1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Македонски урбани легенди

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Hip.Hop_MKD, 16 февруари 2012.

  1. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    добра идеја.. ја ке напишам еден текст и ке клам линк тука...

    http://the_jackal.blog.mk/2012/02/20/kuka-na-duhovi-ili-sepak-ne/ еве линк со појке слики и малку подетално за приказните за куќата..
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Чудна сила уриваше се што ќе почнеше да се гради на темелите на старата црква
    По земјотресот, властите одлучиле на местото на црквата да изградат културен дом, но сите обиди нешто да се изгради биле кобни- работниците се повредувале, а двајца ги затрупале тукушто изградените темели
    [​IMG]
    Она што ја прави оваа црква поразлична од другите, е тоа што објектот е само привремено подигнат, во близина на темелите на некогашната црква "Света Богородица" која била заштитничка на Скопје. Таа во себе ја крие историјата на градот, испреплетена со многу легенди и мистерии. Старите скопјани не само што ја чувствуваат црквата "Света Богородица" како заштитничка на Скопје туку, поради мистичните и натприродни случувања, сметаат дека местото на кое е изградена е свето и на него не може да има ништо друго освен црква.
    Старата црква "Света Богородица", чие цело име гласи "Рождество на Света Богородица", била изградена во 1835 година кога Македонија била дел од Османлиската Империја. Во тоа време, Македонците не смееле да градат цркви, вели протојереј Методи Лазаревски, кој денес работи во "Св. Богородица". "Тогаш никој не смеел да гради црква. И оние што се изградени, направени се ниски, повеќе во земја. За да ја изградат ‘Света Богородица’, христијаните се послужиле со итрина, затоа што само на тој начин можеле да ја изградат. На местото на црквата тие закопале икони и крстови, а потоа отишле кај султанот да бараат дозвола на тоа место да изградат црква, со образложение дека е свето. Султановите служители дошле во Скопје, копале на посоченото место и кога навистина нашле закопани христијански обележја, султанот им дал дозвола да изградат црква", вели прота Лазаревски.
    Таа била подигната за многу кусо време, а се зборува дека, покрај бројните еснафи кои дале свој придонес, најмногу пари за нејзина изградба дал некој богаташ кој имал два сина. Каменот со кој ја граделе бил пренесуван од човек на човек од каменолом во подножјето на Водно, па преку Вардар. Во изградбата учествувале 10.000 луѓе кои работеле со голем ентузијазам за да се заврши што побрзо. Таа била една од најголемите цркви во Скопје и прераснала во Соборен храм. Веднаш до неа била сместена Митрополијата, а само на неколку метри од неа, подоцна никнала и малата црква "Света Мина". Самото тоа што била Соборен храм, говори дека била многу посетена, во неа се крштавало и се венчавало, се држеле литургии и се славело христијанството.
    "’Света Богородица’ беше голема и многу убава црква. Внатре целата беше во резби од борово дрво. Sидовите беа покриени со златни икони. Постојано беше полна со луѓе. Јас сум венчана во неа и таа ми е во најубавите спомени", вели Милка Дебарлиева, која израснала во Пајко Маало каде што сега се темелите на црквата.
    Баба Милка се сеќава и на времето кога црквата била запалена и опљачкана во 1943 година, за време на бугарската окупација. "И денес пред очи ми е таа слика. Додека пламенот уште не беше многу голем, Бугарите влегуваа внатре и ги изнесуваа златните икони. Ништо не оставија. По огнот, од црквата останаа само изгорени sидини, но традицијата никој не можеше ниту да ни ја запали ниту, пак, да ни ја украде. За празниците ние продолживме да се собираме тука. Ги чистевме камените плочи и традицијата ја одржувавме во урнатините кои за нас беа свети", раскажува баба Милка.
    Со палењето и пљачкосувањето, скопјани ја изгубиле својата заштитничка. Баба Милка верува дека од тогаш работите во градов тргнале на лошо – поплава, земјотрес, па се до ова што се случува денес. Таа вели дека за време на комунизмот им ги одзеле и урнатините. По земјотресот, државата решила на темелите на црквата да изгради културен дом, но токму тогаш се покажало дека местото каде што е црквата е свето.
    "Дојдоа со булдожери и ги урнаа сите остатоци од црквата. Сакаа тука да градат културен дом, во нејзините темели. Но, не им даде господ. Денес ќе изградат, а утре ќе го најдат урнато. Некоја сила буташе се што ќе изградеа. Што раце, нозе и ‘рбети искршија работниците, а двајца загинаа во темелите", вели Баба Миклка, потенцирајќи дека оваа мистерија ја знаат речиси сите стари скопјани, но молчат. Лазаревски пак, осведочи дека смртта на двајцата работници и несреќните случаи за време на обидите да се изгради културен дом не се само мистериозна легенда за која се зборува меѓу луѓето.
    "Тоа е чиста вистина. Овде се случуваа необични нешта. Двајца работници, навистина загинаа во темелите на ‘Света Богородица’. Мој пријател, судија, беше на увидот кога загинаа. Од неразјаснети причини, тукушто изградените темели се урнале и ги затрупале двајцата работници. Тогаш властите се откажаа од градењето културен дом врз камењата на црквата. Тоа е чудо божјо, мајката божја тука ставила рака и како да вели ‘тука е мојот дом’. И денес тука стојат масивните бетонски темели на несудениот културен дом. Од тогаш, местото почна да се запустува и до пред некоја година не се познаваше дека тука имало црква", вели прота Лазаревски.
    Тој, поддржан од група скопјани кои организираа движење за храмот "Света Богородица" поставија крст, како камен-темелник на новата црква која треба да се изгради на темелите на старата. Нешто подоцна беше изграден привремениот објект, па скопјани за Богородица и за другите христијански празници почнаа тука да се собираат. Подоцна се појави и идејата за изградба на нова црква.
    "Немавме во план овде да градиме црква. Планот беше да се гради некаде во Аеродром или во Карпош каде што има верници, а нема цркви. Но, луѓето доаѓаа кај нас и ни кажуваа дека сониле или им се видело дека треба да се изгради црква на темелите на старата ‘Света Богородица’, и тие ни ја дадоа таа идеја. Прво, земјиштето не беше на црквата, поведовме постапка и го добивме .
     
