Македонија 1991-2016

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
После многу слушнати мислења за тоа каков е сега животот, како било порано, па некој ќе се жали и посакува да го врати времето, на друг му е убаво сега и го плука она поминато време и посакува никогаш да не се врати. Од овие вториве обично се помладата популација, има и некој постар ама таквите не се во голем број. На прашањето дали нешто е сменето повеќето викаа дека сега е поубаво, што искрено ме изненади. Според мене не само што е полошо, туку никогаш не било вака лошо.

Е затоа ми текна да отворам една тема тука. Има тема за тоа како ја гледате Македонија за 10-20 години, па затоа решив да сменам.
Што ви фали сега, а го имало порано и обратно? Што се смени за овие 25 години? На подобро или полошо?
Тука има и постари членови, се надевам ќе пишат некој збор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас како особа родена во пост-титовата СФРЈ и која не памти скоро ништо од тоа време ради мала возраст и слаба меморија во однос на детињство не можам да направам споредба ама опркужен сум со раја кои ги живееле тие `златни` Ју-години и приметувам фасонки, фрижидери, радија, касетофони, бојлери, пегли и шпорети кои работат и после пола век :eek: имаме некаков миксер од 1968 :eek: од Горење или Кончар или како се викаа и ми кажуваат дека никогаш не се расипал :unsure

А за општата слика ќе напишам повеќе, има што да се каже :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
http://fokus.mk/makedonija-so-najlosh-kvalitet-na-zhivot-vo-evropa/

Ех, убавини. Сега се чека на Сител да кажат како сме први, а не последни, ова е се масло на душманите за да изгледаме мизерно. Албанија пред нас, земјата која до пред некоја година беше пустелија, немаа ни патишта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Praetorian

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Нормално дека постарите генерации со радост и носталгија ќе се сеќаваат на нивното време, каде фала богу не било се идеално, но сепак било далеку подбро од нашава денешна мизерија.
И кога зборувам за мзиерија не зборам само за финансискиот дел од неа. Имам 29 години, и анализирајќи го нашиов народ во глобала, последниве години сме станати тотално себични, алчни, ситни души, саможивни, интересџии. Едниот да има, другиот ич нека нема, е баш по таа девиза живеат најголем дел од нас. Се тепаат за појадок на мост, им се пере мозокот со вести дека сме најдобри, уше не им мрда за сите криминали што се правеле во Македонија и тоа дека 16 МИЛИЈАРДИ евра од 2006 до сега се изнесени од Македонија по приватни џебови.
Проблемот е што луѓево се заспани, што веруваа(т) во лаги за национализам, за име, за антички македонци итн а соочени со своите проблеми викаат има и полошо. Факт - Македонија живее во Стокломшки синдром и ако остане вака ни се пишува лошо. Презадолжена држава сме, се краде на големо се перат пари итн, кој ќе ги враќа тие кредити? Ние и нашите деца.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не верувам дека има нешто кое се сменило на подобро во периодот на независност на Хунзистан, освен две-три ствари укинувањето на воен рок и мислам укинување на повторување на оделение во основно и средно или само основно не знам точно и укинувањето на државни стоматолози кои упропастувале заби како луди, како и да е ако постојат 1000 параметри тогаш 997 се негативни.

Тука не се важи `ама интермец иаме` или мобилни пошто мобилни немале ни во немачка во тие времиња.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не верувам дека има нешто кое се сменило на подобро во периодот на независност на Хунзистан, освен две-три ствари укинувањето на воен рок и мислам укинување на повторување на оделение во основно и средно или само основно не знам точно и укинувањето на државни стоматолози кои упропастувале заби како луди, како и да е ако постојат 1000 параметри тогаш 997 се негативни.

Тука не се важи `ама интермец иаме` или мобилни пошто мобилни немале ни во немачка во тие времиња.
Штo е дoбрo вo укинувaњетo нa вoениoт рoк? :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Штo е дoбрo вo укинувaњетo нa вoениoт рoк? :)

Све е добро, нема лоша страна во укинување на воен рок.
Е сега малку познат факт е дека тој постоел тука тек од времето на Кралска Југославија, значи до тогаш немало апсолутно никогаш па дури ни во турско, како прво пошто е релативно нов концепт (пост француска револуција) и пошто отоманите не обожавале на каури да им даваат оружје во рака :zelen
Но за време не екс-ју некако тој концепт се здобил со митски статус и со орвелијанско значење (денес постои воен рок значи отсекогаш постоел воен рок) па и ден денес разна раја, од тинејџерки до старци ја повторуваат мантрата за `станување маш` преку `служење војска`. Потоа имаме некои полуинтелигентни изјави за `стекнување дисциплина` и `поштовање афторитет` ама не би се замарал со такви работи...

Од воен аспект се работи за заостаната и надмината ситуација, од аспект на човекови права се работи за ропство. Покорноста и немањето кичма е уште една работа, во такви средини се формираат карактери како на нашите родители и претци, дебиласти кукавици кај кои целата тупост излезе на површина во 90-те кога почнаа да коленичат за плата од 100 евра, јаките мажи кои ги формирала ЈНА :rofl
Како што покажале 1000 случаи, најнов неодамнешниот пуч во Курција каде што голобради тинејџери извадени од касарни, збунети и преплашени беа лесна цел за тамошната полиција и толпа, неславното распаѓање на дебиластата ЈНА, рускиот дебакл во првата чеченска војна, ирачките мизерии во двете војни...па се до масовните кланици на Сома и Верден.