Леден предизвик - ALS Ice Bucket Challenge

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Видела жабата како го потковуваат коњот па и она кренала нога.Дали сето ова што го гледаме на големо по интернет,на телевизии,е да се сврти вниманието на јавноста за оболените од оваа, нажалост неизлечива болест,амиотрофична латерална склероза,или е акција за самопромоција,да бидат во тренд?!Светски звезди масовно се полеваат со ладна вода и снимките веднаш ги закачуваат на друштвените мрежи и наводно уплаќаат пари на сметка на здружението на оболените од оваа болест.Треба ли луѓето да прават циркус во виртуелниот свет за да покажат дека се хумани?Во Македонија има многу оболени од оваа болест АЛС,но до ден денес никој не ги запрашал дали нешто им треба,да се формира некоја фондација,ниту пак ги прашале КАКО СТЕ !Што ке биде наредна забава за експонирање,полевање со кофа песок? Што мислите за оваа "акција"?Дали ви се допаѓа ваков начин за прибирање парични средства?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како жити мајка утврди дека во Македонија има многу заболени од АЛС? Пошто нели екстремно ретка болест е, Македонија има многу заболени.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Де де, ко кој знае што да прават. Само се полеваат со кофа вода со мраз, ништо повеќе. Воопшто не прават будали од себе, едноставно тоа е еден мал гест кој треба да биде забавен за гледачите и да поттикне интерес за повеќе информации поврзани за таа болест и секако, донирање пари за да се започнат истражувања во потрага на лек.

Еве едно видео каде што момче заболено од таа болест објаснува некои работи:


Мене искрено, интересна ми е целата работа. Преку мал гест човештвото дава голема помош. Жал ми е за луѓето кои се заболени од таа болест, мислам дека не постои полоша пострашна болест на планетата. Токму поради таа причина целиот овој предизвик е толку успешен и се прошири низ светот за толку кратко време. Иначе, вака се одвива целата работа: позната личност е номинирана од друга личност да го направи предизвикот; таа номинирана личност има 24 часа да го изведе предизвикот; отткако ќе го прифати (повеќето го прифаќаат), го прави предизвикот со кој автоматски следи донирање на пари (искрено, верувам дека донираат познатите) и потоа тој номинира други личности (најчесто 3) кои сака да го направат предизвикот.

Еве едно клипче компилација со celebrity ice bucket challenge:

 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Ретко кој во МК го сфаќа ова..повеќе мој врсници го прават ова за забава а малку кој знај за што всушност е АЛС :) Ама тое шема муе веќе.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
не ми се допаѓа само тоа што некои сето ова ко првата ради забава
најзначајно и најдоброе што во целава работа цел свет дозна што е тоа АЛС
и пари успат ќе се соберат низ донации
 

ristabukvalista

Нов член
2 септември 2014
5
3
3
38
Да, а и поради промоција. Баш ме интересира дали Заев и Груевки ке се полиат, мислам дека беа предизвикани :frantic
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Да, а и поради промоција. Баш ме интересира дали Заев и Груевки ке се полиат, мислам дека беа предизвикани :frantic
Mислам дека нема да го направат тоа полевање.не им е потребно на нив сензација и бламирање во јавност,и така имаат премногу.