    На Bozle, Mnogo Bitno, Јована и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Дали некој некогаш е слушнал за вампирската куќа во Штип?
    Многу луѓе ја имаат купувано па продавано за краток период од кој и таткото на еден мој пријател кој вели дека следново е точно. Сите тие тврдат дека навечер нешто тропало по таванот и во подрумот, а и многу работи внатре сами се превртувале и кршеле навечер.Таа куќа до скоро беше празна неколку години. Ја испитуваа и рекоа дека во таа куќа може да живеат само луѓе кои се муслимани инаку сега таму од пред 6 месеци живеат турци и викаат дека нема ништо во куќата одкога се вселени. Куќата инаку е изградена на стари турски гробишта.:ladno

    И во близина на Штип има такво место на еден излаз од градот према едно село само не излава никаква дама туку од една страна на патот има нива а од др. страна има чешма и икона нешто како мала црквичка постарите луѓе одовде кажуваат дека е точно тоа и дека таму на полноќ на патот често се случувало патот да го минел они го кажуваат светец дека одел накај црквичката точно на полноќ и таму и има изгаснато колата на многу луѓе и додека не поминал преку патот не палела колата. Инаку поминувам од таму навечер но го избегавам тоа време полноќ, до некаде верувам во урбани легенди поготово кога ми каже некое постаро лице
     
    На 84 sk_Y ^_- му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,527
    Ова е црквата спроти МАНУ?
     
  5. Black Mamba

    Black Mamba Активен Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    121
    Допаѓања:
    125
    Не да беше глупости!!!

    Го донесоа Мастер Константин навечер, пошто он стручно тврдеше дека во куќата имало изгубени души, а таквите само навечер се бркале. Влегоа внатре, он малце мафташе со рацете - као, еве - ги бркам, па после шепкаа нешто што никој жив не успеа да чуе, па после малце специјални ефекти ( снег на екранот!) и фино лепо искочија надвор, сите среќни и задоволни зашто изгубените души сега го пронашле својот пат.

    Не викам дека таму нема ништо - само коментирам за емисијата која така фино го испоштува овој урбан мит ;)
     
    На Mnogo Bitno му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bibi@

    Bibi@ Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    743
    Фасцинантно ..... и морничаво :skull
     
    На street_chic, 4FUN и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  7. MKD

    MKD Нов член

    Зачленет на:
    11 март 2012
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    22
    е, за ова имав слушнато а го доживеав пред неполни 7 месеци...тоа се наоѓа одма под надвозникот, уште 10-12 метри понатаму..иначе автомобилите гаснат зашто има големо магнетно поле на тоа место..електриката гасне..а кога ќе го поттурнеш автомобилот 5-10 метри понатаму - ќе запали. А `белите работи` се всушност намерно оставени за да не излеташ од патот, и да имаш ориентација кај си! Меѓутоа - поубаво е кога нема научно објаснување.. :) :)
     
    На Mnogo Bitno и melpomena им се допаѓа ова.
  8. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Таа од викенд на мртовци беше на моја пријателка и ја продаде пред неколку години и нема никва посебна архитектура ниту пак некоја мистерија со неа.Уште еден фил снимиа во неа и е најобична кука која да не речам ја дошминкуваат само за филмот а е карактеристична само дека е стара и има огромен двор.Сум спиела во неа неколку пати и нема духови:)
     
    На Taa Sum.. и MKD им се допаѓа ова.
  9. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Никој не рекол дека има духови, туку во близина на оваа се наоѓа Зелената Куќа, таа ја постирав ако некој иде натаму па ако сака да помине и тука.. :D
     
    На MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MKD

    MKD Нов член

    Зачленет на:
    11 март 2012
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    22
    Е, за таа куќа...не знам колку е убаво да се зборува..ама еве штом е почнато - во таа куќа пред некое време има живеено еден слеп човек, кој имено, беше пријател на некој од моиве...човекот си беше добар ама нешто му се случи од кога се пресели во неа...ај ќе ги прашам моиве дома ;) па ќе пишам пак што и како беше хахах
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: