Лицемерие

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Почнавме да дискутираме на оваа тема во темата добрина со Реми, затоа нема да давам објаснување туку ќе ги постирам досегашните наши размислувања.

Реми:
Види, лицемерие е нужна работа во светов.
Ако не постои нешто такво, единствена и остварлива можност е да се случи нетрпеливост, отворена омраза до крајност на војна.
Поголемиот дел од луѓето треба да го сфатат тоа. На малкумина им е јасно дека нешто како утопија не постои. Дека правење добри работи и давање на услуги за фидбек не е секогаш од срце или од вонземјанска љубов.
Барем не на земјава.

Затоа разбирам зошто луѓето не се подготвени да се соочат со отворена и искажана критика. Погоре е опишано која е последицата од тоа.
Сите сакаме да оставиме убав впечаток на ист број луѓе колку што познаваме. Сакаме за нас и нашите ставови најдобро и највисоко мислење. Од нашата гледна, животна точка сметаме дека нашите ставови се најдобри. Во спротивно ако не сметаме, зошто би ги избрале и би верувале дека со помош на нив создаваме подобра иднина за нас?
Затоа е лудост дека сите останати ќе се согласат со нас и ќе бидат општоодобрено прифатени.
Различни луѓе, различни мислења.
И никако со муабети "јас го/ја познавам, сите за неа/него имаат добро мислење". Мy ass.

Принципот на работење со нематеријални услуги е потребен за успешни односи со јавност и други луѓе.​
Затоа лицемерието е истакнато во овој сегмент од животот.​
И не е лоша особина, напротив.​
Отворено напаѓање на туѓи идеали, како металот е добар, се останато е шунд (најпросо објасување) или лоша фризура во лош ден (коментар да докрајчиш расположение на близок) е безчуствителност.​
Сите сакаме бели лаги - лицемерност во мали дози.
За сметка на тоа даваме услуга на ист начин. Сеедно дали е тоа подарок, возвратена насмевка или услуга. Не причинува штета на учесниците.
На пример, запрашајте се колку пати сте биле на роденден кај ваша пријател/ка од средно или детство со подарок кој верувам дека е купен од учтивост и симпатии за делење на некогашно детство, но не е со ист ентизетет на емоции и интерес кога купувате за вашите сегашни најмили?

Понатаму,
Куртоазија - или служење со лицемерност.
Служење кое е општоодобрено и прифатено од мнозинство.
Исто како шефот со кој не се слагаме во многу погледи на приватно или на деловно поле.
Но пронаоѓаме компромис, создаваме и се допираме онаму каде што може. Онаму каде што се разделуваат заеднички интереси, преоѓаме на мут.

И ќе биде пријатно до моментот кога некој од куртоазија ќе почне да живее за тоа - читај ќе лиже гз.
Останатиот ќе се претвори во себичен трол и ќе експлотира гага услуги и уживање во туѓото лижење гз.

kones:
Се слагама дека лицемерето е еден вид амортизатор на суровоста во светот во кој живееме, дека внесува малку боја во црнобелиот свет, дека е неопходен за да функционира една единка во деловниот и приватниот живот, но од друга страна пак е извор на тага, мизерија, разочараност итн., во смисла кога на некој/а би му дале комплимент за неговата интелегенција, способност, убавина итн., а не го мислиме истото, ние креираме лажна представа за него/нејзе, и кога таа иста личност би се нашла во ситуцаја во која е убедена дека успешно може да ја помине, направи итн. суровата реалност ќе ја нокаутира и следуваат тие негативни емоции, што не би било случај кога би се кажало вистина.

Реми:
Верувам дека во 21 век луѓе поседуваат огледало и секојдневно "фрлаат" поглед. Така што секој здраворазумски човек е свесен за свои маани и доблести, затоа се излишни туѓи подметнувања со коментари и "мачкање на очи" за некого да натераме да верува во свои супер моќи.

Сериозно, ако сметаш дека имаш голем нос, ист како Гаргамел, дали нечие ласкање ќе го смали за некој сантим?
Или можеби кога се триеш меѓу нозе, како последица на многу сало, нечиј комплимент ќе те натера да помислиш дека си во топ форма?

Верувам дека не. Исто кај многумина. Напротив личноста која подметнува такви ефтини финти ќе стане одбивна и ќе прекине комуникација.

Но дали комплимент во тежок и напорен ден за коса, фризура колку и да е обично направена, ќе расположи близок, ќе изнуди насмевка?
Дали за некогашни спомени кои денес се со мал или речиси непостоечки интензитет за создавање, односно дружба и комуникација, вреди да не се почитува и залиже со мече од Џамбо или некој друг сувернир - пепелник на пример?

Лицемерие напоменав е позитивно работа во мали количини, исто што и љубомора, пиење итн.
Не постои црно бел свет. Постојат црно-бели работи, зависно од нивната примена, така и ги карактеризираме - добри или лоши.

Доволно сме офтопик. Повели отвори тема, таму ќе продолжиме со дискусија.
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Јас мислам дека ниту еден здраворазумски човек е способен да си ја осознае големината на својот гаргамелски нос, затоашто токму општеството односно околината ѓи диктира стандартите за убавината на носот(ова со носот го земам како пример), а не самите ние, дури и според нас да имаме совршен нос кога не би бил одобрен од околината џабе е. Жална човечка вистина е дека 24 часа во денот бараме одобрување од другите и секоја лага која допира до нас креира една изопачена реалност.
Јас лично си ја поштувам филозофијата на толтеките, односно филозофијата на дедо му на дон Мигел Руис дека не постои вечен конфликт меѓу доброто и лошото, ами вечен конфликт меѓу лагата и вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина

Општество диктира правила, нуди избори. Крајна одлука е наша дали ќе сакаме гаргамелски нос или ќе бираме убав и мал.
Јбг. Понуда - побарувачка.
Ако се навратам на суштина од темава, еве и суштинско прашање:

Зашто кога ви е потребна преодна оцена на факултет, глумите финоќа кај најнеомилениот професор?
Зошто не му речете дека по ваши критериуми е глуп и неспособен за предавање и наместо да збори, мрмља, но сепак поради комплиментиве е должен да ви даде оцена кога ви фали бод/бод ипол за прелазна?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

чек сега, ова твоево објаснување на примерот со носот ми е збунувачко.
Поентата на Реми ми е јасна и се согласувам со неа.
Ова што ти го потенцираш за убавината, поточно дефинирањето на убавината како таква во однос на стандардите кои владеат во околината, шо има врска со лицемерието?
Да, точно е дека стандардите ги прави мнозинството според некаков си критериум, ама пак морам да прашам, шо има врска со лицемерието?
Оти јас можеби си ја доживувам убавината на свој начин, според свои стандарди, кои ете да речеме пример, се тотално спротивни од стандардите на околината. Односно она што за тебе е грдо, за мене е убаво. Понатака, еве личноста со споменатиот нос, доаѓа и ме прашува - Каков е мојот нос? Јас, според своите стандарди за убавина, го гледам како убав и му велам - Твојот нос е убав. И сега што? Тоа треба да значи дека сум лицемерна?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми and Avona Vi

Еве каде е проблемот во разграничување и остарување рамнотежа.

Нос
Злобно - Да му речеш некому дека му е голем и неподнослив (знаеш дека е вистина според општествени стандарди за убавина, кои масовно се шират како рак и глупаво е да го изнесеш гласно ваквото размислување пред човек, кому му е комплекс).
Лицемерие - Да знаеш дека му е комплекс и да му речеш дека му е најубав иако може да сече бурек со истиот.
Рамнотежа - Саканиот да ти рече дека е свесен за твојот комплекс и без разлика на големината на носот, тој за него претставува најубав.
Благо лицемерие - Се однесуваш како да нема голем нос, но затоа има убава коса која крие клемпави уши и ја потенцираш за другиот да се почуствува опуштено во твое друштво. Резулат - Убава комуникација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Општество диктира правила, нуди избори. Крајна одлука е наша дали ќе сакаме гаргамелски нос или ќе бираме убав и мал.
Јбг. Понуда - побарувачка.
Ако се навратам на суштина од темава, еве и суштинско прашање:

Зашто кога ви е потребна преодна оцена на факултет, глумите финоќа кај најнеомилениот професор?
Зошто не му речете дека по ваши критериуми е глуп и неспособен за предавање и наместо да збори, мрмља, но сепак поради комплиментиве е должен да ви даде оцена кога ви фали бод/бод ипол за прелазна?

Општеството диктира правила-да, а дека нуди избор не. Изборот е илузија создаден помеѓу оние кои имаат моќ и оние кои немаат.
Одговор на прашањата: страв или отсуство на храброст.:)
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Општеството диктира правила-да, а дека нуди избор не. Изборот е илузија создаден помеѓу оние кои имаат моќ и оние кои немаат.
Одговор на прашањата: страв или отсуство на храброст.:)

Убаво е да цитираш мислења на "великани" кои најчесто се толкувани мал милион пати, во различи теми, на различен начин. Избор постои, како не? Имаш понуда на рок, метал, транс, рап и нешто измеѓу?
Бираш? -Да

Избор меѓу плава, црна, смеѓа или со прамени?
Бираш? -Да.

Избор меѓу доктор, адвокат, учител или електричар?
Бираш? - Да

Изборот е резултат на слободна волја. Кој е тој мајчин да заузда 7 милијарди слободни волји чиј број расте од ден за ден?

Како ќе отераш препоставен по ѓаволите, кога од истиот зависиш? Твоја иднина, твој просперитет?
Зошто тука лицемерноста е карактеризирана како лоша? Или "мал" број студенти утврдиле дека за сопствено добро е подобро да бидеш лицемерен, наместо директен?

*Уште една случајна тема за дискусија. Постои ли избор или не?
 
:kafeза новата тема :)

Ама да се вратиме на нашата. Јас тотално се согласувам со принципите и поделбите за лицемерието кои ги прилагаш. Свесен сум дека функционираат во нашиот свет и свесен сум дека тешко на оној кој нема да ги прилага, зошто ќе се соочи со суровите последици и пред се значително ќе си го улесни патот кон среќата, успехот и срцата на ближените ако ги прилага.
Но она што мене ме мачи и пречи е тоа што луѓето премногу лично ја сваќаат вистината. На пример: "леле Гаргамел колкав ти е носот, леб да сечиш со него":) -Гарѓи паѓа во депресија и ѓи брка штрумфовите:rofl:rofl:rofl
Реалноста е таа, секој си има право на свое мислење, мајката природа не прави такви какви што сме, грешката е што тие мислења и разлики не засегаат нас лично и патиме поради нив. Зарем Гарги сакал да има толкав нос за сите да го исмејуваат? Реално имал ли избор за тоа каков нос ќе има? Дури и да имал можност за избор, го направил најдобриот што можел во тој моментот. Затоа апсолутно нема потреба да патиме поради суровата вистина.
Е сега знаејки го гореспоменатиот пример со Гарги, мислам дека суровата вистина ѓи губи негативните последици кои произлегуваат од неа, а би живеале во многу пореален и повистинит свет одколку сега и лицемерието би било излишно.
 
Искрено мислам дека врска немаш шо зборуваш. И зборуваш напамет колку да одбраниш став во кој ни самиот не веруваш стопостотно, а уште помалку го применуваш.
Искрено мислам дека си тврдоглаво магаре кое не прифаќа туѓи гледишта, наметнувајќи го своето.
Искрено мислам дека не си ти крив шо толку ти делиле, јбг, судбина.
Ова е моето најискрено мислење за тебе.
Ти пречи? Многу? Малку? Најмалку? Ич?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence