Луѓе без осет, досадии, крлежи, фластери

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
До сега само еден имам сретнато и на секаков начин се трудев да го откачам. За среќа ми успеа :giggle
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Знам како е... на фб лесно е апиар офлајн и крај а во живо или ќе и кажам да бара друга жртва или ќе измислам нешто да се извлечам..
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Другар ми , уффффффф - кажува нешто што никогаш не би ми привлекло внимание , кажува глупости (па после треба та се насмеам јас ,демек ми е смешно) , кога се слуша некоја песна која ја знае тој , мора да ја пее и тоа онака мисли дека пее професионално ,па го тегне текстот и го уништува ритамот , се закача прв па потоа сака дупло да вратии ....
Абе пијавицааа ... (facepalm)
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Ахх,секако дека ги има во мојот живот!Нив ги има насекаде во банка,на улица,во продавница и сл.Ги имам и јас околу мене...
Не ми пречат воопшто затоа што ми се ставени на игнор...И по природа сум многу стрплива,па им треба многу време за да ми дојдат преку глава!
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Ахх,секако дека ги има во мојот живот!Нив ги има насекаде во банка,на улица,во продавница и сл.Ги имам и јас околу мене...
Не ми пречат воопшто затоа што ми се ставени на игнор...И по природа сум многу стрплива,па им треба многу време за да ми дојдат преку глава!
ЈААААААААААААААС ЈАААААААААААААААААААААС ЈААААААААААААААААААААААААААААААС :frantic:rofl симпатичниот јаааас
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
има ама мојата анти-социјалност проработува во право време и ги нема!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Давењето е класика на просторите на балканот. Давителите се појавуваат во секакви форми, а географски и нема некоја голема разлика. Давителството е присутно на сите нивоа од животот. Бабетина од Ниш и бабетина од Ресен - ги прават истите досадни муабети на лица кои воопшто не ги интересира нивниот муабет. Значаен дел од давењето, освен семејно-комшиските односи е и политиката. Тука предничат пензионерите но прагот на давење со политика се спушта се пониско со секоја нова генерација. Така денес не би било чудно второоделенец да ги дави другарчињата со Гwуњо и Бwанко. Религиозните давители се релативно нова подгрупа, но се во брз пораст.
Трета категорија на давители се оние кои мислат дека нивните амбиции или скромни животни достигнувања се нешто за кое треба сите да знаат. Фактот дека спротивната страна е заинтересирана за тоа колку и мачка за тениски рекет - не ги замара многу.
Четврта категорија се давителите на тема секс и љубавни подвизи. Виреат се` повеќе а активни се и по виртуелниот свет. Претендираат на самиот врв на досадата. Најбизарна форма добиваат во вид на таксисти кои прашуваат `ебеш нешо брат, а?` или ако ве видат во радиус од 5 метри со женска особа почнуваат муабети за сексуални акти какви што виделе на јупорн. Безбедна зона за да се избегнат вакви муабети е 50м далечина помеѓу машко и женско.

Разбирам дека социјализацијата е нешто кое опфаќа и можност човек да си ги искаже маките. Но тоа не значи дека бабетина која продава кромид на пазар треба да ве дави со тоа како синот се женил за пачавра која му го сјебувала семејството или како некој лик кој дошол да наплати за кабловска приќењава за тоа како ќеркичката се фатила со монголоид, немала среќа да си најде фино дете и сето тоа. Искажувањето на маките треба да е во некој соодветен круг каде има обостран фидбек.

Ако некогаш балканот се преименува мислам дека Асфиксија би бил најсоодветен нов термин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis and MoonFairy

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сами сте си криви ако дозволувате да ве гњават.
Не велам дека то треба да се убие, ама треба да се зашамара и затвори зад седум изолирани врати.
Ме потсеќаат на оној вујкото Пекос од Том и Џери што и од под метла се слушаше како мумла дури не стигне до брк за гитарата.
Ако треба од култура да слушам постари луѓе со нивните мемоари а ла Кирчо и само да климам со глава, во ред, ама кон овие што самите си се центар на светот и чии глупави наводни проблеми не ме интересираат, знам да бидам арогантна ко тие што се досадни. Едноставно не сакам ликови што ја истураат сета своја битна појава на маса, само тие да кажат нешто, „јас, јас, јас...“, сите нивни дешавки се нај и имаат чиниш којзнае каков турбулентен живот. Чуму дружба, кога можам биографија да напишам од едно видување, кое обично е прво и последно, шуќур.
На интернет уште помалку ми чука за такви случаи, па само ги игнорирам зашто озбилно немам ни време, ни интерес да се занимавам со нечии приказни кога утре знам дека улица ќе пројдат само да не се поздрават.
Моите другар(к)и се едноставни и си имаат своја приватност која не ја наметнуваат секому под нос за малку внимание, и ко такви ми се доволни.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Најмногу не сакам луѓе оперирани од осет за време. Колку и интересен муабет да ти расправаат, ќе ти здосадат кога ќе ти го загазат денот.

а по примерот на Аутрајдер: викаш чистачка за дома, излегуваш пред зграда за да ја пречекаш и да и кажеш кај е станот.
Другиот ден те најдува таксистот што редовно ти климчи пред зграда со муабетот : абе те видов вчера онде со она, си подбоцнуваш ѓупчиња, аА?
Мама МИИААА! Што да му одговориш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider