Лицемерие

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Искрено мислам дека врска немаш шо зборуваш. И зборуваш напамет колку да одбраниш став во кој ни самиот не веруваш стопостотно, а уште помалку го применуваш.
Искрено мислам дека си тврдоглаво магаре кое не прифаќа туѓи гледишта, наметнувајќи го своето.
Искрено мислам дека не си ти крив шо толку ти делиле, јбг, судбина.
Ова е моето најискрено мислење за тебе.
Ти пречи? Многу? Малку? Најмалку? Ич?

Да ти кажам право не ми пречи твоето мислење за мене и ти благодарам за комплиментите.:kafe
Она што ми пречи е што лошо си ме разбрала во моите намери. Никогаш, ама никогаш не сум сакал да ѓи наметнам моите размислувања, единствено што сакам со моите постови е да ѓи подтикнам читателите да излезат од своите сигурни и безбедни дувла и да почнат да ја разгледуваат и истражуваат околината, да ги пронајдат недостатоците и апсурдностите на истата и да се обидат да ја променат кон подобро.
Искрено жалам што не сум успеал кај тебе, но јас ќе продолжам да се обидувам.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

Е да си ми здрав и жив.
Зошто не ми одговори со сурова искреност?
Зошто си љубезен со мене кога заслужувам да ми одговориш со иста мера?

Види, тоа што го зборуваш, не дека нема логика, ама ако сите настојуваме да бидеме искрени до крајност и ако прифатиме дека лицемерието навистина не ни е потребно, тогаш муабетите би ни биле како тој мојот муабет погоре (кој патем речено, не е тоа што навистина го мислам).

И ај отвори ја темата за имањето или немањето на избор. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

:):):)

Најде ли во мојот исказ некаква неискреност?
Види убеден сум во тврдењето дека нема еден свет за кој сите толку веруваме дека е еден,туку секој си живее во свој единствен. И кој сум јас да го судам, навредувам, критикувам и да ти ја нарушам хармонијата во твојот, зарем го имам тоа право? Можеби го имам но избирам да го почитувам како таков.
 
Па еве вака:
Велиш - „Да ти кажам право не ми пречи твоето мислење за мене и ти благодарам за комплиментите“. А јас дрско те навредив. Навистина навредите ги сфаќаш како комплименти?
Се воздржа да возвратиш безобразно. Во ниеден миг не ти дојде да одговориш барем малку безобразно?

А оваи твои реченици „Види убеден сум во тврдењето дека нема еден свет за кој сите толку веруваме дека е еден,туку секој си живее во свој единствен. И кој сум јас да го судам, навредувам, критикувам и да ти ја нарушам хармонијата во твојот, зарем го имам тоа право?“ се всушност поентата за која зборуваме цело време. :)
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Па еве вака:
Велиш - „Да ти кажам право не ми пречи твоето мислење за мене и ти благодарам за комплиментите“. А јас дрско те навредив. Навистина навредите ги сфаќаш како комплименти?
Се воздржа да возвратиш безобразно. Во ниеден миг не ти дојде да одговориш барем малку безобразно?

А овие твои реченици „Види убеден сум во тврдењето дека нема еден свет за кој сите толку веруваме дека е еден,туку секој си живее во свој единствен. И кој сум јас да го судам, навредувам, критикувам и да ти ја нарушам хармонијата во твојот, зарем го имам тоа право?“ се всушност поентата за која зборуваме цело време. :)

:kafe
Благодарноста за комплиментите беше мал сарказам така да...
А за воздршката да ти вратам со иста мера можам само да кажам дека тие навреди се веродостојни и важни единствено во твојот свет (подоцна се покажа дека и не се), но тоа не значи дека се веродостојни во мојот, дури и 7 милјарди светови да се убедени во веродостојноста на тие навреди пак не се важни и веродостојни во мојот, што значи се губи причината да ти вратам безобразно и со иста мера.
 
Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Опкружени сме со лицемерие, па и самите сме лицемери во одредени случаеви.
Колку пати ќе донесеме вакви одлуки во животот за да ублажиме одредени ситуации? Уште колку вештачки насмевки ќе поделиме со цел да го зачуваме нашиот, но и мирот на останатите?
Дали станавме злобни и правиме лице кај ќе стигнеме или тоа е цената на нашиот живот во цивилизација, па мора да правиме баланс за да успееме да функционираме во морето на мравки? Можам да кажам дека намногу опстануваат лицемерите.
Вработениот кој најслатко ќе се смее и најпотчинето ќе кимнува со главата пред желбите на останатите е оној кој најдолго ќе опстане. Девојката која ќе премолчи за новиот демоде фустан на другарката, нејзините вишок килограми и погрешниот избор на дечковци ќе биде онаа која ќе има најголем број на пријателки. Партнерката која ќе му кажува на дечкото кооолку многу го сака, а зад грб го изневерува при првиот флерт со некој тип, ќе биде најсаканата.Внуката која еднаш безволно во денот ќе и се јави на баба си ќе добие најголем џепарлак............... Лицемерието како да стана начин на функционирање...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
:kafe
Благодарноста за комплиментите беше мал сарказам така да...
А за воздршката да ти вратам со иста мера можам само да кажам дека тие навреди се веродостојни и важни единствено во твојот свет (подоцна се покажа дека и не се), но тоа не значи дека се веродостојни во мојот, дури и 7 милјарди светови да се убедени во веродостојноста на тие навреди пак не се важни и веродостојни во мојот, што значи се губи причината да ти вратам безобразно и со иста мера.
Жими тебе ме умори. Се вртиме во круг.
Замисли предизвик - еден ден да не изречеш ниту една најситна лага, ни со добра ни со лоша намера. Еден ден да ја немаш опцијата да бидеш лицемерен, дури ни во најслаба нијанса. Еден ден да го кажуваш апсолутно прецизно тоа што го мислиш. Ќе издржиш? Колку луѓе ќе повредиш беспотребно ако навистина успееш да го исполниш предизвикот?
Нели имаше еден филм, мислам со Џим Кери беше, кога не смееше да лаже цел еден ден, ти текнува? Со малиот син негов? Не се сеќавам на насловот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She

Liar liar се вика филмот.
Невозможно е да се изведе таков предизвик, барем не сега во ова време во кое што ние живееме. Апсурдно е и безпотребно да ги повредиме најблиските и луѓето што ни значат. Но кога луѓето не би ја сватиле таа вистина лично, ами како една друга перспектива, еден нов поглед на работите, тогаш новата перспектива би им дала нови опции за успех и среќа.
пример: чисто хипотетички што ако јас сум вљубен во тебе и кога не би било лицемерието тогаш јас ќе знаев дека единствена пречка за да бидам со тебе е тоа што сум тврдоглаво магаре(во случајов да речеме дека е само тоа). Така да без лицемерието се појавува една дополнителна опција за мене. Опција, ако сакам да бидам со тебе морам да променам карактерна особина кај мене, односно да престанам да бидам тврдоглаво магаре.
упс, ми мириса на нова тема :)
 
Види, кога не би ги сфаќале работите лично, кога не би ми значело дали сум паметна или смотана, дали сум писмена или неписмена, дали сум ваква или таква, како тогаш ќе се поттикнам себе да одам чекор понапред и да си ги предизвикам способностите?
Не можеш да ги разделуваш човечките карактеристики како потребни и непотребни. Не можеш да кажеш дека црното не ни е потребно, оти белото е прекрасно. Како јас ќе знам што е бело и какво е белото и колку е прекрасно белото, ако не знам што и какво е црното, ако го немам црното?
А тоа што лицемерието постои како опција, не значи дека нема да дознаеш дека пречката е тоа што си тврдоглаво магаре. Само значи дека ќе дознаеш на малку посуптилен начин. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми and kones

Не велам апсолутно сите мислењата, критиките итн. да ѓи отфрлиш на друѓите луѓе ако не се согласууваат со твоето мислење или ти штетат на некој начин, ами просто да ѓи видиш, анализираш и на крај да одлучиш дали ќе ѓи прифатиш или не, дали ќе продолжиш по истиот пат или ќе го смениш патот. Но доколку тие мислења, критики итн. бидат лажни односно лицемерни тогаш одлуката дали да ѓи прифатиш или не ќе ти биде нереална и неоснована. А во случај да ѓи прифатиш, а истите да бидат лажни, тогаш патот по кој одиш ке ти биде нереален односно ќе живееш во илузија.
Се разбира дека не можам да ги разделам човечките особини на потребни и не потребни. И имаш убаво објаснување зошто. Но јас лично избирам да ги отфрлам или изменам оние за кои сметам дека му штетат на човештвото во глобала или на мене лично како единка.
Природата не ме надарила со апсолутна способност секогаш да успеам да прочитам меѓу редови. И во случаевите кога нема да успеам да ја прочитам пораката тогаш истата го губи своето влијание и значење.