Лилит, Адам и Ева

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
п.с.Остај тоа книгите како е според кабала,мистицизам и што уште не,све е во тебе.;)
Термините на кои се однесува темава произлегуваат од овие правци, затоа коментирав во таа насока, а за лично што претставува некому, е друга работа, тоа е субјективно.

Што се однесува до времето, тоа е дел од создавањето, но тоа ниту раѓа нешто, ниту јаде нешто, тоа е последица а не причина. Ако го сметаш времето за ентитет кој те обликува, значи дека си се идентификувал со минливото...со искуствата, наместо со со тоа што искусува. Си почнал да го гледаш како сениште кое те следи и се обидуваш да се ослободиш од него, несваќајќи дека е само твоја сенка.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ќе удрам едно само-цитирање, бидејќи сеуште стојам на овој став:

И пак за Лилит (а всушност се дрдори за жената насекаде)! Не очекувајте христијанските мистици отворено да ја бранат жената и нејзиното место ДО мажот, не зад него!
Влезот на Храмот стои секогаш на два столба! Ако едниот е наназад, што ќе добиеме?Секогаш отворено ќе се вели Марија пречиста е примерот, задскриено ќе се зборува за жената дека треба да е како Ева, а всушност тајните езотериски кругови секогаш ќе ја водат жената да биде како Лилит! Самостојна, божествена, к***а, мајка - како и е волја!
Марија, Ева, Лилит е концепт на троделната божица на пример кај Грците! Видете ги „Грчки митови“ од Грејвс, ја има во Табернакул!

LYLYTh или Ламед Јуд Ламед Јуд Тав е ФОРМУЛА! 480 е бројот на таа Жена! Ако сакате и потаинствен број: LVII ! Седнете малку гематрија! Малку еврејски пракси - онака напразно муабетиме и философираме - ништо не е точно!

За да одгатнеш за Лилит, ќе се свртиш кон еврејските текстови, не вакви сказни кој што бирал и како!
Да ти објаснувам за петте делови на душата според евреите? Ајде најдобро сами да си истражите, да не ви мудрувам.. ќе треба да ви прераскажувам и се ќе испадне сказна! :)
Не е паметно да се зборува за работи кои не се знаат... седнете и учете од оригиналните извори за Лилит! Не зборувајте туѓинци што раскажуваат и толкуваат како ќе им текне без да имаат увид барем малку во основите на еврејската традиција! Не бидете такви!

И за да научиш за буквите, барем малку од малку како профан, види тука за нивното значење (не е апсолутно, постојат други малку попрактични значења)! Можеби ќе ти се поклопи нешто и да ти е не толку споредбено. И можеби LYLYTh не е жена на ADM ; што ако го разделиш DM или дам значи КРВ! Алеф е голема тајна која не се раскажува... :)

Така да твоето споредбено и контекст зависи од знаењето кое ти е дадено да го имаш!
И Шекина е женски принцип! Некои велат и поеќе од Богот кој го преставува бидејќи без Шекина, не постои божествена присутност, нема да постои богот, ќе биде загубен!

И така, тоа имам за Лилит, за понатаму ќе треба и јас да раскажувам философски сказни и да измислувам философии :)

Христијанското толкување на еврејскиот закон значи касапење на оригиналната порака дадена кон секој поединец од тој еон. Така да, мислам дека треба да почнете да учите. :)
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Термините на кои се однесува темава произлегуваат од овие правци, затоа коментирав во таа насока, а за лично што претставува некому, е друга работа, тоа е субјективно.

Што се однесува до времето, тоа е дел од создавањето, но тоа ниту раѓа нешто, ниту јаде нешто, тоа е последица а не причина. Ако го сметаш времето за ентитет кој те обликува, значи дека си се идентификувал со минливото...со искуствата, наместо со со тоа што искусува. Си почнал да го гледаш како сениште кое те следи и се обидуваш да се ослободиш од него, несваќајќи дека е само твоја сенка.
И тие правци на кој се повикуваш произлегле од нечие лично видување,па не се "друга работа и субјективни".

