Македонија на Евровизија

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Темава ја отварам со цел да дискутираме не општо за Евровизија туку за она што Македонија го испраќа на Евровизија.
МРТ направи анкета со која бараше народот да одговори на прашањето дали Македонија да продолжи на Евровизија.
Гласовите се (Гласови : 10224) Македонија не треба воопшто да учествува на Евровизија, (Гласови : 8221) Македонскиот претставник треба да биде победникот на Скопскиот фестивал, (Гласови : 3431) Македонскиот претставник треба да се избере по пат на интерна селекција во МРТ.
Зошто 8221+3431=11652 Македонија продолжува да оди на натпревар а претставникот ќе биди победникот на Скопски фестивал кој ќе се одржи на 13 ноември.

Прашањето е што ние праќаме на Евровизија
се испраќаат само исти пеачи а музиката е шкарт

што според вас треба за да освоиме подобро место или победа
кој пеач треба да го испратиме
каква песна да испратиме
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Македонија не треба да учествува на Евровизија.Ниту ке изгубиме нешто ниту ке добиеме.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
според мене евровизија представува еден валкан,исполитизиран,нерамноправен и не фер европски фестивал,кој представува една уцена за државите како нас.Ние сме учествувале со наши врвни пеачи и не сме се пласирале на првите,барем три места.Затоа,после величествената Калиопи со црно и бело,кога не се пласираше меѓу првите места,реков нам не ни треба евровизија.Рече кој пеач да го испратиме и која песна,не важи ништо,која сакаш испрати ја пак ќе бидеме на 18 место