Македонски урбани легенди

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Македонски Урбани легенди
-Иначе интересна ми е една урбана легенда од Маџари, за куќата спроти црквата Св. Спас. Викаат дека многу газди ја смениле, на сите им се случувало нешто чудно.

-Интересна приказна за една куќа во близина на Соборна Црква. Куќата била на некој Евреин, ама во Втора Светска Војна ги собрале и испратиле во логор... Никогаш не се вратиле назад!
И после војната сите што ја купувале или полудувале или правеле самоубиство. Сега моментално куќата е празна, има сопственици ама не живеат во нејзе. Мислам и дека ја продаваат.

-Исто така интересна урбана легенда за случај во Бутел мислам беше. Еден човек бил застанат од една мистериозна девојка. Ја качил во автомобил, ја одел во бар . Носела бел фустан и го направила со вино вечерта.... Ја однел до дома и ја оставил. По некое време, отишол да ја бара дома пак, за да се видат. Кога заѕвонил и родителите отвориле, по разговорот паднале во шок од раскажаното. На дечкото не му се верувало дека било вистина. Подоцна девојката била одкопана, и на фустанот имало дамка од вино. :eek
Сега така кажуваат, колку е вистина НЕ ЗНАМ... :S
 
Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје

Има повеќе верзии за легендава...​
Јас ја знам како еден дечко после искачање се качил во такси и си ја заборавил јакната во кола.Наредниот ден тасистот отишол во куќата каде што го оставил претходната вечер.Родителите кога слушнале биле во шок и демек дечкото бил починат и закопан со истата јакна:frown​
 
Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Значи НИКОГАШ немојте да одите накај маврово околу 12час на полноќ... ќе ви застане колата и додека не помине 1мин после полноќ нема да може да ја запалите.. се појавува дамата во бело...
ова го имам видено и оттука стравот од темнина и она што таа го носи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Значи НИКОГАШ немојте да одите накај маврово околу 12час на полноќ... ќе ви застане колата и додека не помине 1мин после полноќ нема да може да ја запалите.. се појавува дамата во бело...
ова го имам видено и оттука стравот од темнина и она што таа го носи...
Да и немојте да се бањате на полноќ ќе ви излезе нешто да ви прави друштво во када :D ама ајде Baronessa :D
 
Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Иначе еве ви мој слики од куќата во Пржино така наречената "Зелена Куќа"

Легендата за зелената куќа-замок на улица Востаничка во населбата Пржино, која датира од пред Втората светска војна, вели дека ја бие проклетство и секој кој ќе се всели во неа ќе заврши трагично. Според локалното население, повеќе браќа кои живееле во неа делеле заедничка несреќна судбина, која се верува дека била поврзана со лошата карма на нивната куќа.
До денес, никој, освен зависниците од дрога, не се осмелува да влезе во куќата.
- Меѓу нас е позната како куќа на стравот. Прикаската за ужасната судбина што ја носи оваа куќа се пренесува од генерација на генерација. Херојско дело беше порано меѓу децата ако некој влезе макар и во дворот на замокот, но, сега е претворена во дувло на зависници од дрога – вели жител на Пржино.
Управата за заштита на културното наследство отвори инцијатива за заштита со закон на зелениот замок, кој со својата градба се издвојува од скопската архитектура и го привлекува вниманието на секој минувач.
- Сé уште немаме добиено решение за заштита. Ја разгледуваме секоја можност, но, во зависност од тоа што ќе одлучат стручните екипи, ние ќе дејствуваме – изјавија од НУ Конзерваторски центар- Скопје.
Куќата е препродавана повеќе пати, но, никој од новите сопственици не се осмелува да преземе какви било активности за нејзина реконструкција.
Во Пржино се шпекулира дека сепак се работи многу повеќе за нерасчистени имотно-правни односи отколку за страв од духовите кои ја прогонуваат.
Сепак, кој и да биде последен сопственик што ќе реши да ја реконструира, Конзерваторскиот центар ќе се обиде да издејствува да се имплементираат делови од постојната градба за куќата да го задржи уникатниот стил.
65356492.jpg
65356507.jpg
65356480.jpg
65356440.jpg
65356468.jpg
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
прд некој ден имаше снимано на мтв како ги бркаат духојте од оваа куќа ми се чини. ианче има и во битола ваква куќасо ситата градба... па да речам едно 90% е слична со оваа... и таму се имаа тдешавано некој глупости...
 
Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
прд некој ден имаше снимано на мтв како ги бркаат духојте од оваа куќа ми се чини. ианче има и во битола ваква куќасо ситата градба... па да речам едно 90% е слична со оваа... и таму се имаа тдешавано некој глупости...

Какви сознанија имаш? Дај поопширно за оваа и за таа со крстот.. Ако имаш и слики турај.. :D
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
куќата се наоѓа кај црн мост ( така се вика местото) јас имам еднаш влезено внатре без да знам дека има духој и такви работи.. онак ми вика еден другар ела да ја видиш колку е јак куќат напраена.. ивлегваме внатре в одворот и одеднаш почна некако неубо да се чувствувам.. ја прошетавме цела куќа и ко излеговме надвор му викам брат абе д ане има нишето неубо во куќава .. некако ладно почнува да мие.. и ми в вика заборајв дати кажам куќава е проколната има духој в натре..инаку имам слушано дека порано живееле маж и жена и жената починала следниот ден од ко праеле свадаб.. и мажот си заминал од куќата и појке никош не се вратил... имаат постари луѓе кажуван одека внатре нашле слика од чупе и очите му биле скорс бели...

и заборај ва да кажам после неколку дена од ко бев во куќата почнастомакот да ме боли многу и добив воспаление на слепото црево.. морав операција да се прам... не знам дали има некоај врска со то пошо никогаш претходно не сум имал такви проблеми..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
и заборај ва да кажам после неколку дена од ко бев во куќата почнастомакот да ме боли многу и добив воспаление на слепото црево.. морав операција да се прам... не знам дали има некоај врска со то пошо никогаш претходно не сум имал такви проблеми..

И јас истиот ден кога ја посетивме Зелената Куќа имавме лош настан.. Не ни мислам да ја посетам пак! :eek: