1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Македонските (онлајн) медиуми - дното на новинарството?

Дискусија во форумот 'Наука и техника' започната од Electra, 9 септември 2014.

  1. Electra

    Electra Неонка Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,016
    Допаѓања:
    6,643
    Беше еднаш кога една малечка, штотуку пркната земја, се „осамостои“ со свои медиуми кои имаа за цел да ја држат јавноста информирана за секојдневните случувања во регионот. Слободата на изразување, секако, им беше лимитирана, а вестите филтрирани, но доволни за добивање некоја генерална слика, иако неретко и погрешна.
    Веднаш потоа почнаа да се развиваат и забавните медиуми кои имаа за цел да го расположат Македончето, да му предложат филм, неколку совети за здравје и изглед, позитивен хороскоп за утеха, по некое интервју и трач.
    Денеска, кога секој има пристап до интернет и талент (читај: желба) за „пишување“ или не дај Боже - давање конструктивна критика/сопствено мислење на одредена тема, имаме низа од познати и помалку познати медиумски печурчиња кои крадат едни од други, крадат и ужасно лошо преведуваат од странски (претежно српски) портали, па дури и одат на работ на очајот да објават рандом слика со едвај четири збора - пример: сообраќајка во Коњевич Поље.
    Нивото на писменост и способноста за изразување се речиси израмнети со нула, но тоа и не е проблем, битна е желбата „чу да изаџем у новина“ на едните, и желбата за брза заработка од триста реклами кои ги гушат страните, за другите.

    Неколку впечатливи дно примери на кои налетав само во последниве неколку дена:
    Фото: Згодна Скопјанка позирајќи ќе паднеше од чамец на Матка
    Фото: Обожавателка на Карлеуша со шокантна тетоважа (цвеќиња некои низ цел грб, колку што се приметуваше од линкот)
    Еве по што се гледа дали сте имале секс
    Како да привлечете пари во вашиот дом? (17.000+ споделувања)
    Светот во шок. Погледнете што направи ова дете (рандом, нормална работа)
    Секси газиња во жешки панталончиња по скопските улици (сликано од пола надолу, да не можеш да ги тужиш :biggrin)
    Информирајте се за движењето и акциите на ИСИС/Што е АЛС/Македонија во 18ти век...
    Лажам за последното, очигледно, ама затоа надокнадуваат објавите што се повторуваат од 2007ма.
    Уште едно интервју со Мис Бавча 2014 и таман сме.
    За жал, на ова не се имуни ниту печатените и ТВ медиуми, и најтрагично - тука некаде се и медиумските „официјални“ гиганти. Само тука поактуелна е превртената политика. (wasntme)

    И? Го достигнаа/достигнавме дното или секогаш може да се оди и подолу?
    А, ко читатели, толку ли сме затупавени што во огромен број ги читаме тие т.н. вести, или сме само мрзеливи и незаинтересирани за истражување, па се фаќаме за она што ни се сервира? Колку ни се потребни и корисни информациите што ги добиваме?
    Чаре да излеземе од овој медиумски мрак и затуцаност?
    Слободно споделете и по некој сронат бисер од вест. :zelen

    Се мислев и за тема во насока дали медиумиве го уназадуваат и „облачат“ здравиот мозок, ама нека седи вака. Може да се зборува и за тоа.
     
    На 4FUN, melpomena, Хоуп* и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. Saladin

    Saladin Unbaised Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,922
    Допаѓања:
    9,605
    Пол:
    Машки
    tl. dr. :zelen
    соодветен одговор на затупавеноста која зима се` повеќе жртви.

    Кодексот е расклиман уште во пораните фази, кога се филтрираа вестите, но сега неговата расклиманост е злоупотребена од оние кои ни` сервираат тоа што „сакаме“ да го консумираме и го заменуваат со целосна политика на еден „убав нов свет“. Како што Маркс викаше религијата е опиум за народите, денес не е ништо поразлично, само што терминот “религија“ е сменет со „виралност“ , „шоу-бизнис“, „скандал“... чист консумеризам. Целата работа се врти околу замајавање на плебсот, оттргнување на внимание за неговата свесност на уделот кој го има во градење на една држава. Дај му леб и игри и тој ќе биде мирен.
    Ништо ново на ова небеско царство.
     
