Луѓе без пријатели

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Они така си сакаат,они си знаат и да здрави се,понекогаш е подобро да си сам/а отколку во друштво,на некои повеќе им е убаво да се сами
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Artist

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Се изначитав глупости, искрено. :) Не знам што подразбирате вие под „пријатели“? Јас сум имала да речеме 50 пријатели, пред една год, хмм... На факс, каде што со нив сум се дружела константно, и еве ме сега немам пријатели воопшто. Супер ми е, нив сите сум ги блокнала... Не искачам, не се дружам.. Едноставно го сакам овој живот да си седам дома, јест да, има периоди кога ме пука некоја монотонија, депресија и се чувствувам празно и сум ко тажна врба...

Тоа се тие моменти, кога не ти фали друштво да имаш, не ти фали пријател да имаш, јебиги сите нив, да беа некои арни, немаше да ми бидат сите 50 под блок.
Сето наркомани, дрогираши, уфилмани куропушачки, и само некого озборуваат. Немаат пример нешо др у муабет и само исклучиво за дечковци муабетат, за книги, филмови, ЛЕЛЕ, никако такви теми, за факс па, да не зборувам, животни некои теми, ти ќе им започнеш нешо и те сечат, толку е, воопшто не. Ретко, имаше само едни две такви девојчиња со кои ми идеше муабетот, за се си зборевме, осим дечковци и како сме си поминувале со нив.

Пошо и ги немавме, затоа шо неќевме да бидеме јебани. Многумина не посакуваа, никој не не имаше, тоа ни беше кул. Недопирливи сме биле.
Н Е Д О С Т И Ж Н И! ! !

Шо има јас сега да слушам ти како си му го пушела бе?! Мене тоа не ме интересира, шо ме интересира сега ти дали си останала бремена и дали се секираш за тоа, да се секираше за тоа, немаше ко мрдната да се ебеш, ко последно да ти е. И да дозволиш тоа да ти се деси.
Трпи си последиците сега. Башка, не ми е другарка, па да ја слушам, ај да биде некоја блиска да ја осеќам, да имам нешо со неа... Ајде де...
Мене многу ме копкаше она, како можеше да се доверуваат на пред маса луѓе, да зборуваат за такви валкани работи, а да не ти се нишо.

И сфатив дека тие, пријателите ги имаат всушност од навика, само да се има некого у близина да те слуша... Не оти ги сакаат и нешо Ау, се потресуваат по нив... Воопшто не, тоа е навика само да ги гледаат секој ден, као шо прочитав низ коментари... И тие не се пријатели, не се поврзани, тие и да се скараат пример, налутат за нешто, они не би почувствувале некоја голема болка ради тоа и едноставно би си заминале, гордо и ќе си најдат некоја др будала.
Епа, јас неќам да бидам другата будала, а неќам ни да бидам, таа будала што ќе раскажува пред 50 луѓе, уше мик да ми даат, као сум спиела со него и дали док ме дупеѓе у гз ме тегнеше за коса или бил со мене сасвим романтичен... Прао да ви кажам.

Во реалноста некако сум поинаква, и кога зборувам многу, премногу, имам граница, а кога не ми се зборува, не зборувам ич. Молчам. Дури и кога многу ми се зборува молчам. И тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Patika and Artist

Artist

Истакнат Член
16 декември 2017
7
2
303
26
Имам познаници, пријатели за на кафе шетња ау бау. Со 2 бев блиска од средно уште се дружиме, од факултет имам три така "блиски" ама не ми се вистински, ќе исчезнат после дипломирање . Не е тоа што беше порано. Имав една блиска пријателка со која се дружевме над 10 години и фино лепо ме откачи за дечко со образложение дека сум била од корист со нејзе. Уште да дознаам шо корист сум имала од нејзе. Пари, моќ, слава знаење?! Ништо од тоа немаше ама нема везе. Сега ретко со кого сум толку блиска како што бев со неа. На дистанца сум со повеќето што ги знам. Не чувствувам голема потреба од нон стоп дружење пошто сум интроверт ама и има и такви моменти каде што едноставно би искочила со било кого. Добро сега не баш со било кого ама ете. Откако почнав да се "дружам" сама со себе почнав да се преиспитувам себе си, да се сакам што претходно беше реткост, почесто да читам книги, да се интересирам за нешта кои отсекогаш сакав да ги правам. Чекор по чекор почнав да созревам и да ги бришам лажните луѓе од мојот живот. Изгледа самотијата не е толку лоша работа како што ја претставуваат и многу често ја мешаат со осаменоста. Сума сумарум нема ниту еден човек кој нема ниту еден пријател макар и да е животно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

carica

Истакнат Член
9 јуни 2018
13
1
303
Мојот проблем е што секогаш ми завидувале,макар и во основно имав такви другарки ,не беа сите но загубив контакт заради далечината.Животот ми помина во преселби можи и заради тоа не остварив некоја група на пријатели .Во средно ги имав две знаев дека не ме сакаа ми копаа зад грб,всушност беа роднини,цело време бевме заедно и кога дојде време да одиме на факс јас пак го сменав градот и дознав се што ме озборувале полека полека ги избришав од мојот живот денес и да се најдиме не збораме.На факс со сите сум љубезна, ама некако сите се поделени во групи.Се дружам со 3 девојчиња меѓутоа не мислам дека ќе останеме во контакт после факултет.Затоа што се дружиме само на факс и некогаш на кафе.Имам и др.другарка веќе две години ама не мислма дека ми посакува добро секогаш како да се бори со мене ,ако јас имам нешто таа следнио ден мора да има дупло.Да можеби сум наивна повлечена и сето тоа придонесува ама едно сум сигурна дека јас немам лошо срце.Имаше моменти кога помислував ме мразат заради тоа што учам,сум поубава од нив можам да си дозволам што сакам,дури пробав да не се дотерувам толку со надеж дека ќе ме прифатат ама ништо не се смени.
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Не ми се верува дека постојат луѓе кои немаат пријатели..дефинитивно е кај нив нешто фелерот.
Имав, имам и ќе имам пријатели...јес дека се намалуваат, се проретчуваат, се менуваат, со стари се забораваме, стекнувам нови, но виновник е сегашниов никаков брз материјалистички живот....човек без човека не го бива...убаво е да се има со кого среќата да ја споделиш, тагата да ја олесниш, со кого да се насмееш, па и да се скараш малку, ништо страшно, добрите вистински пријатели брзо преминуваат преку расправиите.
Лоша работа е што денешниве пријателства се засноваат со математики, калкулации, корист, дволичност, па ти е страв да си ги кажеш сите тајни оти знаеш дека еден ден ќе бидат обелоденети оти и пријателството не е вечно...но, пак ке се повторам, човек без пријатели треба да се запраша каде греши:^)
 

Artist

Истакнат Член
16 декември 2017
7
2
303
26
Не ми се верува дека постојат луѓе кои немаат пријатели..дефинитивно е кај нив нешто фелерот.
Имав, имам и ќе имам пријатели...јес дека се намалуваат, се проретчуваат, се менуваат, со стари се забораваме, стекнувам нови, но виновник е сегашниов никаков брз материјалистички живот....човек без човека не го бива...убаво е да се има со кого среќата да ја споделиш, тагата да ја олесниш, со кого да се насмееш, па и да се скараш малку, ништо страшно, добрите вистински пријатели брзо преминуваат преку расправиите.
Лоша работа е што денешниве пријателства се засноваат со математики, калкулации, корист, дволичност, па ти е страв да си ги кажеш сите тајни оти знаеш дека еден ден ќе бидат обелоденети оти и пријателството не е вечно...но, пак ке се повторам, човек без пријатели треба да се запраша каде греши:^)

Ах мои драги екстроверти се прашувам зошто ли не можете да не разберете нас интровертите?
:giggle
Шала на страна па и точно е тоа дека не постојат луѓе "без пријатели" воопшто. Не можеме да кажеме дека на луѓето "без пријатели" им фали нешто. Од каде знаете дека тој или таа нема ама баш ниту еден пријател, а се што знаете за нив се нивното име и презиме и неколку озборувања?! Дури и да ги познавате лично и да ви кажале дека немаат ниту еден пријател можеби не се свесни дека ги имаат. Можеби имаат социјална анксиозност. Можеби поминуваат/поминале низ тежок период. Можеби едноставно така сакаат. Ние не сме in their boots за да знаеме со сигурност што се десило /дешава. За се постои причина! А ние сме секогаш тука за да судиме, зарем не?
На крај краева и не е толку страшно колку што драматизирате!
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Ах мои драги екстроверти се прашувам зошто ли не можете да не разберете нас интровертите?
:giggle
Шала на страна па и точно е тоа дека не постојат луѓе "без пријатели" воопшто. Не можеме да кажеме дека на луѓето "без пријатели" им фали нешто. Од каде знаете дека тој или таа нема ама баш ниту еден пријател, а се што знаете за нив се нивното име и презиме и неколку озборувања?! Дури и да ги познавате лично и да ви кажале дека немаат ниту еден пријател можеби не се свесни дека ги имаат. Можеби имаат социјална анксиозност. Можеби поминуваат/поминале низ тежок период. Можеби едноставно така сакаат. Ние не сме in their boots за да знаеме со сигурност што се десило /дешава. За се постои причина! А ние сме секогаш тука за да судиме, зарем не?
На крај краева и не е толку страшно колку што драматизирате!
Во право си, не е ништо страшно ако немаш пријатели..пих, голема работа:kafe
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Мене отсекогаш ми било тешко да најдам некој / некоја за дружење. Уште во детството ми се случија некои потешкотии. Јас бев таа која беше исмевана и дури и тепана од едно дете и од децата околу него. Девојчињата беа на нивна страна. И во средно продолжија проблемите. Тамо немаше тепање, туку само исмевање и груби шали на моја сметка. Некои се дружеа од корист и откако завршивме средно, нити сум се видела со некој од класот, ниту сум се чула. Не излагаме заедно (тие можеби си излагаат, ама јас никогаш не бев дел од нивното друштво и затоа не излагам со нив). Верувајте дека колку пати сум ги прашувала дали викендот што доаѓа ќе излагаат, а нивниот одговор беше: ,,незнам, ако излеземе ќе те викнеме“. Моја грешка беше што не најдов начин да запознаам други деца надвор од класот. Некако пасивна станав во таа смисла. Но децата си беа такви да озборуваат некого и да се дволични, нудат помош а после за помош ги нема.
Не се 100% некои луѓе виновни што немаат другар/другарка и пријател/пријателка. Некои едноставно не можат да прифатат дека не се сите луѓе исти како нив и дека си имаат поинаков начин на однесување (во смисла навики) и размислување. А и станале луѓето сурови, така што не треба да се префрла целосно вината на тој што нема другар/ другарка и пријател/ пријателка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 123456789deset and escape

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Вистинските на прсти се бројат.
Сите останати пријатели се од корист.
Како "стареам" така сум наклонета кон семејството.Знам дека во секое време имам кому да му се наслонам и кому да подадам рамо.
А луѓе изолирани од светот имаат некој проблем дефинитивно кој мора да го решат тие самите пред се'.Никој не сака да е осамен,да нема со кој да сподели проблем или среќа.
Обично разочараните луѓе се повлекуваат и запаѓаат во депресија во зачаран круг.Тука само психијатар и разговори помагаат.Но,за секој проблем има решение.Треба да излезат од конфор зоната и да почнат да живеат.