1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Луѓе без пријатели

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Marick14, 15 март 2012.

  1. TIGERWOMAN31SK

    TIGERWOMAN31SK Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 јули 2012
    Мислења:
    822
    Допаѓања:
    699
    јас си кажав еден ред интереси така да не ми се праи многу
     
  2. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Па за тоа треба да му се замери?
    Па фати си и ти,или ти кога ке си фатиш таа ке седи дома а ти ке правиш кејф на другарот.
    Од никогаш не ми биле јасни овие забелешки...јас ако сум добар пријател кога моја другарка би фатила дечко и би постапувала така нема да и замерам.
    Па зошто го фатила тој дечко,зарем да очекувам пак исто толка период да поминува со мене како претходно.
    Па кога ке го фати дечкото денот не и станува 36 саати па за да она има исто време за мене :) ова деца кога бевме да го мислевме вака ај,ама на зрели години. (think)
    Во овој случај Мортидо дали е млад или не,дефинитивно позрело размислување има изнесено,барем така мојот ум вели (nod)
     
  3. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    абе има пријатели што не сме се виделе со години бајаги, така да сепак држи она мојата теза
    25 години и 29 има разлика кога ќе дојдеш ќе видеш
    колку ќе си позрел од сега :)
    а тоа за недостигањето да и јас се слагам и мене не ми недостигаат али поентата ми беше дека го нема оној интензитет и жар како дружењењто во средношколските денови
     
  4. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    епа го нема тој жар дека сега сме позрели, нели? го немаме веќе тој адолесцентски памет. и тоа е сасвим нормална ствар.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    И одма мнозниството станаа психолози и увидоа дека таквите луѓе се со нарушено психичко здравје , несоцијални не ова не она..... Колку плитко.. Книгата не се осудува според корицата... Од кај би знаеле дали тој/таа не се дружи поради тоа што не сакаат ??? Многу злоба во луѓето, многу!
     
    На Artist, HAZARDER, Хоуп* и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    Изместен е светов бре коа рече еден професор демек факултетот е најубавото место за создавање на пријателства јас му возвратив со следново : Вистинските пријатели ќе си ги видиш после факултетот коа нема да ти ѕвонат за тестови , што е скратено , како се решава некоја задача или слично! Далеку од тоа дека на факултет ќе стекнеш пријатели прво веќе скоро сите си имат свои кругови кои тешко се пробиват нели на некого од нив мора да си им трн во око сеедно поради што и да е! Професотот ме погледна чудно и ми рече дека грешам , но се докажа спротивното ете ќе дипломирам им се јавив јас на некој со ете што сум имал подобар контакт но што ете нив никаде ги нема пак значи едноставно неможе секогаш само еден да попушта , а другиот да се дига во воздух и ти да си секогаш тука за нив, а коа тебе ти треба нешто никој да нема. Можеби е доцна за тоа но вртам страна колку ме ценат толку и ќе ги ценам и онака негледам дека постои некој кој и на 00,00 би дошол ако ми треба.
     
  7. freak

    freak Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    190
    Допаѓања:
    120
    Никогаш не би можела да ги разберам тие луѓе (worried)
    Можеби затоа што јас не можам да опстојам без пријатели, едноставно не можам нормално да функционирам без пријателска прегратка, па кафе, па зафрканции......... :cool:
     
  8. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Добро јас немам пријатели па што..
    Имам познаници за кафе, за муабет, за искачање.. Ама пријател ни еден. Пријателството за мене е света работа, сакам чиста-сродна душа за пријател. Сум грешела многу пати, сум избирала погрешни луѓе и се тоа ме научи дека не е битно колку луѓе имаш околу тебе, подобро да си сам него во друштво на лицемери и завидливи луѓе.
    Во едно пријателство многу давам и многу барам. Давам се, себеси, вистинската јас и моите чувства.. Ме злоупотребиле многу пати и сега за сега ми е најдобро сама.
    И тоа не ме издвојува од масата, немам не зошто не можам, него зошто не сакам!
     
    На Artist и JaMi им се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Достоевски има доста добра препорака за оние кои се жалат од своите пријатели.
    Крај краева,треба да сфатиме дека никој неможе со ништо да не повреди доколку ние самите некому не му го дозволиме тоа.
    Никој не е виновен доколку нашите очекувања не бидат исполнети.
    [​IMG]
     
    На Luckky, existence и JaMi им се допаѓа ова.
  10. Aleksis

    Aleksis Jukebox

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    1,440
    Допаѓања:
    2,539
    Јас верувам во вистинско пријателство.Е сеа, или сум премногу наивна или сум имала среќа.Не дека имам милион вистински пријатели, напротив имам само еден,сите други ги гледам како другари за излегување,за чет муабети ти реков ми рече,за друштво...
    Незнам дали би можела да се замислам сама без пријатели.Секогаш имам потреба од нив и секогаш ќе имам.Имам страв од самотија,и можеби затоа така се чувствувам на оваа тема.Мојот вистински пријател го гледам како моја сродна душа,моја подршка,мое рамо за плачење итн.
    Не ги осудувам луѓето без пријатели,уствари јас не верувам дека постојат такви.Сите си имаме барем една другарка/другар со кој/а комуцираме, се дружиме.Дури и да не сум во право на крај краева секој си го избира својот начин на живот...
     
    На Aquarius му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: