Македонски Градови

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Белфаст уште таму не сум бил:rofl нареден пат идам таму дека поточно се наоѓа ако сакаш пиши ми и со малку опис ке знам скоро секоја 2 недела сум таму :D

Белфаст позади киното, ако знаеш порано Рајската што ја викаа. Иначе супер место, мирна атмосфера, богата кујна, добра услуга и секако најдоброто ТОЧЕНО ПИВО! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Битола ми е број 1! Меѓу поубавите ми се Прилеп и Струмица... Ако бараш мир или да одмориш - Крушево и Берово ... А Охрид, Струга и Скопје.... отпаѓаат иако живеам во Ск. :)
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Скопје - нормално! :) Мој си е, си го сакам целиот. Нити ми е прљав, нити ми е гласен - се е таман :D

Од другите градови Струмица ми е многу ок, супер ноќен живот имаат :D
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Скопје - нормално! :) Мој си е, си го сакам целиот. Нити ми е прљав, нити ми е гласен - се е таман :D

Од другите градови Струмица ми е многу ок, супер ноќен живот имаат :D

Па да ти кажам, Струмица ист ноќен живот ако не и боље, има од Скопје. Во Скопје е веќе тапа.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Скопје е мојот роден град и секогаш ќе го сакам. Најубавите спомени од детството ми се таму. Правење пикник на Водно за викенд , шетањето низ центар ,низ Чаршија, многу често знаевме да се напиеме чај во околните чајџилници и да јадеме ќебапчиња во близина. Многу убави спомени ми враќа Универзална сала и претставите и фестивалите што се правеа неколку дена пред Нова Година. Па тоа за мене беше спектакуларно. Не се опишува со зборови. Одењето на Матка на гости кај баба , и од таму еден прекрасен аголен поглед на Скопје , играта кај фонтаничето кај Теолошки факултет и најубавиот Капиштец на светот ...секогаш ме фаќа носталгија кога ќе дојдам. Меѓутоа го сакам и Велес. Тоа е градот во кој што створив многу пријателства многу љубов ..градот на Гемиџиите, градот на Рацин....исткаен на неколку ритчиња со неверојатна архитектура во Стариот дел, новиот дел послан на една мала котлина ...навечер ти се чини како ридовите да ги населиле безброј мали светулки...Град во кој можеш да најдеш многу убавини ако знаеш да бараш и ако знаеш да гледаш со душата. Тие се двата градови што се директно поврзани со мене и што ги сакам најмногу. Меѓутоа го сакам и најинспиративното место за мене - Охрид, незаменливата Битола , Берово со неговите најубави предели и целата Малешевија. Ги сакам сите градови...секој има посебна убавина , уникатност ..секој град има своја приказна. Битно е ние каде ќе си ја створиме нашата или ќе си најдеме место во некоја веќе постоечка.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Има ли некој од Валандово или Богданци ме интересира нешто повеќе за тие градови? :)
Иам другара што живеше у Валандово, вика тапа град, ништо посебно
ааа у Богданци сам бија, екстра градче сс фини људи,мало градче ама слатко

Штип најладан град, дува увек
Битола сам бија на кратко, а сакам на дугачко
Скопје...сфе е кажано, метропола, сфе има за сечиј укус
Струмица,убаво е искачање и људи су отракани
Охрид ...палма де Мајорка : )
Берово убаво градче сс чис ваздух и пијани људи : )