    На Selene, Electra, malo и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Новинарското дно е illusive категорија во РМ, нешто како оние метални зајаци кои служат како мамец во трките со кучиња. Колку и да трча брзо песот, зајакот е секогаш побрз. Таман човек ќе помисли дека го стигнале дното, хунза-новинарите паѓаат уште пониско.

    Сепак мора да споменам дека ретардираните портал гугл-транслејт и копи-пејст текстови се бенигна форма на новинарска неукост. Пазарот е составен од дебили и таквите можат да се привлечат со такви срања. Муабетот што е постаро - понудата на дебилизам или самите клиенти дебили и во кој степен се симбиотични е глобална дилема.

    Мк говорното подрачје е мал пазар, па дури ако се додаде и дијаспората, сепак се работи за мали бројки на раја. Слично како словенечки или естонски медиумски пазар да речеме. Малиот пазар сам по себе не е трагична ствар во икономијата ама мал пазар поврзан со скромна пазарна моќ и глупаво население е рецепт за пропаст.
    Не сум од оние кои ја хејтаат глобализацијата предводена од англискиот јазик како лингва франка на денешното време затоа што би бил лицемерен. Ако знаев само маќедонски ќе бев лимитиран на понудата на дебиласти телевизии, радија, нет-портали и страници и неприкосновеното дно - печатените медиуми. Тој проблем го имаат постарите луѓе кои не знаат англиски а не сакаат да читаат и слушаат срање. Единствена утеха им е познавањето на српско/хрватски па сепак наоѓаат по нешто...

    Малигната форма на новинарството е проституцијата. к***а во некој слам на Рио која се распаѓа ради хив и сите пропратни тегоби е морално-етички неспоредливо погоре отколку рандом маќедонски новинар. За неа би можело да се најде простор за емпатија. Но за ефтините пачаври во служба на разни режими нема простор за ништо. Презир можеби, но тоа е како да се презира употребена тоалетна хартија.:kafe
    Така и во хунзистан. Иако се работи за вековна традиција на лижење чмар, веднење глава, кодошење и тотална, анимална покорност и глупавост - сепак `новинарите` во служба на власта се нешто најдолно.

    http://dnevnik.mk/?ItemID=1F5421451B1F5B448A53414268EA08EB

    Ете пример како `новинарите` се ангажирале во поглед на инструкциите од власта да покажат колку е `никаков` и `пропаднат` `гнилиот запад` па најарно рајата да си трае и да `рмбачи до гроб за 150-200 евра, пошто нели.... таму во Гетеборг се дешава масовна рејп оргија. А во Лондон не е жена да пуштиш сама на улица, посебно во Вајтчепел, посебно ноќно време кога наоколу шета Џек... ако беа способни ќе го фатеа !

    Ама сето тоа е попусто. Рајата бега, наталитетот е во кома, морталитетот жив и здрав и за 20 години се преполовил бројот на деца запишани во прво.
    Extinction motherfuckers.:kafe
     
    На Selene, LittleButterfly, Electra и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    Околу политичките вести не коментирам, што и да кажам е веќе кажано и е општо-познат факт и мене ми е досадно да бидам Captain Obvious.

    Околу другите вести од типот на:
    • ЕКСКЛУЗИВНО!!! Погледнете како изгледа *рандом водителка* во бикини!
    • Секси Битолчанка разголена на плажата во Лептокарија
    • ...
    • ...
    • *рандом певаљка* конечно собра пари за нови силикони
    до некаде и можам да ги разберам зошто ги пишуваат. Портал како портал, направен е за некој да се офајди од него. А како? Па преку реклами. Рекламите се поскапи ако има повеќе посетители, посетителите повеќе кликаат ако ставиш „секси“ наслови и содржини, ако ставаш нешто трач муабети, статии од типот на „научниците открија“ или пак нешто секс-скандали на познатите и сл. И на крај се сведува на тоа дека луѓето сакаат да читаат такви содржини, па затоа и такви содржини добиваат.
     
    На Electra и malo им се допаѓа ова.
  5. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,655
    Допаѓања:
    3,859
    Пол:
    Машки
    Си мавам добри фејспалми кога ќе видам вакви весто по фб или слично, особено фб страна која има наслов „Патриоти“, „Нашиот убав главен град“ (на кој што има вести за тоа како Карлеуша не носела гаќи или прслук или сл.) итн.
    Ме нервираат ептен, мада си добиваат катаљарда негативни коментари.
    Ама најинтересните „новости“ се:

    - Баба му на Боки 13 прдна на задната гума на шлеперот.
    - НЛО има во на Гоце Делчев зборот, ја носат неговата пушка.
    - Боки 13 ждригна и предизвика циклон.

