1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Македонските (онлајн) медиуми - дното на новинарството?

Дискусија во форумот 'Наука и техника' започната од Electra, 9 септември 2014.

  1. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,862
    [​IMG]

    Ова е многу важна вест. Повторувам: многу важна вест !!
     
    На LittleButterfly и Outrider им се допаѓа ова.
  2. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,045
    Допаѓања:
    6,654
    Сношти и денеска, мислам дека дури и компјутеров ми стана патриотски свесен од што на секој можен вебсајт, па дури и по Скајп, се збори за инциденти, политика и патриотизам. Македонското новинарче тоа го искористува да направи сензација за своето порталче и да добие кликови.
    Дел од импресивните наслови:
    Дали Србите се почувствуваа како Македонците кога им вееја грчко знаме? (бонус: очајна структура на реченицата)
    Што имаше на знамето што го „запали“ цел регион? :^) Па и фото!!!
    И водителот Иван Ивановиќ удри по Албанците - погледнете што напиша
    Џабе се фалите, Орфи Рама е снимен додека го лета дронот

    Ој, куку, го летил дронот. :zelen

    Додека ситуацијава што се крчка и повремено претекува од лонче, не е баш смешна, „вестиве“ се трагични...и смешни. Во состојба се една вест да ја поделат на три дела со по три реченици, само за повеќе кликови, а ништо корисно или информативно не прочитав досега.
    Сосема друго е што Србите не се замараат кога кај нас се случуваат вакви инциденти, па дури ни носат и подарок - грчки знамиња, а ние си ги преплавивме медиумите со глупи коментари. Сепак, +3 денари од клик се +3 денари. makeitrain.gif
     
    На JaMi и Altaïr им се допаѓа ова.
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Онака си сурфаш по интермеци (на даска за пеглање, нормално), си викаш ај да видам што има ново и отвараш од оние сајтовите за вести што прикажуваат новости од портали. И си скролам јас така кога гледам една примамлива вест:
    НЕЗГОДА НА ПАТ  Целосно прекинат сообраќајот на магистралата Кичево Штип.png

    Добро бе мајке му, при толку многу технологија, при толку лесно достапни информации, на парче земја од 25,7К километри квадратни ли не може да се научат поголемите населени места? Ај мајке му. Кочани-Кичево исти дурац...
     
    На Electra, LittleButterfly и Saladin им се допаѓа ова.
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,572
    Леле кoлку глупи се знaчи, не е мoжнo oвa. Вaкви немa никaде, сaмo кaј нaс.
    И вo oнa Сдк темaнa штo стaвилa Хoуп, фaтен бил бoмбaшoт. :facepalm2
    Утре мoжеби ќе пишaт декa ќе му се суди.
    Кaкви ретaрдoси.
     
  5. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,045
    Допаѓања:
    6,654
    Од светот на истражувачкото новинарство, издвојуваме:
    20 имиња што ќе забременат оваа година
    Па и извор, јаката вест ја презеле. :frantic

    Извинете, и со лесно бременоста на тие што сте на листа. Јас за една буква сум се спасила. (:|
     
    На malo, Selene, BioTrpe и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,464
    Допаѓања:
    1,181
    Сепак насловите ФОТО+ВИДЕО: НАША МАКЕДОНКА СО ИСТ ГЗ КО КИМ КАРДАШИЈАН и отвараш гледаш некоја слаба без никаква облина на неа или облина правена на пц со пеинт
     

Сподели: