1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Македонски урбани легенди

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Hip.Hop_MKD, 16 февруари 2012.

  1. Sofija...

    Sofija... Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 ноември 2012
    Мислења:
    256
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Абе куќава капавици целата . скапала .некој ја почнал не ја довршил (facepalm)
     
    На Mnogo Bitno му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,028
    Допаѓања:
    2,639
    Пол:
    Машки
    сликите се година и пол стари.... а во куќата 20 а може и повеќе години никој не живее, уништеан е скоро целата, таванот е пропаднат а визбата лани беше поплавена така да ништо чудно ако ако за некоја година се сруши ..:)
     
    На Sofija... и 84 sk_Y ^_- им се допаѓа ова.
  3. Хоуп*

    Хоуп* Proton Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,401
    Допаѓања:
    4,226
    Кога ќе видиш, вкупно толку несреќни случаеви за време на свадба кај што починале невестата и зетот нема низ светот колку што има кај нас, пошто нели секој град си има пруга каде што некогаш некој зет и невеста поминувале па биле згазнати од воз (не знам што барале сами преку пруги да одат на денот на свадбата и зошто никаде зетот не се појавува) и невестата после полноќ се појавува во венчален фустан да плаши мали деца.
    И секој втор таксист во земјава некогаш возел некој патник и патникот си заборавил палто, па добродушниот чичко кога ќе одел да го врати, семејството љубезно му објаснува дека уствари типот е мртов со години :confused:
    И фамозните куќи на хоророт во кои изгубените души кои не си го нашле својот пат после смртта останале да шетаат/летаат низ собите и исто да плашат мали деца, да им се појавуваат на прозори, сад ме видиш сад ме не видиш.
    Ама, колку и да не веруваш во приказниве, језиво е да поминеш сам пример после полноќ на место каде се појавувала невестата или во полош случај да преспиеш во таква куќа.
     
    На Aaliyah, LittleButterfly и Outrider им се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Нице тхреад и лике ит! (пошто едноставно нели.....латиница е кривично дело, освен во некои теми:) )
    Многу рурални ова митовиве....за да бидат урбани :D.
    Јуст киддинг, по селата има многу митови кои за жал нема кој да ги спаси од заборав.

    Што се однесува до језивата куќа во Битола во која како што читам погоре извесен форумџија бил на експедиција, можам да ви соопштам дека нема никакви проклетства освен можеби едно кое сепак на крај било решавачко за судбината на самата куќа. Поради тоа што со некогашните власници сме некакви даљи роџаци можам да кажам ако не од прва барем од трета рака дека немало никакви приведувања во лудници, електрошокови и лоботомии, никакви еврејски семејства кои пред портите на Треблинка ги проколнувале идните сопственици на куќата, никакви духови од турски оџи, сеништа или тролови.
    Имало дури и раја под кирија често во времето кога куќата немала статус на опседната или дувло на џанаци, напротив, била ценета како една од најубавите куќи во Битола.

    Куќата кај Црн Мост припаѓала на семејство Туџарови, власникот кој ја изградил бил професор во средно икономско, стара битолска фамилија, релативно богати, извесен дел од животот поминал во Австрија каде и всушност ја добил идејата за специфичниот архитектонски израз на самата куќа.

    Ако може така да се каже, проклетство сепак постоело а тоа било немањето деца на брачниот пар Туџарови. Во почетокот на осумдесеттите за кратко време еден по друг брачните партнери се упокоиле не оставајќи директен наследник на имотот. Имале внуки на кои се претпоставува дека им ја оставиле куќата но и тоа не е сигурно знаејќи ги измешаните семејно-имотни и правни односи кои во РМ се покомплицирани од обично...
    На овој или оној начин, куќата останала без постојани жители.

    Како и секој објект и овој, бидувајќи неодржуван - почнал да пропушта влага, да пропаѓа и да дојде до ова ниво на кое е денес, заедно со урбаните митови кои се појавиле.