    ...........
     
    На Electra и malo им се допаѓа ова.
  6. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,132
    Допаѓања:
    9,087
    Пол:
    Машки
    За насловите не коментирам. И печатените се исти к*р.
    Кога некогаш читате статии од овие онлајно портали сте забележале печатни грешки, ај што има грешки, има и оставено од тие медиумите што копирале. Пример. српски или хрватски.
    На крајот стасуваме до заклучок. Во Македонија и ќоро и сакато може да биде новинар, се додека пред него има компјутер и интернет врска.
     
    На Electra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nighty

    Nighty Староседелец

    Зачленет на:
    24 февруари 2012
    Мислења:
    726
    Допаѓања:
    1,180
    Не би рекол дека македонските медиуми го допреле дното на новинарството...
    Повеќе би дека македонскиот просечен „читач“ (и интернет кликач) го допре дното.
    Медиумите го имаат „намирисано“ она што читателите го кликаат.
    Pay per click маркетинг, remember? Затоа и на Фејзбук пример го гледаш само ШОКАНТНИОТ, НЕВЕРОЈАТЕН И ВОНСЕРИСКИ наслов, но за да ја видиш и самата глупава содржина, треба да кликнеш и да те пренасочи на самиот портал.
    Под секоја таква вест читам коментари од типот -

    „Brukasteeeeee ne ve otv0ram viseeeeeeee...“
    „Unlajk :SSSS“
    „kolku vi plati [инсерт политичар хиар] da go objavite ova!?“

    За следниот ден пак на истите вести да се клика, коментира и објавува.
    If it ain't broke, don't fix it.
    Во принцип, медиумите си прават многу паметна работа. Заработуваат од (не)начитаноста на македонскиот просечен читател.
     
    На Selene, JaMi, Electra и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. Saladin

    Saladin Unbaised Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,922
    Допаѓања:
    9,605
    Пол:
    Машки
    Ама знаеш како викаат - покрај сувото гори и суровото, . така и овде трендот на правење на такви сајтови доведува и до затупување на тие што ги прават, вработување на недоволно едуциран кадар, пошто реално квалитетна работна рака нема да се замара со вакви работи и радије би да преведува Џојс, Улис, Селинџер, итн... док поднаучена раја со англиски исклучиво од филмови, ќе преведува вакви изблици на вести од „културата“
     
  9. LittleButterfly

    LittleButterfly Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,251
    Допаѓања:
    1,877
    Пол:
    Женски
    Дно дна, што би рекле нашите ни соседи.
    Македонското новинарство е на толку незавидно ниво (или дно) што би помислила дека подолу не може да се стигне...ама нели секогаш може повеќе да се потрудиш...којзнае...може ќе слезат степен подолу ако се запнат салам...
    Од новинарството, за жал не остана ни Н.
    Вистински новинар со пасија кон својата професија, би се занимавал и истражувал одредена сторија се’ додека не дојде и до најнебитниот детал врзан за таа сторија и се’ дури не се дочепи до вистината, ама кај нас работите се’ поинакви...
    Секој новинар си има свој “класен“ и тој му кажува што и како да напише...жално...не се новинари туку пиони...
    Ама од друга страна пак, и тие се луѓе, па мора од нешто да живеат, не дека сите ние сме задоволни и исполнети од работата, или пак го работиме баш тоа што го сакаме и како што сакаме...така и тие...
     
    На Saladin и Electra им се допаѓа ова.
  10. Nighty

    Nighty Староседелец

    Зачленет на:
    24 февруари 2012
    Мислења:
    726
    Допаѓања:
    1,180
    Дури и доколку од тоа нема ни основни средства за егзистенција? Затоа што јас знам дипломирани филолози, преведувачи и толкувачи кои откако земале диплома и пробале да работат со љубов... Сфатиле дека од тоа нема полза и денес се на позиции кои само бледо ја отсликуваат нивната струка... Oд типот квази-порталчиња, квази-професионални преводи и слично... Но хеј, велат дека тоа им ги покрива сметките, џепарацот и (луксузниот) викенд/летен живот.
    Темава допира многу повеќе точки отколку што навидум делува...
     

Сподели: