Македонска андерграунд рок сцена

Разголена Уметност

Истакнат Член
26 март 2014
32
47
118
Скопје
Ах бе, нема кој да ги сфати. Ете си уживаат популарност во тие кругови. Архангел не верувам дека повеќе ќе постојат зашто останатите членови си направија нов бенд со друг вокал само, Ристо веројатно ќе се вади на стара слава. Што да им сфатиш на The John пример кажи ми? Нити има некоја поента нивната музика, нити ништо. Ете и јас се убедував дека можеби грешам и земав да ги слушам. Досадно мрмљање, дрвење исти рифови до бескрај...цело творештво им е ко да си ставил иста песна на рипит. Друга работа е што повеќето од андерграунд бендовите на свирка во живо се катастрофа. Несредени звуци, појачала со gain рокнат до крај и сѐ што слушаш е брмчење, па после криви им се тонците, озвучењето и ред други ствари. Не се сите такви, стварно не се. Ете можам ко пример да ги земам Psychotic Waves од Прилеп, врска неам и дали имаат некое видео по јутјуб или некоја снимка некаде, ама дечките си знаат како да си се наместат, како да пренесат музика, убаво си знаат кој колку треба да се слуша, плус музиката им е ептен добра. Има уште купица андерграунд бендови по земјава, па има и такви кои не ни сакаат да излезат достапни за поширока маса.
Искрено не ги знам овие Psychotic Waves и прв пат слушам за нив, за Архангел и јас мислам дека им помина веќе времето, ама песните ќе си останат.
Уште си стојам на тоа дека нема кој да ги сфати, зашто треба да бидат повеќе експонирани на сценава што ја имаме, а исто ко да ја немаме. Имам другари што пробуваат да се пробијат некако и едвај најдоа издавачка куќа зашто на ниедна издавачка куќа не им се свиѓаше нивниот стил,а дечките стварно се добри.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and Aleksis

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Конкретно другариве твои еднаш ги загледав пред две години мислам беше, една емисија на алфа мислам. Нешто гаражни бендови а-у па снимање нешто беше наградата. Тогаш свиреа нешто од Хендрикс и не ме бендиса баш, ама глеам дека напреднале нешто. Не знам што очекување имаат. Ако сакаат да заработуваат од музика во Македонија, тогаш нека станат бенд ко оние што ги гледаат по тв и што ги слушаат по радија.
Од тие горе што ги наброја не знам дал има некој што примарна професија му е Музичар и да заработува за живеачка од тоа. Некој е тезгаџија, свири по свадби и венчавки, друг работи во сервис, трет во продавница за инструменти... долга листа.