1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Летни музички фестивали

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Selma, 4 јуни 2012.

  1. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    1. EXIT се одржува секоај година од формирањето во 2000година. Високото реноме на организаторите годинава им помогна да соберат извонредна екипа изведувачи, меѓу кои најзвучни се: Guns ‘n Roses, Duran Duran, Plan B, Avicii, Erykah Badu и многу други. Се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад од 12 до 15 јули. Редовната цена за една влезница е 3.650 денари, а може да се купи и еднодневна влезница која чини околу 2.000 денари. За околу 6.000 денари може да се следат буквално сите настани.
    2. Hideout. На јадранскиот остров Паг се наоѓа прекрасната плажа Зрче за која многумина сметаат дека ја надминува убавината и забавата што ја нуди Ибица. Во рамките на фестивалот Hideoutгостуваат многу диџеи кои прават дива денска и ноќна журка на плажата и на сплавовите. Влезниците се доста скапи, за трите дена од 29 јуни до 1 јули надминуваат 120 евра, но и покрај тоа за летово сите се веќе распродадени.
    3. Fresh Island. Со завршувањето на Hideout нема да престане фестивалската атмосфера на Зрче. На 5 јули почнува фестивалот Fresh Island каде што доминираат имиња од хип-хоп музиката, како Nas и Eve. Билетите се доста поеvтини од Hideout, со цена од 40 евра за трите дена.
    4. Spirit of Burgas. Иако првото издание беше во 2009 година, најпознатиот летен фестивал на брегот на Црното Море веќе ги привлекува младите од цела Европа. Благодарение на медиумската поддршка од MTV, годинава меѓу другите ќе настапат и Armin van Buuren, Korn и Richie Hawtin. Ако сакате да се препуштите на еуфоријата и на духот на Бургас, треба да бидете таму од 3 до 5 август со најмалку 30 евра в џеб за еднодневна влезница, додека тридневната чини 100 евра.
    5. INmusic Festival. Овогодишното издание на фестивалот INmusic ќе се одржи од 28 до 30 јуни. На сцената на Островот на хрватската младост на езерото Јарун во Загреб ќе се појават еден куп афирмирани имиња како Franz Ferdinand, Mando Diao, The Cranberries, Plan B и многу други. Цените за влезниците се движат од 50 евра нагоре.
    6. Rockwave Festival Локацијата на фестивалот Rockwave е во Малакаса, на неколку километри оддалеченост од Атина. За тридневната влезница во износ од 85 евра во периодот од 30 јуни до 2 јули, во живо ќе можете да ги видите Ozzy Osbourne, Iggy Pop and Tthe Stooges, Paradise Lost, Machine Head, The Prodigy и други.
    7. Elevation Music Festival.Звучните имиња кои ќе се појават на сцената во Софија се Sean Paul, Cypress Hill, Kosheen, Fatboy Slim, Erykah Badu и Breakbot ветуваат една од најдобрите забави на Балканот за летото 2012. Elevation Music Festival се одржува од 22 до 24 јуни, а задоволството да се следи чини 50 евра.
    8. Rock ‘n Coke.фестивалот Rock ‘n Coke се одржува секоја година кон крајот на август и почетокот на септември во Истанбул. Организаторите сè уште немаат објавено детали за овогодишното издание, но имајќи предвид дека минатите неколку години тука настапиле Linkin Park, Travis, The Prodigy, Moby, Limp Bizkit, Franz Ferdinand, The Smashing Pumpkins, Muse, The Cure, може да се очекува дека и годинава за цената од 60 евра ќе се добие фантастична забава.
    9. The Garden Festival и Electric Elephant се два сосема различни фестивали, но поради сличната програма и фактот што се одржуваат еден по друг во Задар, може да се купи една карта и за двата фестивали која чини нешто под 200 евра. Билет за секој фестивал поединечно чини 110 евра. The Garden Festival ќе започне на 4 јули и ќе трае до 11 јули, додека петдневниот Electric Elephant започнува веќе следниот ден на 12 јули. Се пушта главно електронска музика.
    10. Soundwave Music Festival ќе се одржи за време на викендот од 20 до 22 јули во малото далматинско гратче Тисно, во близина на Шибеник. Иако редовната цена на влезниците се движи околу 130 евра, жителите на поранешна Југославија имаат можност да ги купат по повластена цена од 80 евра. Помеѓу изведувачите на овогодишносто издание се De La Soul, Fink, DJ Yoda, Craig Charles и многу други.
    Сте биле ели на некои од овие музички фестивали?
    ДАли оваа година ќе посетите некој?
    Јас досега не сум била на ваков музички фестивал, а баш сакам.
    извор: kafepauza.mk
     
    На The Tramp, Caci, Gemini и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Сакам годинава да одам на Green Beach Festival - Охрид..валјда убаво ќе биде :)
     
  3. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    И Слаткар такоџе...
    Наеднаш фестивалов ми доби смисла|-(

    Рок енд Коук...ја би, да се измешам у толпата таму(smoke)
    А можеби, и ќе го изреализирам тоа...У секој случај Thumbs up!(y)
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Не сум бил на вакви фестивали. Ни годинава нема да одам, а баш би сакал на EXIT, за GNR и Avicii, и на Rock 'n Coke, за Muse. :)
     
  5. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    вакво нешо нема во Македонија......
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Во Македонија само Баскер фест. :biggrin
     
  7. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    мислев кај шо има некои.....интернационалци......ѕвезди.......
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Она Балканика (избор за најдобра песна на Балканот) во Софија кога беше?

    Мислам дека летно време беше негде.
     
  9. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Епа има интернационалци бе :zelen
     
  10. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    има......не велам не...ама не е то шо треба :)
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: