Новиве ми се ужасно лоши и не смешни, дури и досадни се со вицови од пред 5 години. Затоа не ги ни пратам редовно да не си скршам сваќање за добар хумор од К-15 што беа порано. Бар за мене тоа е од кога почнаа па до 2000-2001 додека идеа на А1 и малце почетокот на Сител и после веќе за'рѓаа и се изгуби шмекот. А старите редовно ги гледам и секогаш слатко до солзи се смеам... Особено долгометражните, со штрајковите, каубојци и индијанци, духот на тито коа им бара 100 000 марки за да си иде, партија кога прават. Тоа е здрав и оргинален хумор кој и после толку години сеуште за многу работи може да се рече дека е актуелен. Бапчо е незаменилив лик, тој стариот со белата коса што замара и е смешен само зашто вергла нешто без врска. А денес се мизерија, па овие новиве ликови се све само не смешни, лош, неоргинален (бар не од рангот на тоа што беа) хумор.