1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Личен дневник

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од JaMi, 28 септември 2012.

  1. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Соба полна луѓе кои јавале погрешен коњ.
    Се прашувам некогаш како е да живееш во толку огорчен свет во своја глава...и не, не ми е јасно.
    Никогаш не ги здоболеле твоите порази...
    Не се радувале на твоите победи...
    Не се обиделе да разберат што се крие позади насмевката, ниту од каде тага...
    Никогаш не ја виделе твојата убавина...
    Ако не најдат зло во тебе...ќе го измислат.
    Се навикнале да живеат во својот црно бел свет и џабе им црташ виножита. Сѐ што некогаш ќе видат во тебе, е само нивниот одраз.
    Луѓе ... Дигнав раце од таквите, што заради себе, што заради нив.
    Сѐ е подготвено, нова постела од кал не чека, надеж нема, се нуди верба по пониска цена. Last minute offer..? Нека, фала.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Знам дека не ме разбираш и јас не се разбирам. Најверојатно повторно ќе те повредам. И ти ќе ме повредиш. И ќе се вратам секогаш кога и ти. Знаеш зошто? Зошто успеваш да ги отуѓиш сите во твојот живот. Па, јас останувам. Сакаш да знаеш зошто сум бунтовна, горчлива и обична? Сакаш да знаеш што ми се случи? Ти. Ти ми се случи. Прифаќам сѐ. Зошто ми е вредно. Зошто ми значиш. Зошто те сакам. И не одам никаде.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Ме погледна, како да има нешто вредно за гледање. Реков: Заборави, илузија е, сенка на она што имало некогаш...сѐ е потрошено, сѐ однесоа.
     
  4. Ananas

    Ananas Полноправен Член

    Зачленет на:
    14 јануари 2019
    Мислења:
    66
    Допаѓања:
    22
    ... самотија... Бар да бев VIP
     
  5. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Немам веќе пасија за нешто, ниту изговор да се извадам за ништо, немам ниту збор кој би ме извадил од стариот добар колосек, одам таму каде ќе ме дувне ветрот. Некако чудно ми е ова време, како некое исчекување дека ќе се случи нешто ново, а старо е сѐ, денот, ноќта, истите заспивања, истите талкања од почеток до кригла пиво добро испотена.Така ти е тоа кога и ќошот од некоја соба ти е доволен за мирно доба. Ќе излажам ако речам дека сум осамен, има толку многу луѓе околу мене, чиниш периметарот им е математичка грешка. Да не го дрвам повеќе и онака е секогаш надрвен, ми се спие, сонам некои чудни сништа со големи порти кои не се затвораат и еден старец со бела коса кој постојано ме напнува, на работа ми велат свети Петар сака нешто да ти каже, а јас им велам нека е кој и да било само татко ми да не е, со чизма ме порасна, онаа од ЈНА со штрафови одоздола. Ми се спие и сум благодарен ако се разбудам, добра ноќ на сите и инвестирајте во најдоброто во вас, нека е и черга со која ќе покриете бездомник, Ве сакам сите какви што сте.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,317
    Допаѓања:
    3,001
    Ima period vo koj stignuvas poleka no sigurno koga nisto ne te dopira, ni radosta ni tagata, ni zborot ni molcenjeto. Ednostavno se podgotvuvas za patot koj koga togas ke treba da go odis. Gi zavrshuvas rabotite ili gi priveduvas kon kraj, da si gi podsredis. I go gledas zivotot I se vo nego so rozovi ochila, so blagodarnost na sekoe novo utro.
    Na rabotite na koi si se zalel ili ti smetale im priogjas so shega, zasto sfakas I da se zalis nema sto da smenis ni komu mu e gajle za tebe. Stanuvas ist ko masata, se davas proporcionalno na odgovorot koj go dobivas. Veke vo ochite na drugite gledas samo zgasnati iskri dodeka zgasnuvas.
    Sonot stanuva podobrata realnost od denot.
     
    На Iris*, İncognito и Ballet is my life им се допаѓа ова.
  7. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Окован со религиозни уверувања, морални принципи...пригушен глас, потиснат, закопан длабоко во детето во тебе, додека не исчезнеш, додека не станеш своја сопствена сенка и веќе не се препознаваш. Багажот е одамна изгубен, а ти стоиш до темното дрво на сопственото несвесно и се плашиш да продолжиш понатаму. Премногу е темно, премногу опасно, надежта се распаѓа, прозорците шкрипат и можностите играат криенка.
    Но искра е доволна, прегратка, кожа на кожа, да ја растрга маглата на времето, да ги видиш уште еднаш истите приказни кои те пораснале предвреме, грозни тетоважи на душата, те носат пак до она дрво, но веќе не е толку страшно, не боли како кога се пишувале.
    Се подигнуваш и од срцето на коските се потсетуваш, се имаш себе... Видот ти се избиструва, мирисот е пофин, се препознаваш на површина. Лечејќи го ранетиот инстинкт, задржувајќи го тоа што си го научил, да кажеш гласно што сакаш, без да се свртиш на другата страна, со безгранична и мистична отпорност, да останеш тоа што си.
     
    На İncognito и Хептаграм XI им се допаѓа ова.
  8. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,618
    Допаѓања:
    5,689
    Дишам, живеам, чувствувам, мирисам, допирам....тука сум и уживам до максимум во секој миг.
    Животот е дар, го сакам, го сакам раното утринско кафе додека спие останатиот свет, го сакам мирисот на јоргован кој ми ги дразни ноздрите секој ден кога минувам по мојата ми улица, го сакам нежното летно ветре врз лицето додека седам на балкон потпевнувајќи некоја мелодија, сакам се. Со насмевка ја милувам секоја капка дожд врз кожава, жар во очиве налик сонца во нив, жед за живот, страшна крволочна жед е тоа, и убаво е. Сите тие слатки блиц прегратки во денот ги прифаќам со широко срце и ги чувам во него, исцелителни се од вистинските луѓе покрај мене. Дури и работава која едно време ми стана досадна сега со елан ја работам.
    Една година откако се разбудив, една голема моја победа, и не можам да бидам посреќна.
    И ништо повеќе не барам...само здравје и мир во душава, доволно е, мене ми е.
    Ти благодарам Господе.
     
    На Prashina, Iris* и Ananas им се допаѓа ова.
  9. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Ќе прашаш: Како си?
    Велам: Ок сум.- со насмевка. Иако вистината може да биде едното или другото, сѐ освен она што навистина е. Освен фактот дека секој е сам, зошто секој прави онака како што му одговара само нему, сѐ друго е супер. Сите зборуваат- никој не слуша, сите навредуваат- никој не размислува. Без трпение и мир, може ли да се пронајде причина во среќа или во научена лекција?
    Ноќта станува сѐ помрачна и за момент сите ќе бидеме за уште малку подалечни. Но можеби утре би можеле, да се разбудиме малку поинакви, за малку поблиски. Можеби утре би можеле да отидеме за чекор понапред, заедно.
    Јас имам еден малечок камен во џебот, да изградам мир таму каде што го нема. Ја носам со себе мојата надеж, мојот мал камен, со сета негова тежина...може еден ден ќе се одмори....малиот камен, ќе се одмори.
     
    На İncognito и Prashina им се допаѓа ова.

Сподели: