Маларија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Маларијата е инфективна болест што ја предизвикува мал паразит наречен Plasmodium. Има вкупно четири видови од овој паразит и секој има свои специфичности, без оглед дали се работи за реакцијата на медикаменти или според локацијата во организмот по инфекцијата, но и според ефектите што ги има по здравјето на човекот.
Plasmodium falciparum е вид кој географски се простира во тропските и субтропските подрачја, односно околу Екваторот. Инфекцијата со овој паразит може да го загрози животот на заболениот во текот на неколку дена од влегувањето на паразитот во организмот, а кај паразитот постои отпорност на повеќето достапни медикаменати, така што терапијата мора да биде комбинирана.
Plasmodium vivax, P. malariae и P. ovale се останатите видови, кои не се толку опасни за човекот. Постојат примери на успешно закрепнување по еден месец, дури и без лекување со признати медикаменти. Можат да се најдат во сите тропски региони во светот, со исклучок наPlasmodium ovale кој е најден само во западна Африка. Plasmodium vivax и P. malariae можат да се сместат во црниот дроб на човекот, што може да предизвика дополнителни компликации и да бара дополнителен медицински третман.
300px-Anopheles_albimanus_mosquito.jpg

Anopheles albimanus комарецот вцицува крв од човекова рака.
Преносник на овој паразит, а и на самата болест, е женката од еден вид тропски комарец - Anopheles, која со убод го внесува паразитот во човекот. Бидејќи ларвите на комарецот сè до излегувањето од лушпата се наоѓаат под вода, главно во мочуришта, маларијата е најраспространета во мочуришните подрачја. Паразитот се размножува во црените крвни клетки, и ги предизвикува симптомите, а во најтешките случаи предизвикува кома и смрт.
Годишно од маларија заболуваат околу 350-500 милиони луѓе, од кои умираат 1 до 3 милиони луѓе, најмногу мали деца, а 90% од случаите се во субсахарска Африка.[2] Маларија е еден од најголемите проблеми во светското здравство, бидејќи засега не постои сигурна вакцина. Најдобро е превентивно да се земаат лекови, но најефикасните лекови - prophylactic, се многу скапи за повеќето луѓе кои живеат во реоните каде го има овој комарец.

Симптоми
Во зависност од видот на паразитот од родот Plasmodium и времето на инкубација, првите симптоми можат да се јават 7-14 дана или дури и 8-10 месеци по внесувањето на паразитот. Тоа многу зависи и од имунитетот, па можат да се забележат и случаи на потполн имунитет, кој е стекнат со текот на времето.
Симптомите на маларијата, особено во првите неколку денови, не изгледаат ништо поинаку од вообичаените симптоми кои ги имаат некои други болести што ги предизвикуваат бактерии, вируси или паразити. Тоа вклучува зголемена телесна температура, главоболка, замор, засилено потење, повраќање, а можат да се појават и нешто поинакви знаци како суво кашлање, болки во мускулите, зголемување на црниот дроб или дури и нервни дисфункции и губење на свеста, а во најтешките случаи - кома и смрт.

Лекување
Третирањето на оваа болест со соодветни лекови зависи од видот на Plasmodium кој е присутен во организмот на човекот, концентрацијата на самиот паразит во крвта, како и отпорноста на паразитот на некои од лековите. Правилната терапија со лекови против маларија по 48 часа ги отстранува сите симптоми на болеста, а веќе по 3-4 дена паразитот е отстранет од крвотокот.
Постои низа најразлични лекови кои се користат како за превенција, така и за третман на болеста (најпознат секако е кининот), а меѓу нив најефикасни и најпознати се Chloroquine, Mefloquine, Doxycycline, Primaquine, Malarone, најчесто користени во превентивни цели.
За да се спречат рекуренците, односно повторната појава на истата болест, во терапијата се вклучува и Primaquine, кој ќе го спречи повторниот развој на паразитот, посебно на видовите P. ovale и P. vivax.

Маларија му се заканува на половина светско население

Маларија му се заканува на речиси половина од светското население, односно на околу 3,3 милијарди лица, предупреди Светската здравствена организација (СЗО)

Според СЗО, околу 250 милиони лица годишно се заразуваат со маларија, околу 800.000 од нив умираат, најпогодени се жителите на најсиромашните земји. Организациите што учествуваат во борбата против маларијата меѓутоа очекуваат набавка на најефикасни лекови против маларија по субвенционирана цена за сиромашните земји, за да може бројот на смртни случаи до 2015 година да се намали за 70 отсто, пренесува „Блиц“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini