октомври 2013
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    48
    Тема со цел да ги споделиме искуствата со користењето на маслата за коса : кокосово, бадемово, ореово, чичково... Кое масло го користите и од кое сте најмногу задоволни ? Дали имате определен бренд на масла кои ги купувате ? Колку често употребувате некои од овие масла за коса ?
    Јас лично подолг период го користам кокосовото масло и сум премногу задоволна. Не го ставам повеќе од 2 пати неделно. Го ставам од коренот па се до врвовите на косата. :) А вие ?
     
  2. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    А зошто служи односно каква корист има косата од кокосовото масло?
    За оштететна,тенка....?
    Кое масло за каква коса е?
     
  3. MademoiselleD

    MademoiselleD Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 октомври 2013
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    48
    Кокосовото масло се користи за подобар и побрз раст на косата (богато е со витамин Е ) и за помалку расцветување на влакната.
    Бадемовото масло се користи за сува и оштетена коса. Најчесто ова масло се користи на врвовите на косата и го спречува нивното расцветување.
    Ореовото масло се користи за потемна коса и исто така го негува влакното на оштетената и сува коса.
    Чичковото масло го спречува и отстранува првутот, го спречува опаѓањето, го зајакнува влакното и и' дава виталност на косата. Има многу јак мирис и не многу пријатен за разлика од останатите масла.
    Го немам само рицинусовото масло користено. Имам слушнато дека се нанесува само на скалпот и дека на косата и дава сјај и еластичност.
    Не е важно дали влакното е тенко или дебело. Сите масла се нанесуваат на сува коса, а потоа темелно се измиваат со шампон.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Значи, прво се нанесува маслото, па се исплакнува косата, па се мие со шампон?
    Ме заинтересира за кокосовото, може да советувате некој бренд плус цена. :biggrin
     
  5. MademoiselleD

    MademoiselleD Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 октомври 2013
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    48
    Да, да.. Прво се нанесува маслото, остави го да стои 2-3 саати и после нормално измиј ја косата со шампон. Последното кокосово масло кое го купив беше од ДМ, а цената е некаде околу 90 денари.Тоа го препорачувам дефинитивно. Преубаво мириса и многу е ефикасно. Може да се најдат мноогу поефтини масла. Во Зегин ги има маслата на Фитофарм и Галафарм ( според мене тие на Фитофарм се за нијанса подобри од маслата на Галафарм ). Мислам дека цените им се движат некаде околу 70-80 денари.
    Има масла и на Бонес во Рамстор. Тие ми се чини дека се најефтини, некаде околу 30-40 ден. ама воопшто не ми се допаѓаат. Многу се водлести за разлика од другите.
    Најквалитетна варијанта за кокосово масло е кокосовото масло во тегличка, го има во Зегин. Тоа е околу 250-300 денари. За ова зборам : images.jpg
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Ова не е за јадење? Или истото е, нема разлика?
     
  7. MademoiselleD

    MademoiselleD Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 октомври 2013
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    48
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  8. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Иам дома едно овакфо нешто, мама га користи, увек кд улегну у веце га читам италијански наслоф
    Olio di riso, burro di carite. Значи рисо, од ориз е овој. Мислу дека е кфалитетно, затој што мама има убаву косу иако е жена у године
    : )
     
    На MademoiselleD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Maјка ми порано користеше кокосово, сега не сум ја видел да става. Врска неам какви резултати имаше кај неа. Јас одамна му се мислам да си земам кокосово, ама ете што од незаинтересираност што од заборавеност не сум земал до сега.
     
    На MademoiselleD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MademoiselleD

    MademoiselleD Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 октомври 2013
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    48

    Може да ја прашаш од каде го купува ? Тоа би требало да е одлично масло, башка од ориз.. Не можам да најдам такво, или па не сум барала кај што треба :/
     

Сподели: