1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Личен дневник

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од JaMi, 28 септември 2012.

  1. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,317
    Допаѓања:
    3,001
    Болна сум , една обична настинка ме успори. Два дена се обидувам во овие матерјали да им го фатам редот но споро ми оди. Секој ден правам напор да од ништо створам нешто. Не сакам некое признание, но неможам да слушам веќе како не требало ова, или она, како јас само напињам ...Добро де, куќата нека ти се распадне, нека змии шетаат а ти глеј си у таван...Ајде оди шетај, и онака само гужва ми праиш и ми одмагаш. Немам сили и за твојата негативна енергија. Да ти дадам игла да ме боцнеш , можеби ќе ме заболи, а можеби и ќе уживам...Човече што сакаш? Ми доаѓа да те изнатепам ...за прв пат некого да изнатепам од ќеиф...
     
    На Y1K991, Mameha и diva orhideja им се допаѓа ова.
  2. Mameha

    Mameha Староседелец

    Зачленет на:
    9 јуни 2013
    Мислења:
    364
    Допаѓања:
    814
    Вечерва се чуствувам грдо, речеси депресивно, ни сама не знам кога нема причина, некои бубачки мои пак почнаа да брчат....
    Утре е убав ден за мене, а јас сум како да одам на бојно поле..не се свајќам самата не пак друг да ме сфати....
    Како и да е, сепак е само момент, утре е долг, убав ден, а вечерва ќе се обидам барем малку да се релаксирам...музиката, книгата секогаш се тука, ако не друг...само и малку вино добро би ми дошло кога би било покрај мене...
     
    На Y1K991 и $3Я3|\||)&p&†Y им се допаѓа ова.
  3. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,863
    E ајде и јас да пишам нешто, одамна ме немало.

    Си помина уште еден убав ден, онака разладено фала богу, да се дише и да се спие малку нормално, си се прошетав со девојка ми, и си дојдов изнервиран дома.
    Зошто ?
    Затоа што мислев дека имам другари, кои што на крај испадна дека ги немам.
    Веќе месец и одозгора, нит ги има слушалка да кренат, нит да те викнат да испаднеш со нив. Си тераат кај сакаат, си излегуваат, к*р ги боли ти што правиш по дома и дали си сакал да испаднеш или не.
    Се разбира, тука е телефонот ако треба да се направи нешто на ПЦто, македонски фонт, да се преинсталира, да се среди некој кабел итн.
    Ама за излегување, зошто да се крене телефон, ехеееееее пари и пари се трошат на тие ѕвонењата.

    А изговорот ? „Знаеш каде сме, дојди“. Аха, исто како шо знаев денес дека ќе се прошетате до друг град.


    Толку за сега, друг пат повеќе.
     
    На Prashina и Mameha им се допаѓа ова.
  4. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Драг дневник, еве ме мене во недела,како и вообичаено...
    Прееска го испразнив малиот куфер,сега повторно се пакувам во малку поголем куфер за месец дена.
    Денес дојдов од пат,утре повторно на пат...
    Брзо ми поминува врмето,натака-навака,исполнето со патувања и обврски.
    Убаво ми дојде Италија,си ги наполнив батериите со убавини и позитивна енергија.
    Дојдов да ти пишам и да ти кажам дека не те заборавам, и сакам да ти кажам дека само едно нешто ми недостига а ти многу добро знаеш што е тоа.
    Те оставам дневниче до некоја наредна недела.
    Чекај ме ...
    :*
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Ми досади.
    Ми досади да се борам.Ми досади се.
    Едноставно сакам да оставам се како е.
    Да се опуштам.Да паднам и да лежам така,зјапајќи во небото.и таман кога сум се соживила со тоа опуштање,има некој глас во мене,кој баш во тоа ништоправење ќе ми шепне:
    Ајде!
    Време е да се крене!
    И пак.Од почеток до крај.Од А до Б до Ж и пак до А,никад Ш.
    Уморна сум.Би ги склопила очите и би сакала да се разбудам за едно два месеца.Ќе напишев година,ама ептен многу ќе пропуштам.
    Ми досади да изгледам силна,а во себе секоја секунда да крепам нови сили,да се собирам повторно и повторно.
    Поекогаш си недостигам таква каква бев.Баш таква.
    Знам дека нема да бидам никогаш повеќе истата.Ќе бидам многу подобра верзија од она што некогаш бев,хехе.
    Сакав да кажам..зошто мора да бидам фина и пријатна кога не ми е до тоа?
    Зошто би морала да ја сокривам нервозата во одредени ситуации?
    Зошто не може да се исплачам кога ми е до плачење и да се смеам до бесвест кога ми е до смеење?
    Зошто би морала да бидам избалансирана?
    Секогаш иста.Такви се овие германциве.Секогаш исти.Озбилни.Без смисла заааа...живот.
    Ми досади.Се.Ама баш се.
    И тој ми досади и неговите глупави погледи.И сивиот костум и глупата колешка која од Скопје го знае само Битпазар па вика не и се свиѓало во Скопје.Циганка од Мк.со германски пасош.Ми вика:
    Ти македонка си?
    Да и викам.
    Од каде си?
    Од Скопје.
    И јас сум македонка.
    Знаеш македонски?пак јас.
    Не,само цигански..ми одговара.
    Супер.Барем е искрена.Како тогаш е македонка,кога е циганка и не знае маледонски?
    И ми досади.И таа и дечко и од Алексинац(мислам така се вика град во Србија)со кој ме тупи цело време и колата што ја добила од свекрвата иииии..ми треба одмор.Сама,без никој.
    Одам.
     
    #555 Lena, 7 август 2014
    Последна промена: 8 август 2014
    На Mameha, malo и Y1K991 им се допаѓа ова.
  6. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Се молам само за сила,внатрешна сила и храброст да го направам оној еден неизбежен чекор понатака.
    Да го направам она вистинското.
    Колку е и дали е вистинско,ќе покаже времето.
    .....
     
    На Prashina, JaMi, malo и уште 1 член му се допаѓа ова.
  7. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Понекогаш размислуваме премногу.Барем јас така.Едно банално нешто го разгледувам од сите страни и ќошиња,ќе го отворам и распарчам се додека не остане ништо од сето тоа.
    И кога ќе се откажам си доаѓа решението само од себе.
    Чудно нели?
    Чудно е како функционира универзумот во нас.
    Бурни денови со многу паѓања и станувања.
    Онака навидум без врска но со поука.
    Предавањата ми успеваат се подобро и подобро.
    Скоро и заборавив дека имав социјална фобија.
    Сигурноста и самодовербата ми се враќаат полека но сигурно и се појасно ми е каде и што сакам.
    Некои стари шеми ме мачат сеуште,но и на тоа ќе му дојде крајот.
    Тој..успевам да не му обрнувам внимание.И некако чинам ја губи моќта над мене.
    Успевам да останам присебна кога е во моја близина иако изгледа како некое совршенство.Изгледа...ебено добро.Како да е извајан од рацете на Микеланџело и така неверојатно силно ме влече кон себе со својата харизма и рокерскиот bad boy стил.
    Но има време и за тоа.
    Интересно е што запознавам луѓе кои се на истиот пат како и јас.И полесно ми е да знам дека не сум сама.Дека не сум само јас таа со проблемите.
    ....and she's buying a stairway to heaven..
    Слушнав..среќата е во непознатото.
    Така ќе да е.
     
    #557 Lena, 19 август 2014
    Последна промена: 19 август 2014
    На MoonFairy, Mystique и malo им се допаѓа ова.
  8. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,317
    Допаѓања:
    3,001
    E moe prijatelce.Ne sum ti ni devojka ni zena taka da se odnesuvas. Prijatelite se konstantni,ne moze denes prijatel utre poznanik pa posle pak prijatel. Eden e mojot lik za prijateli a drug za poznanici.Za prijatelite sekojdnevno se grizam i niv gi nemam mnogu.A poznanici kolku sakas odat ,doagaat i pak odat. Ako bese prijatel ke znaese kolku denovive bese potreben. A za poznanik dovolen si, odlicen. Ti si go biras mestoto a jas samo ja ispolnuvam tvojata zelba a moja pogresna procenka.

    Sent from my GT-S6500D using Tapatalk 2
     
    На MoonFairy, Lena и malo им се допаѓа ова.
  9. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,615
    Допаѓања:
    5,688
    Здраво дневнику..
    Ноќва ја минувам на балкон.Покрај мене полна пепељара цигари,чаша вино и тишината која само ветрот ја разнесува.
    Но ми годи и ветрот и тишината и мојата осаменост,дури и студот не ми пречи што е чудно зошто сум многу зимурлива по природа.
    Размислувам за се што ми се случи последниве неколку месеци,анализирам,ми се враќаат некои сенки и духови од минатото,си отварам стари рани кои страшно болат...и се уништувам,веќе не се препознавам,не сум ни половина од онаа која некогаш бев.Уствари баш тоа е проблемот,што уште се рани,незацелени,само навидум залечени.Но ќе заздрават знам,на добар пат сум,се повеќе сум силна и се надевам дека за некое време ќе останат само лузни на нивното место.Тој ден кога спомените ќе измамат само насмевка кај мене а не солза,тој ден кога ќе влезам во пораки и ќе читам без да чувствувам како се грчи секој дел од мене,тој ден кога нема да имам веќе никаква емоција за него и ќе ми се врати мирот кој го изгубив ...тој ден ќе биде второ раѓање за мене.
    И време е за тоа после толку умирања.
    Во моментов и уличните светла згаснаа,не паметам кога било вака мрачно,но ќе продолжам да седам,најверојатно и ќе ме раздени тука.
     
    #559 violetmoon, 25 август 2014
    Последна промена: 25 август 2014
    На MoonFairy и Prashina им се допаѓа ова.
  10. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Дали е една личност вредна да би и дозволила да носи решенија кои
    јас треба да ги донесам?
    Го живеам ли тогаш сопствениот живот или живеам туѓа замисла на тоа како мојот живот треба да изгледа?
    До кога ќе бегам од донесување одлуки?
    До кога ќе се плашам од грешки?
    До кога само ќе го ставам сопствениот живот во туѓи раце?
    Знам дека се додека не мрднам од таа точка еден чекор понатака нема да бидам господарка на својот живот.
    Добро знам да се контролирам,луѓето го ценат тоа(иако мислењата на другите одамна не ми се важни),некој позитивен feedback кој го добив деновиве.Ги знам своите граници затоа што знам каде и во кој момент да ги поставам.
    Но дали е потребно да дозволам некој друг да ме контролира и да ги црта и обележува моите граници?
    Не.
    И нема да го дозволам тоа.
    Знам кога летам и кога е време да се приземјам и знам каде сакам.Никој повеќе нема да меша прсти во моите одлуки.
    Па макар направила грешка.Ќе биде тоа добро размислена грешка,чии последици ми се сосем јасни и спремна сум да делувам.
    А што ако не биде вистинското?
    Нема да знам ако не пробам нели?
    Само храброст ми треба.
    Само тоа.
     
    На MoonFairy, Electra, Prashina и уште 1 член му се допаѓа ова.

Сподели: