1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Магии

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Caci, 17 февруари 2012.

  1. fmnetwork

    fmnetwork Нов член

    Зачленет на:
    20 февруари 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво , јас сум нов на форумот .. И имам едно прашање . Сигруно сите сте го гледале филмот Harry Potter .. И сите сме сакале да имаме такви магии како него ја искрено читав на интернет и налетов на еден сајт каде пишуваше дека некој човек предвидил (мислам за човек што секогаш погаѓа кога предвидува ) и пишуваше дека тој предвидил дека имало во небото друг свет каде што биле само магионичари имало училиште , град итн . мсм се како во филмот . Знам дека половина од вас не би верувале во оваа .. НО МЕ МУЧИ ЕДНО ПРАШАЊЕ ДАЛИ НАВИСТИНА ПОСТОЈАТ ТАКВИ МАГИИ ? Мехх . Ја верувам од една страна , а пак од друга па и не :D
     
  2. КоњчетоЅвончо

    КоњчетоЅвончо Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,108
    Допаѓања:
    2,161
    Да не сакаш да се запишеш во тоа училиште?
     
  3. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,859
    Постојат. Бев јас таму, со еден посебен портал се оди до таму (се нарекува смрт) и интересно беше .. сретнав еден стар дедо кој беше про у маѓии, си праеше муабет со 2 - 3 диносауруси таму, се смееја ко ненормални, учевме како да креваме некој од место, како да спиеме со некој у астрална форма, итн итн. Интересно доживување.
     
  4. misti.diva orhideja

    misti.diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    195
    Очигледно е дека админите спијат, нема везе, ете јас ке ти кажам..ИМА ТЕМА ЗА МАГИИ ..пролистај малку:)
     
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,984
    Допаѓања:
    9,611
    Види сеа... ќе појдеш на врвот кај што се двои патот за Сопиште, има една таква куќа ко земјанка личи и надвор седи едно троглаво куче се вика Шарко-Дарко-Марко (мораш по овој редослед да го викаш инаку ќе се понаша како да има беснило од трет степен). И внатре во таа куќарка ќе го бараш Хаџи, тој сигурно го знае твоето потекло, можеби имаш некоја голема тајна, можеби лошиот човек Валдимир ти ги има убиено родителите, ваљда за ќеш, ама шо има везе, коа имаат отворено сметки во швајцарски банки, а знаеме колку се тие по дискрецијата. Па после ќе можеш да си купиш основни помагала за правење магии, пример полуавтоматска метла Ровус, ја има и во топ-шоп ама тоа е некоја кинеска имитација изглеа, после книги со рецепти за магични напитоци, само пази се ги има по интернет во PDF на замунда, не ги симињај пошо е .exe фајлот, вирус за да ја разоткријат твојата локација. и најважното, ти треба стап. Сеа ти можеш да земеш било каков стап, прво оној од врба, па има еден од трска ама е ептен глуп (имаше и тука дилер на форумов, ги излажа некои членови моравме да го банираме :zelen) Најдобро е да најдеш стап од цреша, пошо вака историски, црешата доста била употребувана за секакви услови, од воени топови, до метафори за одење јабанлук во туѓа земја. Има мултидисциплинарно својство. Откако ќе ги земеш/купиш овие неколку работи, контактирај ги тројцата свети магуси на нашиве простори (Иван, Ѕвездана или Севда), еден ја кажува вистинската локација на станицата каде треба да го фатиш возот, другите водат кон бездна, но секогаш рандом избор се прави меѓу нив тројца. Обично е меѓу станиците од Драчево до Зелениково, онаму кај што возот седи накривено. Ваљда ова од подземните мрачни сили. Кога ќе пристигнеш кај клучката за Сопиште, не заборавај има еден трет пат кој оди право у провалија, затрчај се и едноставно опушти ги сите сетила, земјата сама ќе се одлепи од твоите нозе и нема да почувствуваш ништо, едноставно лебдење во меѓупростор неколку секунди. После тоа јави ми кога ќе стигнеш во другата димензија, има телефонска говорница одма по самот влез, работи на ВИП картици, некад има мрежа, али што има везе. Јави се и прашај за понатамошни инструкции.
     
  6. misti.diva orhideja

    misti.diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    195
    :facepalm2 Овде и маѓепсани имало:frantic:frantic:frantic
    пу пу пу:^)
     
    На __Fenix__ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. __Fenix__

    __Fenix__ Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,713
    Допаѓања:
    739
    Остај ти магии нема таква работа , ќе си земеш една тегла и во неа ќе ставиш ловоров лист , тоа ќе го направиш на полна месечина и блиску до перницата , од кога ќе си легнеш ќе викаш *Дукати сјаат, дукати звонат,се повеќе да ги има во мојте раце, така ќе повторуваш 5 до 10 пати една недела ;):cool:
     
  8. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    446
    И јас еднаш налетОв на еден таков сајт,(а можеби истиот)од кој што ти си читал за предвидувањата на предвидувителот,и таму убаво пишува дека и Хари Потер прошол низ таа небеска школа ,(инаку,на земјата нема таква со таква моќ)кој што покасно го достигнал врвот на моќта!
    За иронијата да биде поголема,ќе мораш да го контактираш Иван.Без него ништо работа!
    Тој ќе те упати на кој меридијан се наоѓа шчилиштето,па со среќа!
    Само длабоката верба во истата ќе те одведе до местот,и твоето усовршување на моќта!
    Само на секого и не фаќа магијата,мораш упорно да се сремиш кон таквото!

    Инаку...мехх,и јас верувам ама малку се сомневам!
     
  9. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,830
    Допаѓања:
    6,508
    Зависи какви печурки јадеш. Од некои се верува во магија а од другите не.
     
  10. misti.diva orhideja

    misti.diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    195
    Магија ли му направивте на форумов, жив човек нема..па дури ни Инчуленце ја нема:^)
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: