Македонски народни приказни

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Тема за пишување и зачувување на македонските народни приказни. Линковите со приказни од Јутјуб ќе бидат отстранети. Епа повелете народе. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and 048

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Итар Пејо, попот и алвата

Служел Пејо кај некој си поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половина им останала. За да не ја изеде Пејо останатата алва сам кога ќе излезе попот некаде по работа, овој намислил да го заплаши Пеја со нешто и му рече:

- Слушај, момочко. Јас во алвата турив отров. Да не те лаже умот да каснеш без мене, зашто ќе се отруеш.

Го викнале попот в црква да крсти, на гробишта да пее, да закопува некого, а Пејо останал сам дома и намислил да ја изеде сам алвата, сигурен дека никаков отров не турил попот во неа. А, за да може да се оправда пред попот и тој смислил една лакрдија.

Како што цепеше дрва во дворот, стана ја скрши намерно дршката на секирата, отиде, ја изеде сета алва, и продолжи да цепи дрва со скршена дршка.

Кога се прибра попот и виде дека алвата ја изел Пејо, почна да се кара и да го пцуе, а Пејо почна да му се правда:
- Ја скршив, - вели, - дршката од секирата, и плашејќи се да не ме караш и биеш, решив да се отрујам, па затоа ја изедов алвата.
Попот се насмевна, иако не му беше за смеење, и му прости на Пеја и за двете штети што му ги направи тој ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Малото змиче и сиромашнио човек
Еден сирома човек си пошол у планина да најде јадење за жена му и петте деца оти немале шо да јадат. По пат сретнал некое змиче малечко и сакал да го утепа за да имат шо да јадат. Змичето почнало да го моле да не го утепа оти мајка му била кралица на змиите и ќе му дала могу злато. Рекло му да иде у пештерата на мајка му и да каже шо како е, за да го награде она. Арно ама, човеко не му поверувал дека ќе му даде пари оти не го знае. Тогај змичето му дало еден љиљаков камен и му рекло да го ставе под јазико и да оде. К’т ќе стаса там да не зборе со никоја змија освен со кралицата и да не го плука камено. Човеко го послушал и отишол кај кралицата. Она го прашала зашо дошол и овај почнал да и објаснува ама она не му верувала. Тогај човеко и покажал камено и она и текнало шо е работа, дека малото змиче го пратило човеко. Кралицата му дала злато, пари и јадење доволно за цел живот и за него и за неговите деца...

П.С. Приказнава е една од многуте што ми ја кажуваше дедо ми како мала. Оваа приказна се предава од колено на колено веќе 50 години во нашето семејство. Никогаш не го дознав крајот ни поуката на приказната. Дедо ми секогаш велеше дека тоа морам сама да го откријам, дека ќе ја сфатам откако ќе пораснам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp