Личен дневник

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Што мислите за личните дневници ?
Дали сте меѓу тие кои водат личен дневник,ако да на кој начин го пишувате (електронски или во тефтер со катанче),дали ги опишувате сите детали од денот,или можеби водите само љубовен дневик.Каде го чувате?Дали сте го дале на некој да го прочита или некој случајно налетал на него и го прочитал?!
Притоа еве тема(простор и место)за оние кои што сакаат да си напишат како си го поминале денот,можеби без многу детали со евитирање на приватните моменти .
toshbook7.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што мислам? Папир све трпи. И треба да трпи. Мора да има некоја рашрафена дизна, иначе сите ќе потиснуваме све у себе и ќе пукаме ко меури од сапуница. Некој пишуваат детално, други со изрази полни метафори. Луѓето не се сигурни во денешно време. Секоја информација поверена на друг е потенцијална закана твојот душевен интимен живот да биде тема за разговор во друштвото.

Е сеа субјективно како постапувам. Прозни ствари каде ликовите се измислени но местата не. Премногу креативност бара тоа кај мене. Повеќе се приврзувам кон душевното и тоа како тие ликови се чувствуваат отколку кон она каде, што, и како постапуваат.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Што мислите за личните дневници ?
Дали сте меѓу тие кои водат личен дневник,ако да на кој начин го пишувате (електронски или во тефтер со катанче),дали ги опишувате сите детали од денот,или можеби водите само љубовен дневик.Каде го чувате?Дали сте го дале на некој да го прочита или некој случајно налетал на него и го прочитал?!
toshbook7.jpg
Личниот дневник го пишувам со години, исклучиво во тефтер со катанче или од оние споменари што ги собирав како малечка. Најчесто ги искажувам моите чувства и емоции, моите желби, поплаки и слично. Опишувам детали само ако ми се случило нешто важно тој ден. Го менувам местото секој пат за да не можат да го најдат моиве дома. Овој последниов никому му го немам дадено, а онака тешко дека ќе налетаат на него да го прочитаат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Кога полнев 10 години мајка ми, ми подари тефтер, со кожни корици и катанче со впишување шифра, уште ја паметам шифрата „2282“. Не многу долго пред да ми го подари тефтерот јас гледав филм со водење дневник. Не би можел сега конкретно да се сетам на насловот од филмот но знам дека тематиката беше, читање на дневникот и притоа илустрирање на моментите кои се запишани таму. Тоа ми направи тежок филм.
Кога ми го подари тефтерот веднаш знаев за што намена ќе го искористам. Чкртав детски и невини реченици побрзани со настаните од цел мој ден. Со тек на време ми стана навика. Пред спиење да посветам барем 40 минути за да го раскажам сиот ден(а ако не се случило ништо важно само да напишам како сум се чуствувал).
Сакам да кажам од тогаш ретко кога прескокнувам да не запишам ништо. Имаше неколку периоди од по 2-3 месеци кога престанував да пишувам, но се’ некако повторно ме враќаше назад.
Сега веќе не сакам да престанам. Бидејќи хартијата, и „другарот“ како што го нарекувам додека пишувам нема да ми се налутат и нема да ги повредам со ниту една реченица, а од душава сепак ќе ми излезе.
Сега за сега, понекогаш и’ давам да прочита на жена ми, ако почне да инсистира без престан. Исто така сестра ми често знаеше додека бевме помали да ми направи урнебес во соба само за да го најде и да прочита.
А планирам, некогаш многу напред во иднината да ги оставам сите тефтери(дневници) да им останат во наследство на децава.
И кога сме кај тоа каде го чувам, порано го чував во кутија од патики полна со весници- на дното.
Сега го чувам на втората полица со книги во спална...
А останатите „дневници“ се поредени во сталажа во подрум.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Извадок од мојот личен дневник од летото 2002 :)

....
Денес излеговме да играме на ледина. Бевме јас, Петело, Србо и Мариоецо. ИграФме фудбал и едно време Србо го удри Петело за да му ја земи топката. Петело успешно се одбрани и пуцна (шутираше по скопски) покрај голот. Србо му рече нешто на Петело и Петело го фати за врат и му рече:
-Или 5:0 или те скршив од мавање, пи*ка ти мајчина....!
...

Дневници ко дневници, сум пробал да пишувам дневник, ама сум се откажал :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Јас водев дневник ко помала,еднаш моите ми го најдоа и ми се изнасмеаа после(го искинав) :giggle после водев во едно мало споменарче пишував со ситни букви за да неможат да прочитаат но по неколку години кога го најдов го прочитав, се изнасмеав на пишаното и го искинав...чувам само еден дневник кој го пишувавме со најдобрата другарка.Не пишувам дневници со години а ниту имам намера,некогаш ако напишам нешто на лист хартија после тоа одма го кинам за да не прочита никој ... :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Здраво дневник. Сефте од мене.

Слушна?! Си купивме по една нова рубикова коцка со нубот (читај |o$y(|-|0$0(|@l ) и си се испотивме во автобусите без клима. Немам предавања денес па сум си слободен. И уште нешто да се пофалам де...си купив и футрола за телефонот. Не ми е многу по мерак, ама нема да ја носам на изложби па. Ајде нека е колку да не го изгребам.

Си симнав и нова музика и немам седнато да ја преслушам. Тоа дневник значи дека следниве неколку дена ќе преслушувам нешто што досега не сум слушнал. Морам да признаам дека сум малку радосен поради тоа затоа што цело лето слушав нешто што го преслушав одамна, вака се враќам во нормала.

Но има една работа која што ме гризе и ме јади одвнатре. Не знам да го опишам тоа чувство затоа што е многу измешано...Чувствувам дека следниов период ќе ми биде поминат во јад и тага, во омраза кон себе и својот гаден карактер. Знам дека е тешко некој да издржи подолго време со мене, но не можам да се сменам драстично. Кога и да пробам да сменам нешто кај мене секогаш завршува неуспешно и некој е повреден.

Доста е за денес. Се читаме другпат.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Мил мој дневнику,ја испратив мојата Џени ,сега сум во соба под јорганче се мрзнам,односно се обидувам да се стоплам...друштво ми прави музиката која ме релаксира многу...(hug) мозок на пасење...:sreken