Ако времето не јаде ништо,дали постои она детенце во тебе од пред повеќе години или покажи ми го старецот кој допрва треба да се роди.:kafe
Лилит и другите личности во духовното гледање се нешта кои човек не ги гледа,а ги доживува како време,мисли,љубов,гнев,периодите од своето постоење опфатени од раѓање до умирање и на сите тие давале лик и некоја улога составувајќи приказна која била пренесувана прво усмено,а после и се запишувале.
Приказните делувале застрашувачки и обратно милни за слушање предивикувајќи емотивна реакција која остава печат ,кој преку сопствени доживувања даваат простор за споредба,за одбивност и привлечност создвајќи два спротиставени света во човекот.
Сите култури како да зборат за едно исто ,но со различно преставување,како на пример троглавото куче кој исто така преставува време,но поделено со главите на минатото,сегашноста и иднината кои го застрашуваат човек и го касаат.Тој е чувар пред вратата,помини ако можеш преку него.(muscle)

Сепак зошто да биде толку едноставно кога може сложено,а тоа сложено да биде достапно само за избрани поединци ,членови на тајни групи,егоисти,а вушност се многу едноставни работи кој ги доживува секој човек,но никогаш не размислува за нив бидејќи сегашноста му е направена толку силна и реална што за неа е врзан (врзани се мислите).:(
Ако не веруваш ај размислувај како старец или како дете,можеш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Кабалата е далеку од само "лично видување". Тоа не се нечии размисли или толкувања, луѓето кои ја создале таа симболика вложиле огромен труд медитирајќи и навлегувајќи во суштината на нивното битие, за да ја откријат природата на поврзаноста на истото тоа битие со се останато.
Без тоа осознавање, кое толку често се спомнува во овие теми, симболиката е безвредна. Што ќе мислиш, што ќе претпоставуваш, што ќе препознаваш во неа....сето тоа нема врска со вистинското значење на таа симболика. И тоа не е никаков егоизам или елитизам, како што го претставуваш, едноставно тоа е состојба - искуство која треба да се постигне, за да се Разбере суштината на тие симболи.
И да, времето не јаде ништо, малото дете или старецот кој допрва треба да дојдат, се "сеништата" за кој зборував, се додека се идентификуваш со последицата - искуството, нема да сватиш дека ти си "Тоа" што искусува, а "Тоа" е причинителот на последицата наречена време.
 
Arhangel Uril

Нов член
10 декември 2013
18
5
3
32
Skopje
Ќе удрам едно само-цитирање, бидејќи сеуште стојам на овој став:

Христијанското толкување на еврејскиот закон значи касапење на оригиналната порака дадена кон секој поединец од тој еон. Така да, мислам дека треба да почнете да учите. :)

само не ми е јасно зошто не раскажеш ... мене навистина ме интересира.. баш сакам да знам од душа која била Лилит. (ако сакаш нормално) :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
“Look not so deeply into words and letters; for this Mystery hath been hidden by the Alchemists. Compose the sevenfold into a fourfold regimen; and when thou hast understood thou mayest make symbols; but by playing child's games with symbols thou shalt never understand.”
Aleister Crowley, The Vision and the Voice
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
зошто баш тебе да ти го докажам?

Бидејќи ја обвини дека тоа што таа го напишала се зборови од пеколот (најискрено дури го рече тоа) и рече дека може и да го докажеш тоа!
Значи, повели докажи ни како тоа нејзините зборови се размисли (најискрено) од пеколот!
Да не бидеме тролови со половина уста речени работи!
Ајде, повели, докажувај машко! И јас сакам да видам докази штом веќе можеш да ни докажеш...
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
зошто баш тебе да ти го докажам?

Никој не бараше некаков доказ,самиот си напишал дека можеш да докажеш дека ова:

“I dissolve the
illusion of
the illusion
I am your ancient energies
your erotic knowing
and your sensual truth”

се зборови на пеколот.
Кога веќе нудиш доказ,би било интересно да се прочитаат искуства.
За тој на небото пекол мислиш или??
(think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI