Лимонада

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Лимонада со сируп од рузмарин


За сирупот
- 150 гр шеќер
- 6 лажички вода
- 2 долги гранчиња рузмарин
За лимонадата
- 250 мл сок од лимон или лимета
- 1л + 250 мл вода (може и газирана минерална)

Подготовка
  1. Во мало тенџерче ставете ги шеќерот, шесте лажички вода и гранките рузмарин и оставете да зовријат. Варете додека шеќерот сосема не се стопи. Потоа оставете го сирупот сосема да се излади, исцедете и тргнете ги гранчињата рузмарин.
  2. Исцедете го лимоновиот сок, сипајте во поголем бокал и додадете го изладениот сируп. Додадете и исечкани тркалца лимон и мраз и украсете со гранчиња рузмарин
  3. Ако сакате алкохолна варијанта, оваа лимонада можете да ја послужите со вотка или џин.



Лимонада со ванила


За сирупот
- 250 гр шеќер
- 60 мл мед
- 2 ќесички ванила
- 300 мл лимонов сок
- 2 л вода

Подготовка
Направете сируп од водата, шеќерот, медот и ванилата. Кога ќе почне да врие варете ги уште 5 минути, па оставете да се излади. Додајте го сирупот во лимоновиот сок.



Лимонада со праска

Состојки
- неколку поголеми праски
- 750 мл вода
- 250 мл сок од лимон
- 90 гр шеќер

Подготовка
1. Ставете ги праските во блендер и процесирајте додека не добиете фина смеса. Одвојте 250 мл од смесата, а остатокот сипете го во коцки за правење мраз и замрзнете ги.
2. Измешајте ги водата, шеќерот и лимоновиот сок и додадете ја 250-те мл смеса. Сето тоа добро промешајте го, додадете ги замрзнатите коцки и послужете.

60641743.jpg
www.karmakasha.mk
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Обожавам лимонада, најчесто си правам со еден или два лимона 2-3 мали лажички шеќер и ладна вода.

Подолго време сакам да го пробам овој рецепт


P.S. сега почна да ми се пие лимонада, ах стрит чик (punch)
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29

И овој е добар, но природно си е природно :D

Кога веќе зборуваме за летото и летните горештини сигурно лимонадата често ја среќавате низ чаршиите, слаткарниците и рестораните, a нејзиниот кислекаст вкус ја прави идеална во вашите очи. Но, дали сте се запрашале дали таа е добра и како влијае на здравјето? За среќа овој пат ние имаме позитивен одговор и ве советуваме да ја конзумирате секогаш кога сте жедни и кога чувствувате потреба за освежување, а еве и поконкретно зошто...
За лимонот и неговите здравствени придобивки имаме веќе пишувано и нема повторно да ве потсетуваме колку е здрав и добредојден за човековото тело. Лимонадата може да има уште поголеми придобивки и од самиот лимон, но под услов истата да биде направена од лимонов сок. Внимавајте, многу лимонади се направени од хемиски состојки кои не содржат лимон односно имаат само арома на лимон, тие се штетни, а некои од нив можат да бидат дури и канцерогени. Затоа, во придобивките од лимонадата кои ќе ги наброиме подолу, мислиме исклучиво на природната лимонада која е направена од лимонов сок.

Лимонадата е пријател на вашата кожа

Лимонадата добиена од свеж сок од лимон е богата со витамин Ц и други важни состојки кои ја одржуваат вашата кожа свежа и витална и го успоруваат процесот на стареење.

Лимонада за свеж и пријатен здив и здрава уста


Лимонадата го освежува здивот, ги уништува бактериите во устата и создава пријатен здив. Исто така таа може да ја смири забоболката и болката на непцето, при што е потполно здрава за вашата уста и јазик.

Лимонада против воспаленија на грлото


Лимонот е познат по своите антибактериски особини. Затоа лимонадата има способност да ги смирува воспаленијата на грлото. Пијте лимонада од свежо исцеден лимон секогаш кога имате воспалено грло.

Лимонада против вишок на килограми


Доколку уште додадете млака вода и мед, лимонадата е идеална за губење на килограмите. Нема за ова многу да дискутираме ќе оставиме самите да пробате и да се уверите.

Лимонадата го штити срцето и крвните садови


Лимонадата прави чуда кај луѓето кои патат од хипертензија т.е. зголемен крвен притисок. Лимонадата го штити срцето и ги ублажува срцевите тегоби, па затоа е идеална за лицата со кардиоваскуларни проблеми кои треба да ја конзумираат особено во летниот период.

Понатаму треба да споменеме и дека лимонадата е одличен рехидратор на телото за време на летните горештини. Веруваме дека причините зошто лимонадата е добра за здравјето се повеќе од доволни.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Сок од ценден портокал и лимонада се права ствар,за лето најосвежителни и најздрави пијалоци (y)
Iced+cold+lemonade.jpg
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Абе каква ти лимонада со праска со гомца со ова со она..се знае лимонада - цедиш 2-3 лимони ставаш пола чаша вода, малку шеќер и чао! :sreken
tumblr_lvwx4o11rp1r2ad7vo1_400.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marcello and Badgirl

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Лимонада со сируп од рузмарин


За сирупот
- 150 гр шеќер
- 6 лажички вода
- 2 долги гранчиња рузмарин
За лимонадата
- 250 мл сок од лимон или лимета
- 1л + 250 мл вода (може и газирана минерална)

Подготовка
  1. Во мало тенџерче ставете ги шеќерот, шесте лажички вода и гранките рузмарин и оставете да зовријат. Варете додека шеќерот сосема не се стопи. Потоа оставете го сирупот сосема да се излади, исцедете и тргнете ги гранчињата рузмарин.
  2. Исцедете го лимоновиот сок, сипајте во поголем бокал и додадете го изладениот сируп. Додадете и исечкани тркалца лимон и мраз и украсете со гранчиња рузмарин
  3. Ако сакате алкохолна варијанта, оваа лимонада можете да ја послужите со вотка или џин.



Лимонада со ванила


За сирупот
- 250 гр шеќер
- 60 мл мед
- 2 ќесички ванила
- 300 мл лимонов сок
- 2 л вода

Подготовка
Направете сируп од водата, шеќерот, медот и ванилата. Кога ќе почне да врие варете ги уште 5 минути, па оставете да се излади. Додајте го сирупот во лимоновиот сок.



Лимонада со праска

Состојки
- неколку поголеми праски
- 750 мл вода
- 250 мл сок од лимон
- 90 гр шеќер

Подготовка
1. Ставете ги праските во блендер и процесирајте додека не добиете фина смеса. Одвојте 250 мл од смесата, а остатокот сипете го во коцки за правење мраз и замрзнете ги.
2. Измешајте ги водата, шеќерот и лимоновиот сок и додадете ја 250-те мл смеса. Сето тоа добро промешајте го, додадете ги замрзнатите коцки и послужете.

Отвори ја прикачената датотека 9287
www.karmakasha.mk

Го имаш направено овој со ванилата, за да ми кажеш како испаднал? Сакам да пробам да го направам.

Не, не го имам пробано сеуште, ми се видоја интересни зато ги постирав тука :). Ако го пробаш ти да не известиш :)

Ќе го пробам и ќе ве исвестам како поминало. Иначе обожавам лимунади. Оваа со ванила ми се виде како најинтересна па сакам неа да ја пробам. Ако знаеш уште некои постирај ги, може ќе се предомислам..

Лимонада со ванила


За сирупот
- 250 гр шеќер
- 60 мл мед
- 2 ќесички ванила
- 300 мл лимонов сок
- 2 л вода

Подготовка
Направете сируп од водата, шеќерот, медот и ванилата. Кога ќе почне да врие варете ги уште 5 минути, па оставете да се излади. Додајте го сирупот во лимоновиот сок.

Отвори ја прикачената датотека 9287
www.karmakasha.mk

Ме интересира дали за ванилата, треба да купам ванилин шеќер или постои и само како ванила во прав?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Го имаш направено овој со ванилата, за да ми кажеш како испаднал? Сакам да пробам да го направам.
Не, не го имам пробано сеуште, ми се видоја интересни зато ги постирав тука :). Ако го пробаш ти да не известиш :)

Marick14 мислам дека ванилин шеќер вршит работа..... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14