    А дека е језива самата куќа....језива е, можеби впечатокот од самата различност од околните градби засилена со запуштноста и `џунглата` која вирее на место на некогашниот среден и уреден двор, можеби нешто друго, субјективен впечаток, нешто навистина е недефинирано при влез таму...:confused:


    Точно, митот со мртвата особа има десетици варијанти за кои имам слушнато, една беше со некаков шофер на камион кој прибрал некоја девојка на автостоп, локацијата не ми текнува баш, типката се возела од Скопје накај Битола или некаде.... и бидувајќи фина, учтива и дама не сакала да испадне неблагодарна пред шоферот при што му дала некаков златен прстен. На протестите на шоферот дека патот не вреди колку прстенот му одговорила нешто во стил - `одамна беше кога последен пат жив човек постапи добро со мене`...... кога стигнале пред градот побарала да се симне, се поздравиле и секој по својот пат...

    И така шоферот по некое време кога патот го навел повторно во тој град се решил дека е срамота да го чува прстенот за толку банална причина како што е превоз кој чини икс пати помалку од самиот прстен и се распрашал наоколу, опис на девојката ваму таму.... нормално стигнал до куќата, заѕвонил.... при што следи класичниот епилог со шок на родителите и соопштение дека уствари неговата патничка загинала пред три години на патот отприлика на местото на кое автостопирала....

    Друга малку поразлична и поцинична верзија е за некој лик кој редовно ги прател црните хроники по весници, претпоследните страници на весниците особено, не пропуштал да разбере ако некој умрел во градот....со една забелешка, вниманието му го задржувале смртни случаи на негови врсници.
    Зошто? Бидејќи бил расипан и подмолен и се појавувал на прагот на скоро починатиот врсник, глумел шок и неверување при соопштувањето дека типот кој го бара е умрен..... и така низ муабет кажувал колку умрениот бил супер и ок дечко, колку му недостига.... дека вредело да му се позајмат 2000 евра иако сега него му требаат парите назад, но што е тука е, за мртвите све најдобро....

    И така користејќи ја тагата и свежиот спомен на родителите кои нормално не сакале нивниот син да оди на оној свет должен, демек неволно, ги прифаќал понудените пари кои наводно ги позајмил на наводниот покоен другар...
    Ако се има во предвид дека ретко кој би можел да ја побие неговата сторија....поради оправдани причини :)
    Нешто како некромантичен Дел Бој.:D
     
    На Big Berta, LittleButterfly, existence и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,401
    Допаѓања:
    4,226
    И човекот со палтото.
    Девојка на сред невреме се качува во такси и сега пак добродушен чичко и го дава палтото, демек ајде ти сега заштити се од дождот, јас ќе го земам палтото утре.
    И доаѓа стварно кај девојкава и нејзините му кажуваат ама таа мртва е толку време (исто таму починала кај што влегла во таксито) ете и кај е закопана. И вистина гроб со нејзиното име и ОООП палтото закачено на плочата. :eek
     
    На LittleButterfly и Outrider им се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152

    Изгледа некои луѓе имаат интересна перцепција околу благодарноста.....пост мортем секако :) , судејќи према урбаните митови.
    Мислам дека е во игра стариот добар (!?) страв од смртта кој си нашол свој израз и во урбаните и рурални митови, скоро и да нема село во кое некој леш не направил некогаш нешто, добро или лошо, но во секој случај интересни се и не пропуштам прилика да дознаам нови, има нешто привлечно во сето тоа...не сум сигурен што:pusi но не е ни важно...
     
    На LittleButterfly, 84 sk_Y ^_- и Хоуп* им се допаѓа ова.
  7. Cennet

    Cennet Нов член

    Зачленет на:
    15 октомври 2013
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Јас живеам Црн Мост, имам влезено неколку пати па ништо освен вино и стари плакари.. Ко ќе влезиш внатре морничаво е заради то шо скалите се стари и крцкат. И се околку тебе крцка и паѓа...А во дворот е уште по морничаво :3
     
    На Mnogo Bitno му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vini vin

    vini vin Нов член

    Зачленет на:
    15 октомври 2013
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas doziveav sredba so takvo nesto,i voopsto ne e prijatno,za zal toa go doziveaa i moite deca !
     
  9. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,665
    Допаѓања:
    6,917
    Пол:
    Женски
    ај раскажи ни :ladno
     
    На 84 sk_Y ^_- му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 84 sk_Y ^_-

    84 sk_Y ^_- Староседелец

    Зачленет на:
    21 ноември 2012
    Мислења:
    584
    Допаѓања:
    824
    Пол:
    Машки
    Всушност , легендиве не ми се страшни туку многу интересни , будат љубопитност во мене .
    Обожавам да читам вакви ствари . :sreken
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: