Магии

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Еве нешто и од мене за магии:
Магија - Суеверие или вистина?
Логиката и науката може да објаснат многу феномени, но факт е дека понекогаш постојат нешта кои што не може да се објаснат на вообичаениот начин.
magija-sueverija-vistina-m.jpg
Типичен пример за тоа е екстрасензорната перцепција (ESP) или еден вид на шесто сетило преку кое луѓето ги претчуствуваат случувања. Сепак, она на што ќе се осврнеме овој пат е постоењето на магијата и тоа не на оние обични трикови при кои некој ќе извлече нешто од зад вашето уво, туку на магијата во смисла на сила која може да го подобри или целосно да го уништи вашиот живот.
magija-sueverija-vistina2.jpg
Суеверие или вистина?
Некои се цврсто убедени дека нешто сепак постои додека други категорично тврдат дека станува збор за измислица со цел полесно да се манипулира со умот на наивните. Колку пати до сега некој продуховен „гледач“ ви рекол дека не се согласувате со сопругата или пак децата ви тргнале по лош пат бидејќи некој близок ви направил црна магија? Најверојатно во нашето секојдневие ова ви звучи како добро позната реченица. Во најголемиот број на случаи тоа е смислена фраза за некој да извлече пари од вашиот џеб со цел да ве „спаси“ од несреќата.

Сепак, некои случаи не се воопшто наивни, а тоа што се случува ќе ве натера уште еднаш да размислите за ова прашање. Првите записи за практикување на магија се провлекуваат од древен Египет, преку средниот век до денешен ден. Како еден вид на паранормална активност најчесто е поврзувана со злото и негативната енергија, но записите кои биле зачувани низ времето сведочат дека постои и добра односно „бела“ магија која има за цел да заштити и да причини среќа.

Сè наоколу, вклучувајќи нè и нас има определена енергија, па ако го разгледуваме феноменот на магија од таа перспектива таа е еден вид на енергија која може да влијае позитивно или негативно врз нашиот живот. Интересно е да се забележи дека според определени правила добрата магија лесно може да стане лоша доколку намерата со која што ја правите е себична или има за цел да ограничи волјата на друга личност за истата да одговара на вашите потреби. Во овој случај записите предупредуваат дека тоа што го посакувате ќе ви биде исполнето, но кога тогаш по Законот на враќањето сè што сте направиле на некој начин ќе ви се врати, со цел повторно да се воспостави изгубената рамнотежа.

Најголемиот број на магии кои што се практицираат најчесто се прават во определен временски период, на пример за време на полна месечина и користат личен предмет од личноста за која се прави магијата. Фотографија, прамен коса, парче облека се само дел од нештата кои што се употребуваат при ритуалот. Во некои магии се користи злато во форма на златни лири, бурми и слично. Магиите за привлечување на пари и имотна благосостојба најчесто се изведуваат со зелени свеќи и во смирена атмосфера. Некои луѓе бараат изработка на лични амајлии кои што треба да ги заштитат како нив, така и нивниот дом од негативната енергија на другите луѓе.
magija-sueverija-vistina.jpg


Сепак, без разлика дали е вуду, арапска или било која друга магија, сите сакаат да знаат дали навистина функционира. Еден пријател вели: магијата им успева на оние кои цврсто веруваат во неа. Па, така ако со сета своја енергија посакате нештата во вашиот живот да тргнат во нагорна насока треба да верувате и тие ќе почнат како што се вели да се „отвораат“. Но, ако слепо се водиме од оваа логика што да кажеме за сите оние кои со сета душа ни посакуваат лошо? Дали и нивната желба ќе се исполни?

Добро прашање, но сè уште без задоволителен одговор. Логичното размислување уште долго време нема да даде точно објаснување за овој феномен. До тогаш останува на вашата лична процена да определите дали тоа што понекогаш ви се случува се должи на чиста случајност или пак на паранормална активност.
Текстот е превземен од ILUSIONIST.com.mk линк
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Elizabeth Bathory and Caci

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Ти благодарам што ја дополни темата ;)
А веруваш ли во магија, мислиш ли дека постојат ??
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Мислам дека магиите постојат но не сум имала некое лично искуство ...
 

katetoo

Истакнат Член
28 јуни 2012
61
62
318
Мислам дека магиите врска немат.. не сум имала прилика да се уверам дека постојат. Шо и да се случува, никогаш не би помислила на магија туку ќе мислам дека е од нешто друго. А уствари шо не ми се уче има шанси да е некоја магија хахахха
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Верувам дека има луѓе кои ги прават и ги користат. Имаше случај во моето семејство (пошитоко), им ставиле нешто во куќата , па требаше да го бараат, да го најдат да го запалат или нешто слично. Одамна беше не се сеќавам добро, а и не сакам да ја отварам темава дома со мојве, никој не сака за тоа да збори...:|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Лоша работа се магииве.
На татко ми пред некоја година неколку кошули со кал му имаат испрскано дур се сушеле во двор,
па по некое време едни панталони со жилет ги унаказиле:ladno
И не дознавме која будала го направила тоа,или пак на мене не ми кажале незнам (worried)
Мислам дека треба да си тежок болесник за да правиш вакви работи!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Само мене ли ми изгледаат на шпански серии ова магиите и бркотниците дур ги растурат?